Леон
џаболебар
- Член од
- 16 ноември 2008
- Мислења
- 54
- Поени од реакции
- 5
Една денешна случка буквално ме испровоцира за ваква тема. Полицајци, ве молам објаснете кој е, а кој не е во право и како да се реагира.
Денес проаѓав на една од најфреквентните скопски раскрсници, ја знаете, онаа кај градска болница и собрание. Возам по средна лента и за мене е зелено па си проаѓам. По лева лента вози уште една кола. Логички, ако за мене е зелено за пешаците што треба да ја поминат улицата е црвено. Така бар ме учеа Е видиш, пешаците тоа си го игнорираат. Цела багра си тргна, а човечето го гледам и јас од кола дека е црвено. Видов, не видов, прикочив. Колата што возеше по лева лента си пројде, како што и би се очекувало, зелено му е на човекот, а тие што се на пешачкиот што мајка бараат таму ако за нив е црвено? Кој тука прави прекршок? Нејсе, колата пројде и баграва продолжува, ја поминува левата лента, видов, не видов, застанав. Еден господин што ја влечеше во целата таа гужва на сред улица својата отприлика 10-годишна ќеркичка, уште почна да ми се дере од надвор да си продолжам, што застанувам? Си тргнав. Кога ке му ја утепа скраја било некој ќерката пошто он ја пика во сред гужва заради негови хормони, кој ке биде крив? На 50 метри понатаму господата џандари го застанаа типот што помина и уште незастанат почнаа да му шкрабаат казна. Ни крив ни фолжен, само затоа што си помина прописно на зелено. А тие што се мотаа на сред раскрсница и уште само кафе им фалеше, никому ништо. Камо казна за нив?Или сега сила им се даде со драконскиве казни за шоферите па ке збеснуваат по улици?
Навистина молам за мислење од полицајците на форумов. КЕ ИМА ЛИ КАЗНИ ЗА НЕСОВЕСНИТЕ ПЕШАЦИ???????????????