90% блиску е само фантазија, обично тие бројки се случуваат затоа што луѓето кои ја купуваат копијата го немаат оргиналот за да направат ДИРЕКТНА споредба, кога мирисаш и споредуваш од меморија (како мирисал оргиналот) се случува да мислиш дека се многу блиску, кога ќе ги ставиш еден до друг и ќе направиш споредба ќе бидеш среќен со 50%, и не само тоа, голем дел од нотите, НЕ СЕ ни присутни во копиите, подобро ти е да си купуваш поефтини дизајнери, од оргинали него копии според мене. За перформанси, не се замарај премногу, сепак си почетник и тоа не треба да ти биде голем приоритет, The One има слаба проекција, тоа е точно, ама спаѓа во парфемите кои секој почетник треба да ги проба, трае некои 6-7 часа.
Ирис e одлична нота, и јас го сакам, DHI е одличен, а исто така одличен е Prada L Homme, за потопли денови, е сега перформансите и на него не се нешто одлични, ама мириса супер.
За цените, и скапите nice парфеми, иди на квалитет наместо квантитет, или пробај со деканти, по мое мислење, пре би имал 3-4 врвни niche деканти наместо 1-2 боци просечни парфеми, или копии, имај во предвив дека асалните niche, со 2 спреја траат повеќе него дизајнер со 10, па така цената по милилитар, драстично опаѓа и е во полза на niche.