Повторна истрага за трговијата со човечки органи на Косово (осум осомничени)

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Обвинителството на Еулекс, започна истрага против Шаип Муја, некогашен советник за здравство и човек кој Дик Марти го опиша како главен координатор на логорите, во кои луѓето биле мачени и убивани за на крајот да им бидат извадени органите.

Обвинителството на Еулекс најави дека започнало истрага против уште осум лица осомничени за трговија со човечки органи, нанесување тешки телесни повреди, злоупотреба на службената положба, остварување влијание и лажење.

Муја е пратеник на владеачката Демократската партија на Косово, кој пред пратеничкиот мандат, беше советник за здравство на Хашим Тачи.

Според извештајот на Марти, Муја бил еден од клучните организатори на мрежата во која заробениците биле мачени и убивани и на кои на крајот им биле вадени органите.

Американскиот часопис Њујоркер во текстот посветен за трговијата со органи на Косово, објави дека Лутви Дервиши, кој за време на процесот во случајот “Медикус”, бил осуден на осум години затвор од Муја барал да ја отвори клиниката.Муја во тоа време бил советник на Тачи.

Од март до ноември 2008 година, во клиниката “Медикус” биле извршени повеќе од 20 операции.

Муја во февруари минатата година, сведочеше за време на судењето на Дервиш и тврдеше дека клиниката “Медикус” работела без дозвола, како и дека Дервиши на свадбата на својот син се запознал со турскиот хирург Јусуф Сомнез.

Основниот суд во Приштина на 29 април го осуди сопственикот на клиниката “Медикус” Лутви Дервиши на осум, а неговиот син Абран на седум години затвор. .

Судот на три години затвор го осуди Сокољ Хајдини, додека Сулејман Дуља и Исљам Битичи се осудени на условна казна од една година.


Написот во Њујоркер:
BRING UP THE BODIES

Kosovo’s leaders have been accused of grotesque war crimes. But can anyone prove it?

http://www.newyorker.com/reporting/2013/05/06/130506fa_fact_schmidle?currentPage=all
.
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Тешко за докажување, практично нема соработници за истрагата. Ако не е некој политички дил, ќе заврши како и предходно. Пукање со ќорци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom