Повреда на право за заштита на лични податоци

peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Имав соменвање дека една државна институвија неправилно го користи и споделува мојот матичен број. Испратив барање за вонреден инспекциски надзор до Агенција за заштита на лични податоци, и во петокот од нив добив писмо дека по извршениот вонреден надзор, утврдиле дека субјетот во прашање навистина го повредил моето право за заштита на лични податоци.

Меѓутоа, во решениот никаде не кажува какви се правните последици по субјектот. Дали врз основа на повредата на правото на приватност на личните податоци може да поднесам тужба против нив или автоматски ги гони некој?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
http://www.uvmk.gov.mk/files/zakoni/ZZLP_Precisten tekst.pdf

Повели
членовите 49и 50 се со прекршочни одредби

Ама не се „ склдисувај “ дека некого ќе казнат. Кај нас важи - Чавка на чавка очи не вади
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.820
Поени од реакции
15.749
Имав соменвање дека една државна институвија неправилно го користи и споделува мојот матичен број. Испратив барање за вонреден инспекциски надзор до Агенција за заштита на лични податоци, и во петокот од нив добив писмо дека по извршениот вонреден надзор, утврдиле дека субјетот во прашање навистина го повредил моето право за заштита на лични податоци.

Меѓутоа, во решениот никаде не кажува какви се правните последици по субјектот. Дали врз основа на повредата на правото на приватност на личните податоци може да поднесам тужба против нив или автоматски ги гони некој?
мислам автоматски , односно по Службена должност кај нас МВР гони само за најтешки кривични дела, над 5г затвор
( нека ме исправат во деталите правниците), а гонат по службена должност ако државата е оштетена и за мала работа...
Тука мислам треба да посочат лице, државен службеник кој направил злоупотреба, инаку треба државата да ја тужиш.
Но кога сме кај личните податоци, не е се злоупотреба. Имено, најпросто, за да тужиш некого, треба да имаш негов ЕМБГ. Е сега на пример, најбанална работа, комшијата над тебе е неодговорен и ти направил штета, да кажеме те поплавил. Полиција не превзема ништо за граѓански дела, дури ни за помали кривични, (кражба на велосипед, па и на автомобил, закани, па и полесни физички напади одат на прекршочни...)
А порано, една од гуските, од организациите за заштита на приватност ми тврдеше дека ако се дознае нечиј ЕМБГ и тоа послужи да тој биде тужен и осуден нему му е нанесена штета ?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom