Петре Чуповски убиен од страна на домашните предавници?

Член од
27 февруари 2006
Мислења
49
Поени од реакции
0
A mozno li e da sakaat da go zamaskiraat identitetot na onoj koj go ubile?

Kanal5 i vecer se medii pod kontrola na vlasta.
 
B

BushMan

Гостин
На а1.цом има сосем друго и не се работи за тој човек можеби е за иста работа ама имињата се згрешени.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
како отворач (демек автор) на темава, и турив едно друго име, носен од емоциите и думите шо ги думав во тој момент.

бев згрозен од начинот на кој полицијата постапува понекогаш, а познаваќи ги (површно) законските регулативи, свесен сум дека често ги пречекоруваат границите на нивната должност, и наместо да им служат и да ги штитат граѓаните, тие често им служат на нечии лични приватни интереси (дел од нив, СЕКОЈА ЧЕСТ за оние кои само си го вадат лебот и ги следат прописите)

некој од админите пресудил темава да се вика вака, не е проблем со мене, ама само сакав да појаснам, да не дојде до несакани понатамошни недоразбирања :)

иначе, темата се викаше „Приватна Полициска Држава„ или така нешто :blabla:
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Според она што јас успеав да го дознаам, а според моето скромно криминалистичко познавање од минатото, на бомбава и требаат околу 4 секунди од активирањето до експлозијата. Бидејќи на местото нема оштетување на тлото значи пукнала во воздух. Бидејќи на човеков му е оштетена десната шака и десниот колк, најверојатно ја држел во рака и покрај десниот колк или како што јавуваат медиумиве во џеб. Доколку му е ставена во џеб од страна на двајцата типови на кои што се сомневаат постојат уште неколку криминалистички методи кои помагаат при реконстукција. Сепак, засега сеуште сомнително....
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
да видиме колку ќе живеј типот шо снимал, камерманот... и слични работи... а бе срамота...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Serdarot напиша:
да видиме колку ќе живеј типот шо снимал, камерманот... и слични работи... а бе срамота...
Aj Serdare..ne zabeguvaj..edno vreme imase nekoja srednoamerikanska drzavicka so neverojatno bizarna diktatura..... koja posle ja nasledi sinot Papa Doc ili taka nesto...eden Miselin debelko....ne e Makedonija veke toa ...barem se nadevam:):):)!!!!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Средовечен скопјанец бил тешкоповреден во експлозија на бомба, за која се претпоставува дека му пукнала во рацете вчера напладне пред ресторанот „Момир“, во центарот на Скопје.

„Време“ од полициски извори дознава дека станува збор за педесет и петгодишниот Петре Ќуповски (55).

По инцидентот Ќуповски бил пренесен во Ургентниот центар, каде што му била извршена хируршка интервенција. Оттаму информираат дека неговата здравствена состојба е многу критична.

Скопјанецот имал расправија со две лица на паркингот пред ресторанот „Момир“, оти им ветил дека ќе ги вработи и им зел пари за тоа. Двете лица бил револтирани оти мислеле дека Ќуповски ги лаже. Во расправијата скопјанецот од џебот извадил рачна бомба и им се заканил на двајцата соперници дека ќе ги убие. Тој го извадил осигурувачот од бомбата, а двајцата негови соперници почнале да бегаат кон зградите спроти ресторанот „Момир“. Во тој момент бомбата експлодирала во рацете на Ќуповски и тешко го повредила.

- Бев на педесетина метри од местото кога одекна експлозија. Видов двајца како со трчање бегаат кон зградите од спротивната страна на улицата. Човекот лежеше на паркингот облеан во крв. Неговата десна страна од телото беше целосно разнесена. За кратко време стигнаа и полицајците - раскажува очевидец на инцидентот.

Според МВР, инцидентот се случил околу 14.30 часот на паркинг на улицата Народен фронт, но идентитетот на повредениот не се соопштува. Од скопската полиција информираат дека двете лица што се расправале со Ќуповски самите се предале во полициска станица вчера попладне. Тие изјавиле дека биле измамени од Ќуповски, бидејќи им ветил дека ќе ги вработи и им зел пари за тоа. Двајцата на полицајците им рекле дека Ќуповски бомбата ја извадил од џеб додека се расправал со нив.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
ко деца си велевме „ќе ти пикнам бомба во џепот”

некој изгледа никогаш не порасна, ни во ум, ни во ништо...
 
B

BushMan

Гостин
Вие ко мали,ама тој голем, а и на стварно си ја пикнал во џеб
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
секој кој бил во војска, и има колку толку искуство со рачни гранати (бомби) , знае неколку работи.

јас, со моето скромно искуство, би им препорачал на истражните органи да ги користат законите на балистиката, за да ја реконструираат сцената.

ама варијантата дека некој дошол, му ја ја пикнал в џеп, и со трчање заминал (нормално, пошо знаел дека бомбава ќе пукни...) многу помалце научнофантастична ми се гледа, него дека Петре сакаш да ги плаши...

А тие шо го виделе Петрета со бомбава в рака... шо би направиле ВИЕ ако некој на сред бел ден ти пријде и ти тупне нешто во џеп?


пи ес: зато јас не проповедам бомби и ножови
 

Kajgana Shop

На врв Bottom