Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.606
- Поени од реакции
- 15.409
Денес ја купив книгата од авторите:Виолета Ачковска и Никола Жежов
„репресијата и репресираните во најновата македонска историја“
бидеиќи таа тематика ме интересира,иако ниту моето образование,
ниту пак работното место не е поврзано со таа тематика-историја,
(т.с.- јас металски кв работник) и се разочарав еве и зошто.
Книгата можеби ќе е интересна за некој кој само за наведените
личности таму чул преку имиња на школи и улици и толку,а тука
на едно место ќе прочита за нив податоци што не ги знаел. Но за мене
кој сум прочитал книги и книги за таа тематика и тие личности,таму
сега во таа книга се ми е познато и е сведено према тоа што го знам
само на основни податоци,најчесто на начинот на загинување на нив.
За Орце,Цветан,Дрен,Борка,Стефан,Ванчо,Мирче,Страшо и Кочо и за
некој други наши борци-комунисти-партизани е напишано по 1/2 страна.
Но и за други некои дејствија и настани од тоа време,исто така опишани
на нецела страна како на пример: Стрелањето во Ваташа,за кој настан
секое дете (во 20 век) ќе ви раскаже повеќе,посебно од тиквешијата.
Овој дел на книгата воопшто и не мора да го читам,податоците се многу
одамна познати и опишани и во многу други книги,кој пак авторите без
срам ги навеле од каде ги презеле,а тоа го има скоро на секоја страна.
Значи ова можел било кој друг да го напише,собери куп книги од таа
област и извади по некој дел и еве ти книга (нова).Дури не сум сигурен
коку има авторски зборови употребено во неа.Можеби е малку
понепознат делот кај што се опишуваат репресалиите во Егејска и
Пиринска Македонија но само за читателите кој прв пат се среќаваат
со ваа тематика. Јас очекував многу повеќе,да не речам со име и
презиме,тој и тој направи ова,го предаде тој и овој,овој даде наредба за
ова и она,тој ги стрелаше тие и тие и т.н.Многу малку има вакви податоци
во книгата иако и не сум ја прочитал целосно.
Потоа и за настаните на Божиќ на скопското Кале,очекував повеќе,а и за
патот за Срем.Дали и овде е нешто премолчено.Прв пат најдов податок
дека имало стрелање по тој пат.Но јас тоа многу-многу одамна го знам и
сум го слушал од учесници на тој пат и сведители на тие настани и
стрелања.Стрелања кој воопшто и не се спомнати во други книги или
сосем срамежливо само во неколку сум сретнал такви сведочења,каде
некаде се признава дека е направена грешка или е донесена пребрза
одлука за егзикуција на довчерашниот борец.Но никаде не сретнав дека
стрелањето го извршиле некаде „три моми партизанки“-а сум го чул.
За делот на депортација на Евреите,а и тоа во 1-страна е оксудно
опишано (препишано).Јас имам повеќе опишано (препишано) во темата.
За Ченто,Шатев,Панко,Методија,Петре и некој други има по 7-8 страни
но од кој скоро по половина на секоја е објаснување за литературата од
каде се земени податоците или некое слично објаснување.
На нашата кајгана во темите за овие личности ќе најдете многу повеќе.
Незнам дали ќе го сменам мислењето откога ќе ја прочитам книгата,
во која има и податоци што до скоро се криева од јавноста како за
стрелањата на:велешаните,кумановците,струмичаните и некој други.
Но каде се пак ќе речам непосредните сведители,сигурно има се уште
живи некој од нив: што ги спроведувале,носеле,чувале,стрелале,тепале,
(со чекан-токмак во тилот,да не чујат селаните) и живи ги закопувале,
па и што донеле такви одлуки без судења-камо име и презиме од нив.
Камо некој од нив анонимно да се јави и да опише точно како било.
Или како можеа да живеат сиве овие години со таква„мирна“ совест.
Кој беа тие.
Пишувам книга (за нив).