Парите како долг

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ајде едно мало едукативно цртано филмче посебно го препорачувам на тие со Економски факултет што студираат или имаат завршено, повеќе ќе научат тука отколку што им вреди цел факултет:

http://video.google.com/videoplay?docid=5352106773770802849#
 
Gold is money... everything else is credit- J. P. Morgan.
Најголемиот дел од денешниве пари се кредитни пари, а кредитот е долг :)
Мислам дека знам за што отприлика би било филмчево ... Фала на препораката, мислам дека вреди да се погледне.
 
Ајде едно мало едукативно цртано филмче посебно го препорачувам на тие со Економски факултет што студираат или имаат завршено, повеќе ќе научат тука отколку што им вреди цел факултет:

http://video.google.com/videoplay?docid=5352106773770802849#

тебе друже у маало аристотел да не те викаат?
Да беа парите само предмет на учење на економистите немаше да има потреба ни да постојат таквите факултети туку сите ќе беа економисти и ќе се едуцираа од ваквите филмчиња.
 
Од што имаме јаки економисти затоа економијава супер ни е.

Јас од вакви филмчиња знам дека немаше да има девалвација и немаше, а академскиот граѓанин со економски факултет викаше дека ќе има, со сета должна почит кон нејзе ама излезе дека факултетот не и вреди многу....

Ако го прочита ова ќе ме риба сега лелеееееееееее се ребрам....
 
една ласовичка не носи пролет пријателче ...има и такви што кога ке им цркне мониторот мислат дека им се избришало и се од компјутерот а има и уште по трагикомични случаи, ама неможеш ни ти ни јас ни било кој друг да си земе за право заради таквите да омаловажува цела една институција. На економските факултети има различни смерови. Има и такви кој и не се насочени кон парите и финансиите и за нив е тоа само лекција која треба да се прочита а не и да се научи. Затоа во иднина зборувај за поединци а не за цели институции. Ипак економисти не дозволиле и не дозволуваат да дојде до девалвација на нашата парична единица затоа што имале на располагање инструмент кој им дозволува да го врзат денарот со некоја друга валута (во нашиот случај еврото) како и многу други слични инструменти.
 
Институциите економски факултети ни се успешни како што ни е економијата успешна, тоа е јасно како ден и ноќ.

Со Газа не споредуваааат ејјјјјјјјјјј, а Газа е воена зона.
 
абе ти брат стварно си бил експерт по економија :) ај не туку треси зелени ...местото на економистите не е во политиката туку во претпријатијата и во бизнисот. Тие преку нивната успешност кажуваат колку се способни нашите економисти. А тоа што националната економија ни е таква каква што е е благодарение на поединци кои благе везе немаат со економија
 
Да тоа се поединци професори на факултети кои што имаат седено во министерски фотељи скоро во сите влади и кои ја имаат креирано националната економија, а и штанцаат студенти со безвредни дипломи.
 
И што има везе тоа што штанцаат дипломи, колку вреди економскиот факултет во Македонија со филмчево ?
За споредбите со газа ... што е важно ако некој не споредува со газа. Може некој и со марс да не споредува али тоа нема везе.
 
Е си ме насмеал е шо има везе де, сега едно допаднување ќе стегнам.
 
Тоа се однесуваше за темава... си отворил асална тема и сам си ја за*буваш со тапа чаршиски муабети.
 
Од што имаме јаки економисти затоа економијава супер ни е.

Јас од вакви филмчиња знам дека немаше да има девалвација и немаше, а академскиот граѓанин со економски факултет викаше дека ќе има, со сета должна почит кон нејзе ама излезе дека факултетот не и вреди многу....

Ако го прочита ова ќе ме риба сега лелеееееееееее се ребрам....
Државата ја водат политичари а не eкономисти. А економските законитости се сурови и некој да води само економија без да води сметка за социјала брзо ќе биде сменет и би бил неуспешен политичар.

Најдобро платените места ги држат економисти, сигурно не се едуцирале од "филмчиња" како тебе. Што се однесува до девалвација, тоа е прашање на одлука, не може да знаеш освен ако не се дружиш со Гувернерот. И денес некои економисти сметаат дека треба девалвација, други не, на извозниците им одговара девалвација, на оние што увезуваат не...
 
Најдобро платените места ги држат економисти, сигурно не се едуцирале од "филмчиња" како тебе. .

Ги држат тие што знаат најдобро да ги фингираат бројките, па од добивка фирмата да се прикаже на нула или во загуба за да не се исплати дивиденда на малите акционери, ако тоа се смета за успешност супер сме, џабе споредби со Свазиленд и Џибути.

И да предвидлива е девалвацијата исто како и инфлацијата, благодарение на тие филмчина гледај ги и ќе разбреш.

Паааааа девалвацијата е повеќе политичка отколку економска одлука, ама покрај економија малку и од политика чепкам јас.....
 
или во превод од се по нешто и на крај сето тоа нешто е уствари ништо :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom