Повреди на колена, совети, прашања..

  • Креатор на темата ФорцаМилан
  • Време на започнување

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.304
преку глава ми е веќе од лежење и седење дома... дали со операција заздравувањето е побрзо? Уште колку време нема да можам да се движам ?
па со операција е побрзо и посигурно а дека боли нема врска те излажале се е до психа ,вака може пак да те сецне коленото и пак истите порблеми
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.009
Поени од реакции
112.322
значи ке се самоцитирам. Денеска конечно ги добив резултатите од магнетната и ми рекоа дека сум имала повреда на медијалниот менискус... Дали некој е имал слично искуство? Да ми објасни уште колку време нема да смеам да ја газам ногата бидејќи веќе 2 недели сум на штаки ....И дали неопходна е операцијата?
Ако си по спортот и ако сакаш да извршуваш редовни физички активности подобро е да се оперираш. Имам еден другар што чат пат игра баскет у маало со нас а има повреден менискус кој му е за оперирање али нејќе да иде да се оперира, инаку се повредил откако се лизнал на фрлено CD на патот. :facepalm: Според мене и да не си по спортувањето подобро е да отидеш и да го средиш тој проблем отколку да си имаш фрки одвреме навреме, при најмали сецкања на коленото или при нагли движења. Не е страшна операцијата, не е некој сложен хируршки зафат така да немаш гајле од тој аспект.
Се надевам дека помогнав, поздрав и со лесно. :)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.236
Поени од реакции
6.931
значи ке се самоцитирам. Денеска конечно ги добив резултатите од магнетната и ми рекоа дека сум имала повреда на медијалниот менискус... Дали некој е имал слично искуство? Да ми објасни уште колку време нема да смеам да ја газам ногата бидејќи веќе 2 недели сум на штаки ....И дали неопходна е операцијата?
за операција не одлучуваме јас,ти или некој член од форум,ами потребно е мислење од специјалист.........непотребна или пак неуспешна операција значи нова компликација а не излекување

со овие резултати најверојатно ќе добиеш соодветна терапија(ако не е потребна операција) и инструкции како да се однесуваш понатаму (спорт - да/не, стегачи,масти итн)
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
И ја си страдам од колено. Два дена веќе ме врти од оваа проклета промена на времето. На 1 декември 2008 ме правеа операција на лево капаче на колено (патела), го спојуваа со жици и куки, затоа сега си имам лузна 12 цм. 7 дена во болница во Штип (мизерни услови). Два месеца на штаки, десет дена физикална терапија, 6 месеци забрана за одење на долги дистанци (во случајов долга дистанца е 1 км) три инекции хилуронска киселина (една е 70 евра), атрофиран мускул, голем број креми, апови и што уште не. На 7 август 2009 година, операција за вадење на жиците и куките. Операција со локална анестезија, 45 минути неверојатна болка, не го осетив скалпелот, ама кога ги тегнат и одмотуваат тоа жиците и самата коска крваре, ги стопив тоа шипките на креветот. Поради недостиг на персонал (август, по одмори се, кој ќе те гледа), бев пуштен, со тоа што секој ден во продолжение од 5-6 дена идев да ми ја стискаат раната за да излезе гадната крв, за да не лежам со дрен. Е, и тоа е заебано, свежо сошиена рана да ја стискаш. Уште две недели мирување. Лесно накривнување во наредните 6 месеци. Од негде пролетта 2010 до денес имам проблеми само при промена на време (незначителни во споредба со тоа што го минав). Левиот мускул сеуште не е целосно опоравен ама па затоа сам сум си крив, не праам чучњеви и не трчам. Со одење нема никаков проблем, трчање исто така.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.236
Поени од реакции
6.931
прави чучњеви да ти се зацврсти коленото лигаментите ,кога ке влезеш у форма со чучњевите почни н аедна нога да ги правиш послесо коленото врати ке отвараш од што ке ти биде цврсто
чучњеви може кога коленото ќе заздрави, односно кога квадрицепсот ќе добие одлична цврстина........никако за време на период на почетна рехабилитација

не давајте од ум совети како за здрави нозе, ќе се доисчолават луѓето :facepalm:
 
Член од
26 април 2013
Мислења
48
Поени од реакции
42

Закажав во Скопје за Артроскопиа во четврток па се надевам дека добро ке помине..... Ми рекоа дека не бил многу болен процесот се надевам така е....... :unsure:
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.236
Поени од реакции
6.931
Закажав во Скопје за Артроскопиа во четврток па се надевам дека добро ке помине..... Ми рекоа дека не бил многу болен процесот се надевам така е....... :unsure:
значи докторите решиле дека треба да се отстрани парче од менискусот ? немаш гајле со артроскопијата се прават 3 малечки дупчиња низ кои се пуштаат сондите и апаратите за сечење, нормално потоа следи период на мирување и рехабилитација , само полека без брзање зошто потребна е правилна рехабилитација,а не следење вежби за веќе зацврстени нозе :facepalm:

давај репорт одвреме навреме,за некој ќе значи искуството - среќно !
 
Бев некни во болница во Скопје и докторот ми рече нека се смири уште малку коленово уште е воспалено ќе дојдете за една недела да го видам и потоа ке закажам за операција. -_- А дали многу време после операцијава ке мора да мирувам? Бидејќи тој менискус е повреден и веќе нема никаква функција и поради него неможам да го свиткам коленото и затоа мора да се отстрани.Па кога веќе ке биде отстранет дали ке можам да го виткам коленото? Сакам да излезам од дома веќе :( 1 месец не сум отишла во диско :P:D. Али искрено ми смачи од седење дома :rolleyes:
 
нормално после операција мирување да се стабилизира коленото,па потоа физикални вежби,никако диско или слично место каде може некој на сила да те оттурне или слично

трпение,најбитно е сега да се фокусираш да се излечиш и да застанеш на здрави нозе,за диска и излегувања ќе има време......
 
Член од
22 мај 2013
Мислења
5
Поени од реакции
1
Пред една година имав раскин на менискус и до ден денес имам проблеми . Неможам убаво да трчам , ме сецнува коленото на моменти со јака болка и при нагли движења а исто така понекогаш осеќам болка во чашката ... Сакам да прашам дали има некој оперативен зафат за ова бидејки докторите само пункција ми правеа и дали некој истиот проблем го имал па да ми каже што понатаму . . .
 
на матичен по упат,правец ортопедија......само распрашај се прво кој ортопед го бива за артроскопија и ќе се нафати за случајот (нормално ако е потребна,прво ќе направи визуелен преглед по негово,потоа би требало да те пушти на магнетна резонанца да се види што е како е внатре)
 
Член од
10 јуни 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво.
Во последниве неколку месеци имам големи болки во десната нога, странично во областа до коленото над него и под него. Болките можам да ги споредам со боцкања од игли. Со текот на времето стануваат се почести и почести. Не траат долго, 5 минути максимум но стануваат неподносливи. Се појавуваат кога шетам, кога стојам, кога мирувам - секогаш.
Дали ви е позната оваа ситуација? Од што може да бидат предизвикани овие болки?
Што треба да направам?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.204
Поени од реакции
34.441

Спортуваш? Колку години имаш?
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Земи трчај , или прави нешто ...тоа ти е поради дремење пред компјутер цел ден , претпоставувам и дека имаш вишок килограми.. или можеби грешам :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom