Панета: Војската на САД подготвена да се соочи со заканите на Иран

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Панета: Војската на САД подготвена да се соочи со заканите на Иран
Американскиот секретар за одбрана Леон Панета денеска изјави дека американската војска е целосно подготвена да се соочи со секоја закана на Иран дека ќе го затвори стратешки важниот Ормуски Теснец.
Панета рече дека засега не се преземени конкретни чекори за зајакнување на американските сили во регионот, истакнувајќи дека дипломатско решение со Иран и натаму е можно.

- Ние во овој момент не преземаме никакви конкретни чекори за да одговориме на оваа ситуација. Зошто? Искрено говорејќи, затоа што во целост сме подготвени веднаш да ја решиме таа ситуација, рече Панета.

САД тврдат дека нема да дозволат Иран, како што се закани минатиот месец, да го затвори овој мореуз, преку кој се транспортира околу 20 отсто од нафтата во светот.
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Додека не завршат со ракетниот штит не почињаат. Тоа е и целта на Ракетниот штит. Во спротивно Израел ќе го наебе.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
И да не го затворат Американците ке најдат друга причина за напад. Само времето е во прашање, кога ке се комплетно подготвени, сега ја изготвуваат стратегијата која нема да ја остават попусто да им пропадне. На жалот битката е добиена Америка-Иран 1-0 сега за сега а кога ке се присоединат Велика Британија, Италија и Франција 4-0. Не им вредат парите на Ирановци, кај што има сила нема правдина.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
neka se tepaat, nam ne ni mislat arno ni ednite ni drugite, ednite se pijavici koi cicaat krv (pari ) od kogo stignat , a drugite se izvor na radikalniot islam, samo ne znam koi od dvete zla se polosi za nas
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421

Не дека мислам дека режимот во Иран ќе преживее евентуална инвазија од САД, но сакам само да напоменам дека во регионот има доста Персиски народ надвор од Иран кој ќе биде спремен на ова сценарио. Тргнувајќи од Пакистан кој има доста пашту население, па после Авганистан, кој е целосно Пашту и антиамерикански разположен, преку Таџикистан, шиитите во Ирак, Курдистан, па и веќе непријателски расположените, Сирија, Либан и Газа.

Искрено не верувам дека ќе се случи воена интервенција дека САД би изгубиле доста локални подржувачи и би се замериле со Русија кој е голем подржувач на Иран и има интереси во регионот околку каспиското море. Све на све тоа е територија на Русија и не верувам дека ќе биде чепната. Препуцавањата мислам дека се од дневно-политички аспект, Во Иран нема критична маса која е цврсто против режимот, што е потребна за подоцна да се држи таа територија под контрола (како на пример Курдите и Шиитите во Ирак, или пак северната алијанса во Авганистан). Населението е компактно. Од друга страна ако Иран сакал нуклеарно оружје, досега ќе создадел или ќе купел од Русија. А ако досега го нема тоа сторено до сега, тоа е само доказ дека Русите успешно ги држат конците во Иран.

Едноставно верувам дека со време политичката ситуација со Иран ќе се смири. Израел и САД ќе попуштат, Хезболах и Хамас постепено ќе се смират и ќе се политизираат слично како и Ал Фатах.

И се надевам дека сум во право за ова, дека дестабилизација на регионот би била доста незгодна во светски рамки.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Се ближи крајниот конфликт, спремете се. Целиот свет врие.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
шиитите се многу многу по опасни од сунитите, Иран е голем залак за американците..
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.436
Поени од реакции
5.129
Моменталната ситуација во Арапско море:

Уште еден ваков е на пат да им се придружи на двата...
Ова преставува концентрирање на воената сила.
Една испукана ракета од Иран врз танкер и ќе навлечи на грб 200 Американски авиони само од носачиве.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Не дека мислам дека режимот во Иран ќе преживее евентуална инвазија од САД, но сакам само да напоменам дека во регионот има доста Персиски народ надвор од Иран кој ќе биде спремен на ова сценарио. Тргнувајќи од Пакистан кој има доста пашту население, па после Авганистан, кој е целосно Пашту и антиамерикански разположен, преку Таџикистан, шиитите во Ирак, Курдистан, па и веќе непријателски расположените, Сирија, Либан и Газа.

Искрено не верувам дека ќе се случи воена интервенција дека САД би изгубиле доста локални подржувачи и би се замериле со Русија кој е голем подржувач на Иран и има интереси во регионот околку каспиското море. Све на све тоа е територија на Русија и не верувам дека ќе биде чепната. Препуцавањата мислам дека се од дневно-политички аспект, Во Иран нема критична маса која е цврсто против режимот, што е потребна за подоцна да се држи таа територија под контрола (како на пример Курдите и Шиитите во Ирак, или пак северната алијанса во Авганистан). Населението е компактно. Од друга страна ако Иран сакал нуклеарно оружје, досега ќе создадел или ќе купел од Русија. А ако досега го нема тоа сторено до сега, тоа е само доказ дека Русите успешно ги држат конците во Иран.

Едноставно верувам дека со време политичката ситуација со Иран ќе се смири. Израел и САД ќе попуштат, Хезболах и Хамас постепено ќе се смират и ќе се политизираат слично како и Ал Фатах.

И се надевам дека сум во право за ова, дека дестабилизација на регионот би била доста незгодна во светски рамки.
Јас се надевам да твоето верување премине во реалност. Како и секој интелектуално воспотан дечко ја презирам војната. Но статистиките на Американците покажуваат друго, секоја замерка што ја имаат ја решавват на '' мирен'' начин. Во оваа битка ако ме прашувате мене - Американците не ги подржувам, ама во никој случај за талибанците. Имам идоли од овој тип на диктатори, ама ги оправдувам гестовите како провокација што ги упатуваат. А за време на војна не би сакал да победат, катастрофално ке биде за светот.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Јас се надевам да твоето верување премине во реалност. Како и секој интелектуално воспотан дечко ја презирам војната. Но статистиките на Американците покажуваат друго, секоја замерка што ја имаат ја решавват на '' мирен'' начин.
Ако погледнеш наназад 10тина години САД само им ги решава проблемите на Иран, прво го реши Талибанскиот режим во Авганистан, што беше непријателски настроен кон Иран, после тоа го реши режимот во Ирак исто така непријателски настроен кон Иран.
Мене во последните 10 години ми изгледа како САД и Иран да се партнери :)

Во оваа битка ако ме прашувате мене - Американците не ги подржувам, ама во никој случај за талибанците. Имам идоли од овој тип на диктатори, ама ги оправдувам гестовите како провокација што ги упатуваат. А за време на војна не би сакал да победат, катастрофално ке биде за светот.
Секако неможеш да го споредиш Талибанскиот режим во Авганистан, кој беше Арапска инсталација на Персиска територија која фактички делуваше како окупациона сила и имаше доста јак непријател со голем дел од територијата која и не ја контролираше. Иако Иран е компактен и речиси без внатрешни непријатели, секако неможе воено да се носи со САД. Но САД никогаш нема да освојува територија со компактно население, без внатрешни партнери, на кои може да им ја даде власта. Може да има бомбардирање и слично одмерување на сили (поточно покажување заби) ама навлегување и поголема дестабилизација не верувам дека може да има сега за сега.
--- надополнето: 20 јануари 2012 во 02:18 ---
Само сакам да напоменам да имате на ум дека исто така не верував дека Гадафи ќе падне :)
 
M

Muranyi

Гостин
neka se tepaat, nam ne ni mislat arno ni ednite ni drugite, ednite se pijavici koi cicaat krv (pari ) od kogo stignat , a drugite se izvor na radikalniot islam, samo ne znam koi od dvete zla se polosi za nas
Да бе пријател и мене ми е гајле и за Америка и за Иран ама тој евентуален конфликт ќе се одрази и врз нашиот џеб.Ти сакаш да плаќаш нафта по трипати повисока цена од сегашната?
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
Да бе пријател и мене ми е гајле и за Америка и за Иран ама тој евентуален конфликт ќе се одрази и врз нашиот џеб.Ти сакаш да плаќаш нафта по трипати повисока цена од сегашната?
---- vozam na plin ;)
--- надополнето: 21 јануари 2012 во 09:58 ---
Да бе пријател и мене ми е гајле и за Америка и за Иран ама тој евентуален конфликт ќе се одрази и врз нашиот џеб.Ти сакаш да плаќаш нафта по трипати повисока цена од сегашната?
--- a se gream na drva , od mojata korija od seloto
 
Kajgana Shop

На врв Bottom