Подемот на вештачката интелигенција

Член од
13 април 2021
Мислења
3.432
Поени од реакции
11.286
Како ја одреди вредноста не можам да разберам? На компјутер дај му пристап до база со зборови, што сакаш ќе ти генерира, без ти да размислуваш. И сериозно бе дискутираме дека уметноста не може да се замени? Најшироката гранка каде што буквално се може да е уметност нема да биде заменета, ок. Еве баленсијага сега направи ташна од ќеса за ѓубре и тоа е мода, ќе се плати 150 илјади евра, ама ова затоа што од компјутер е генерирано не е уметност. Дај барем да бидеме сериозни у дискусииве...
Како ја одредив вредноста?
Креативност, идеја, напорна работа за да дојдеш до реализација на истата!

Не е уметност тоа што АИ то со една функција ќе направи уметничко дело, уметност е тоа што ти како поединец си потрошил доволно време за да го создадеш цртежот и да ја реализираш твојата идеја. :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.530
Поени од реакции
29.057

Не знам дали си забележала, ама живееме во свет каде што времето се цени повеќе од се, и натаму движиме во кратење на време потребно за да се изврши една работа.
Хирург ваљда ако е способен да изврши операција за 1 час, а на другите им се потребни 2-3 часа, сигурно нема другиве да земат поголема плата? Јас во мојата струка зимам Х плата затоа што за 8 часа можам да извршам х3 таскови од одредена група на луѓе. Ама има друга група што зима х2 од мене затоа што па тие работат побрзо и подобро од мене.
Не знаев дека потрошеното залудно време се цени.
Не е потребно да работиш напорно туку паметно. Креативност се програмира и кај АИ системи.
 
Се цени способноста на едно лице свесно да им ги пренесува на другите чувствата и искуствата што ги доживеал. Се цени идејата, се цени креативноста, се цени визијата, намерата, трудот. Сè останато е пареидолија.

Едно е човештвото да се стреми кон олеснување и поедноставување на нештата се со цел подобра ефикасност, а сосем друго да се стремиме кон целосна и комплетна автоматизација, до степен на замена на човековото знаење и желба за создавање.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Уметноста бара време за да се создаде, но и начинот на кој што го користиш времето може да се смета за уметност. :)
Не може да правиш компарација меѓу Никола Тесла и Ернест Хемингвеј.
Не може да правиш компарација меѓу електроинжинер, машински инжинер и писател, не кога е во прашање нивната професија.
Можам, првите 2ца се неопходни за функционирање на општеството, без третиот може да се живее без проблем ;)
Автоматски споено мислење:

Како ја одредив вредноста?
Креативност, идеја, напорна работа за да дојдеш до реализација на истата!

Не е уметност тоа што АИ то со една функција ќе направи уметничко дело, уметност е тоа што ти како поединец си потрошил доволно време за да го создадеш цртежот и да ја реализираш твојата идеја. :)
Дали воопшто имаш претстава кој левел на креативност е создавање на модели кои размислуваат? И колку труд и работа е вложено од илјадници луѓе, не од еден.

Правиме споредба на нешто што е врв на човечкиот напредок, наспроти нешто што е рандом мачканица. Првово ќе го промени целиот свет, и голем дел работи кои изгледале невозможни ќе станат возможни. Второво е нешто кое ќе виси во музеј и единствен ќар ќе има државата/музејот од самиот туризам, каде луѓе ќе фрлат поглед од 10 секунди и до утре ќе го заборават.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.432
Поени од реакции
11.286
Дали воопшто имаш претстава кој левел на креативност е создавање на модели кои размислуваат?
Тоа е уметност, се согласувам. Уметност за креаторите.

Но не е поголема вредноста на уметничкото дело создадено од лаик со помош на аи, од вредноста на уметничко дело во кое се сплотени визијата, идејата, страста на некој кој творел долги низ години, создадени со напорна работа и труд,
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.797
Поени од реакции
42.418
Заменувањето на некои работници е дел од прогресот. Светот иде напред и сеа треба да се адаптираме, пошто и онака населението глобално се намалува и иде надоле. Едноставно некои процеси треба да бидат автоматизирани

Тие како Шура уметници ќе се префрлат на нешто друго да работат и така.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.277
Поени од реакции
977

Знам дека сум ти комплекс. И тоа ме радува!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.797
Поени од реакции
42.418
Знам дека сум ти комплекс. И тоа ме радува!
не бе шура, како пример те давам само. Муабетот ми е дека светот се врти и стварите мора да се автоматизираат доколку не сакаме да стагнираме.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.432
Поени од реакции
11.286
не бе шура, како пример те давам само. Муабетот ми е дека светот се врти и стварите мора да се автоматизираат доколку не сакаме да стагнираме.
Баш заради тоа не треба скроз да се автоматизираме.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.797
Поени од реакции
42.418
Баш заради тоа не треба скроз да се автоматизираме.
па никогаш нема скроз да се автоматизираме, секогаш ќе се отвараат нови можности. Тоа е прогрес у кратки црти. Кога едно нешто ќе се автоматизира ќе искочи нешто ново, итн.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.277
Поени од реакции
977
не бе шура, како пример те давам само. Муабетот ми е дека светот се врти и стварите мора да се автоматизираат доколку не сакаме да стагнираме.
Нема шо да се плашиме. Нека иде кај сака светот. Вчера еден пријател ми објаснуваше дека тие што работеле брокери АИ то ги заменило и овие спијат по шатори. А он е уметник и живее од уметност. Се плашеше и за неговата струка ама му објаснив дека нема простор за паника.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Тоа е уметност, се согласувам. Уметност за креаторите.

Но не е поголема вредноста на уметничкото дело создадено од лаик со помош на аи, од вредноста на уметничко дело во кое се сплотени визијата, идејата, страста на некој кој творел долги низ години, создадени со напорна работа и труд,
Преценети се уметничките дела, можеби на времето биле интересни со тоа што немале попаметна работа, ама во денешен свет кога имаш какви не визуелизации ми немаат никаква смисла.

Еве ти нешто што е создадено со години, и во период кога не бил познат половина од светот е Меркатор има нацртано математички прецизни карти на светот (100% рачна изработка).
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.277
Поени од реакции
977
Преценети се уметничките дела, можеби на времето биле интересни со тоа што немале попаметна работа, ама во денешен свет кога имаш какви не визуелизации ми немаат никаква смисла.
Не се преценети.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom