Па што ми е гајле!

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу убава приказна.

И точно е, што и да правиш , никогаш нема да биде доволно добро за некои.
Пола ќе ти речат браво, пола нема да им се свиѓа тоа што си го направил.
Човек треба да си ужива во животот, да биде опркужен со неговите блиски и да не се многу преоптоварува со ситници и глупости.
Критики секогаш ќе има.
Не можат сите да те сакаат, не можат сите да те мразат.
Едноставно работите треба да се прифатат како такви.
Ми е гајле дали некој мисли дека сум онаква или дека сум глупава и нелогична, кога знам дека блиските мои ме знаат каква сум и ме почитуваат како таква.
И по многу години, да речеме, кога ќе изградам кариера, пак на некој нема да му чини тоа,ама што да правам? Да одам од човек до човек да го прашувам што треба да правам со својот живот? Да ги прашувам како да постапувам? Постојано да им угодувам на другите?
Не благодарам.
Секој си го креира својот живот и на крај од краиштата човекот треба да биде задоволен сам од тоа што го постигнал, а не да чека од реакциите на другите.
 

DespaiR

Narc0tic
Член од
5 октомври 2007
Мислења
205
Поени од реакции
1
A sho ke prajme koga na drugarite,bliskite ne im se dopgahash?Koga i na niv ne mi se dopagja toa sho go pravish.:motor:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Секогаш ќе има некој кој ќе збори и на кого ќе му смета твоето расположение, среќа и понашање. Преку глава ми е од таквите незнам што им е целта во животот? Да се ситат и хранат со таквите коментари и само да ти наоѓаат мана? Тоа е зашто немаат попамента работа, да имааи и да си ја гледаат работата нема да се зазборуваат ни за магарето ни за одењето. Секој по својот пат нека си оди. Мене ми е страно сето тоа затоа и не ми се јасни некои работи. А и не сакам да ми се јасни, среќна или не само јас си знам а кучињата нека лаат.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Многу добра тема.Секогаш треба да си свој и да ги браниш твоите мислења и ставови зошто само така ке те почитуваат.

A sho ke prajme koga na drugarite,bliskite ne im se dopgahash?Koga i na niv ne mi se dopagja toa sho go pravish.:motor:[/QUOTE

Доколку на повеке не им се допагаш мислам дека проблемот е до тебе. :)
 

**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Да бидеме реални, благодарение на таквите јавни критики се создава моралот и преставата за тоа што општеството одобрува а што не. Сепак живееме во широка заедница и мора да се прилагодиме едни на други и да созададеме углед кој другите ќе го гледаат како таков. Џабе е да сме најдобрите луѓе на светот, ако не знаеме како да го покажеме тоа за и другите да го видат. Ја градиме личноста цел живот, ама залудно е градењетоа ко тоа не успеат да го видат и другите.....А факт е дека секогаш ја имаа онаа багра на малограѓани кои оговараат и коментираат од досада и искомплексираност, но сепак, и тие се до некаде корисни- барем гледаме дека има и поголеми будали од нас, и се јачаме со фактот дека не треба да се замараме со се и сешто и се да сфаќаме при срце, па тоа понатаму се употребува и за поголеми проблеми....
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Што и да правиш,без разлика дали добро или лошо,луѓето ќе те оговараат.Едноставно некои луѓе немаат што да прават па по цел ден зборат за било кој, што и да направил,се мешаат во туѓи животи зошто нивниот живот не им е интересен.
Е ваквите само на игнор ги ставам и гајле немам,нека зборат што сакаат,мој живот е тоа,што сакам ќе правам.

A sho ke prajme koga na drugarite,bliskite ne im se dopgahash?Koga i na niv ne mi se dopagja toa sho go pravish
Ќе си најдеш другари на кои им одговараш,у осталом,што ќе ти е некој на кој му смета начинот на кој живееш.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Јас си го живеам животот за себе и за никој друг. Не се замарам што ќе речат за мене, дали ќе ме критикуваат или фалат. Јас не живеам за другите, живеам за мене и за тие што ме сакаат и почитуваат.
Па што ми е гајле, ако немаат работа нека зборуваат!
 
Член од
12 септември 2007
Мислења
502
Поени од реакции
4
секогаш имало такви на кои се нешто не им се допаѓа ама што знам,јас лично не се оптоварувам со тоа кој што мисли за мене,па вака сум правел,па онаков сум бил или не знам што.Многу и не обрнувам внимание на тоа дали ќе ме искритикуваат другите,има бре секаков народ,џаболебари немаат попаметна работа и само ќењаат за други.
 
S

Sith_Lord

Гостин
Супер е приказната. И мене ми се свиѓа.

Арно ама, имам мала замерка.

Точно е дека "рајата" често мрчи муда колку да би мрчела. На тој начин ги заборава сопствените проблеми и недостатоци.

Од друга страна пак, од време навреме, добро е да слушнеш што се збори од страна, бидејќи некогаш тие коментари се сосема на место, а ние сме некаде од каде тоа не можеме да го согледаме. Некогаш "селото" знае нешто што ти не знаеш. Во тие случаи, внимателниот слушател може да го одвои булшитот од конструктивната критика и да дејствува accordingly.

Siht
 
Член од
2 март 2008
Мислења
9
Поени од реакции
0
Еве и еден пример:
Кога ќе застане човек во болница и гледа метеж,ќе си рече: Гледај ги луѓево,како да се на пазар.
Кога ќе се најде човек во пазарот и кога ќе види метеж,пак ќе си рече: Види ги луѓево,како овци да се.
Кога човек ќе се најде меѓу овци,пак ќе прокоментира нешто као: Гледај ги овциве,како вошки се......
-И се така до бескрај,значи човекот едноставно има потреба од јадење бурек,без разлика дали пред него се појавуваат добри или лоши работи:)pusk:)
 

lidu6

искусен форумџија
Член од
8 јуни 2008
Мислења
181
Поени од реакции
8
Најмногу ме нервира кога зборат нешто што ни самите незнаат која постапка би била праведна да се употреби...
Такви ги има на секој чекор и се правам(трудам) како баш ич да не постојат, уште помалку да ги гледам а да се обврзувам за тоа што кажале...
Фразава често пати си ја користам ,,Ма не ми е гајле":bip:
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Убава приказна..Ја имам сретнато и порано и дефинитивно веќе ја имам научено и ја практикувам поуката..Вистината е дека,,секој си има свој живот,,и треба да го живее онака како што сака и умее,,и секогаш имало ,,има и ќе има пречки на патот кон успехот,,целта..А луѓето се такви,,си мислат само за себе и можат да зборуваат до бескрај,,но ако ги слушаме нив,,можеби никогаш и нема да стигнеме до целта,,затоа што една приказна води кон друга па друга итн..Токму како во приказнава,,сите различно зборувале,,затоа што сите тие различно гледале на ситуацијата...И вистина,,не можат сите луѓе во животот да те сакаат и да те прифатат таков каков што си,,секогаш ќе постојат злобните јазици,,но наш е изборот дали ќе ги слушаме нив или пак нашето срце..Секако,,секогаш второто ќр биде вистинското..:pipi:
 
Член од
26 август 2008
Мислења
88
Поени од реакции
3
Баш ми е гајле шо мислат другите! Јас сум то шо сум и никој неможе да го смени тоа... на крај краева има луѓе кои ме сакаат и кои вистина ме познаваат... Доволно ми е нивното мислење :smir:
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
МНООООООООГУ ПОУЧНА ПРИКАЗНА!!!



Си живееше еднаш многу оддамна еден брачен пар кој имаше дванаесгодишен син и едно магаре.

Еден ден мажот и жената решиле малку да патуваат, да работат и така да го запознаат светот па тргнале на пат.

Кога дошле во првото село, селаните почнале да зборуваат: Видетего ова невоспитано момче.

Тоа го јавнало магарето а неговите сироти родители одат пеш.

Жената кога слушна што зборуваат луѓето му рекла на мажот: Не смееме да дозволиме луѓето толку лошо да зборуваат за нашиот син.

Мажот ја послушал жена му го симнал детето и самиот го јавнал магарето.

Кога стигнале во другото село луѓето мрмореле: Како не му е срам на овој човек кога дозволува жена му и детето да го водат магарето а он да седи качен на него.

Видел невидел човекот, одлучил женаму да го јава магарето а тој и син му да го водат за оглав.

Така и стигнале во третото село каде луѓето повторно почнале да коментираат:

Сирот човек!

Цел ден работел, а жена му седнала на магарето.

И сирото дете!

Којзнае што го чека со таква мајка.

Кога ги чуле коментарите на селаните, мажот и жената решиле сите тројца да се качат на магарето и така да го продолжат патот.

Кога стигнале во следното село ги чуле мештаните како коментираат дека на сиротото магаре ќе му пукне кичмата од преголема тежина.

Засрамени од коментарите на мештаните, сите тројца се симанале од магарето и одлучиле да пешачат покрај него.

Кога проаѓале низ следното село, не можеле да им поверуваат на коментарите на мештаните кои им се смееле:

Погледнете ги само овие три будали... одат пешки,

а имаат магаре кое би можело да ги носи .







ПОУКА :

Што и да направиш, секогаш ќе те критикуваат и ќе зборат лошо за тебе...



Тешко е на сите да им се угоди, а и тешко е да пронајдеш некој на кого ќе му бидеш добар баш онаков каков што си.



Пушти го селото нека озборува...



Пеј, смеј се, играј, љуби и уживај во секој момент од својот живот...



Ако на својот пат до целта застануваш да го удриш со камен секое куче кое на тебе ќе залае...

никогаш нема да стигнеш до целта...


ЈАКО ПОУЧНА ПРИЧА. Или на нашки кажано

КУЧИЊАТА ЛААТ, КАРАВАНОТ СИ ВРВИ!

исто и... Позади добриот коњ, прашина се крева! И тоа голема!

Затоа, како што вели приказната Enjoy!
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
230
Поени од реакции
9
:jaj:Нормално е што во секое село различно збореле, на едните едно им пречело на другите друго:toe:...Не може сите исто да размислуваат и да гледаат на исто работите.:jaj:

:coffee:Живеј си го животот за тебе, не за другите...:wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom