Стрелец
El Mariachi
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 910
- Поени од реакции
- 10
Па добро, нели требаше партиите консензуално да ги изберат 5-те кандидати? Што се случи со таа иницијатива на Бранко Црвенковски? Нели сите ја прифатија, вклучувајќи ги и владеачките партии?
Нели е ова класичен пример на партизација на судството во Македонија?
Избрани тројца членови на Судскиот совет
Љубомир Бобевски, Лина Петрова и Бујар Сабриу се новите членови на Судскиот совет. Вака одлучи владејачкото мнозинство на собраниската Комисија за избори и именувања.
На неочекуваната седница, одржана денеска, опозицијата жестоко обвини дека со ваквиот пресврт Груевски сака да го партизира и судството. Обвинија дека првиот, Бобевски, е близок до ВМРО-ДПМНЕ, Петровска до НСДП, а Сабриу до ДПА.