Пелистер - сместување/апартмани

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Една молба до оние кои веќе биле во некој сместувачки капацитет да споделат искуство, цени, слика некоја ;)
 
Член од
21 март 2011
Мислења
46
Поени од реакции
40
Поздрав oд Дихово (y)(y)

Кој сака да биди дел од Диховската ладовина нека дојде и ке се увери и самиот за тоа што се може да се понуди во Вила Дихово од храна ке бидете презадоволни home made 100% и над сето тоа се нуди и домашно Пиво направено од маестро Пеце.
Еве Брокер веќе бил во Дихово и сигурно и другите лесно ќе не најдете,Вила Дихово се наоѓа во селото Дихово 7км. оддалечено од центарот на Битола на патот за Пелистер сето тоа е обележано со знаци кои се поставени на видно место,@cArsi you are welcomed ;)

Поздрав (y)
Мене ептен ми се оди во Дихово, само ќе видам дали ќе можам да се балансирам со мојот скромен буџет...:) доколку имам услови би одел без размислување
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Една молба до оние кои веќе биле во некој сместувачки капацитет да споделат искуство, цени, слика некоја ;)
Ако се однесуваше на мене, не сум бил одамна, а планирам да одам летово.
Цените тогаш беа симболични, а сега не знам.
На Неолица, условите беа ептен основни последниот пат кога бев таму, но знам дека „домаќините“ имаа план за развој, иако не знам што се случи со тоа... како и да е, има 5-6 соби, во барака, со по 6-12 кревети. Тековни беа работите или подготовките околу градеење бања (ама ова пред.... што знам, 6-7 години).

Копанки не сум бил од 2007, ама е попосетен и посреден... и поскап за сместување, претпоставувам.
http://park-pelister.com/plan-za-poseta/smestuvanje.html

А за Големо Езеро.... имав среќа да ноќевам во една ведра јулска ноќ - небо посеано со ѕвезди, пред тебе Пелагонија, а ѕвездине се огледуваат во тоа Окото :)... потоа и се капевме во Големото (мислам дека тоа е најладната вода во која се имам капено - во брошури пишува дека највисока температура има во јули, преку ден, max. 14 степени... ама и најчиста - снеговница) ....
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
142
Поени од реакции
163
Значи за сместување еве да речиме на врвот Пелистер :

Планинарски дом Димитар Илиевски Муратот "Големото езеро" се наоѓа на надморска височина од 2218 м. цената за сместување од вечер мисалм дека се движи од 200 до 400 ден. значи незнам точно али е тука е,пошто за странски туристи е малку поскапо а за оние со планинарска книшка има друга цена.

Е сега тука има една "аномалија" Планинарскиот дом Димитар Илиевски Муратот е единствениот во Македонија а можеби и во светот кој нема електрична енергија се снабдува со сопствен агрегат,а по мене тоа е така бидејки го зафате една позната Чума по име "политика" Значи е единственот Планинарски дом без струја а во близина се наојѓа Предавателниот пункт "мртв антена"

Контакт со одговорните во планинарскиот дом за било каква информација може да да добиете преку нивниот Facebook Fan Page

Планинарски дом Копанки се наоѓа на 1552 м. има капацитет од 16 Соби

* 5 четворокреветни

* 3 шесткреветни

* 5 деветкреветни

* 3 десеткреветни

Контакт: Facebook Fan Page или преку psk.pelister.bt@gmail.com

Може да се најде секаква информација и преку интернет
http://park-pelister.com/
http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=94F37A8B91F5F34C82161AF520755B41
http://www.igeografija.mk/Portal/?p=408


Е сега кој сака сместување во подножјето на Пелистер,претходно споменавме :
Вила Дихово нивниот Facebook Fan Pageили на Villadihovo.com

Вила Илинден Facebook Fan Page или Vilailinden1903dihovo

http://selski-turizam-dihovo-2012.beep.com/index.htm

Поздрав знам дека ова не е доволно а @Величествената мислам дека доби соодветен одговор :)
(y)

 

Kajgana Shop

На врв Bottom