СОЊА КРАМАРСКА
Британскиот весник „Индипендент“ по повод 50-годишниот јубилеј на ЕУ што се прославува деновиве наведе 50 причини поради кои треба да се сака ЕУ. Издвојувајќи неколку од тие причини, не може а да не се помисли дека нашата земја, иако географски припаѓа на европскиот континент, присутното ниво на политички, економски и на културен развој се' уште ја држи далеку од семејството на европските нации. Овие причини можеби ја даваат најпрецизната слика за фазата во која се наоѓа Македонија на патот кон ЕУ.
Првата причина зошто да се сака ЕУ е бидејќи значела крај на војната меѓу европските нации. Но, кај нас војна се' уште има, некаде со оружје, некаде вербално. Потоа се наведува високиот степен на демократија во 27 земји. Во Македонија, пак, демократијата е во експанзија заедно со немањето демократска култура. За Ирска, Португалија и за Грција се вели дека сега се богати земји. А, Македонија се' уште е сиромашна. Во 50-те причини се наведува и дека ЕУ го создала најголемиот светски трговски пазар. Македонија, пак, оддалечена е со светлосни години од тој пазар.
ЕУ обезбедува, како што вели весникот, еднакви права за граѓаните на земјите-членки на ЕУ. Македонските граѓани, меѓутоа, се без право да ги определат своите државни граници како што е примерот со северната граница. Весникот понатаму вели дека ЕУ овозможува соработка на целиот континент за имиграциската политика. Нашата земја, пак, не прави такви проблеми бидејќи е во визен карантин. ЕУ остварува и соработка против криминалот преку Еуропол. Додека, пак, криминалците во Македонија се надвор од дофатот на Еуропол, а понекогаш и на македонската полиција.
Во рамките на ЕУ бил загарантиран еден месец годишен платен одмор за сите работници во Европа. Во Македонија, меѓутоа, за една четвртина од населението одморот е во траење од цела година, и не е платен. Исто така, Европејците имаат поевтини телефонски услуги поради конкуренцијата. Во Македонија е обратно и растат цените на телефонските услуги. ЕУ има и мала европска бирократија од 24 илјади вработени. Тоа, пак, е точно колку јавната и државната администрација во Македонија.
Малцинските јазици како што се ирскиот, велшкиот и каталонскиот се признаени и заштитени во ЕУ. Македонскиот, меѓутоа, губи од значење дури и во Македонија. ЕУ им дава двапати повеќе помош на земјите во развој отколку САД. Македонија, за жал, уште долго време, наместо испорачател, ќе биде консумент на таа помош. Во рамките на ЕУ владеат строги безбедносни стандарди за автомобили, автобуси и авиони. Македонија е депонија на крнтии од автомобили. Европа дава бесплатна медицинска помош за туристите. Во Македонија е спорна медицинската помош и за граѓаните.
Мировниците на ЕУ дејствуваат во сите критични зони во светот. Македонија и Балканот, пак, се' уште се корисници на нивните услуги. Карактеристика на ЕУ се и евтините авионски билети. Во Македонија авионските билети заедно со визата чинат цело богатство. Најсликовитиот пример е тоа што ЕУ воведува пасоши за домашни миленичиња. Во Македонија денеска се' уште се дискутираат пасошите за луѓето. Во ЕУ растојанието од Лондон до Париз изнесува 2,5 часа. Во Македонија растојанието од Дебар до Берово изнесува 4,5 часа.
Како една од 50-те причини да се сака ЕУ, весникот ја наведува и поголемата мобилност и студентска размена меѓу европската младина. Македонската младина, пак, чмае во Македонија. Во однос на засилената контрола на храната што се спроведува внатре во ЕУ, Македонија е на ниво на пионерски почетоци. Меѓу земјите-членки на ЕУ нема мачни чекања на границите, потсетува „Индипендент“. Но, очигледно не и за македонските граѓани.
Членките на ЕУ обезбедуваат, според оваа листа на причини, и повисоко ниво на индивидуалните човекови права. Во Македонија, пак, човековите права засега се предмет на политички пазарења. Понатаму, Европскиот парламент обезбедувал демократска проверка на сите закони. Во Македонија во моментов тоа е „обврска“ на опозицијата без оглед дали е десницата или левицата. Конечно, ЕУ, вели британскиот весник, дава повеќе а не помалку суверенитет на своите држави. Македонија, меѓутоа, се' уште се бори да го зачува својот суверенитет.
Листата на „Индипендент“ несомнено дејствува обесхрабрувачки за македонските граѓани. Нашата земја е далеку од стандардите наведени во 50-те причини зошто треба да се сака ЕУ. Растојанието меѓу Македонија и ЕУ е големо, но може да се совлада, порачува домашната политичка елита. Претседателот, премиерот и други високи државни функционери ќе патуваат во европските метрополи каде што се слави 50-годишниот јубилеј на ЕУ, пренесувајќи ја пораката од својот народ дека не се откажува од членство во европското семејство.