Падна визната бариера за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата експерт
  • Време на започнување Време на започнување
Sekoi chovek ima pravo da putuva slobodno i da jivee kadeto saka-toa e zapisano vo hartata na pravata na chovekot.
Radvam se sto makedonzite mogat da patuvat veke svobodni
 
Во ЕУ влегување преку братска Словенија,никако преку Унгарија(тешки кретени).:toe:
Дефинитивно. Малтретирање до даска. Не дека и Словенците се нешто многу, многу поарни, сепак сметам дека колку-толку имаат поголеми симпатии кон нас Македонците.:)
 
Koito saka da nema maltretirane i 4ekane ,da patuva so avion..Em pobrzo-em po evtino..Ako zemesh bilet 2-3 meseza porano ke struva okolu 50-60Euro.Sega ima mnogu niskotarifni kompanii - EasyJet , Eir Berlin , Germanwings , Lauda Eir , Wizz , United-koi letat nasekade vo Europa
 
Koito saka da nema maltretirane i 4ekane ,da patuva so avion..Em pobrzo-em po evtino..Ako zemesh bilet 2-3 meseza porano ke struva okolu 50-60Euro.Sega ima mnogu niskotarifni kompanii - EasyJet , Eir Berlin , Germanwings , Lauda Eir , Wizz , United-koi letat nasekade vo Europa
Овие се ептен добри,повеќе пати со нив имам летано,добри се.
 
Koito saka da nema maltretirane i 4ekane ,da patuva so avion..Em pobrzo-em po evtino..Ako zemesh bilet 2-3 meseza porano ke struva okolu 50-60Euro.Sega ima mnogu niskotarifni kompanii - EasyJet , Eir Berlin , Germanwings , Lauda Eir , Wizz , United-koi letat nasekade vo Europa

Секаде во свет ама не кон Скопје и Охрид за нас сеуште евтините билети се мислителна именка, но можеби и со паѓање на визната бариера и во авиосообраќајот нештата ќе се сменат па ќе може и ние како луѓе да патуваме за пристапни цени...Инаку во европа со раинеир се патува и за еден цент...
 
Тргната е една точка од дневниот ред на сите нас. Свршивме сите! И тоа на задоволство на поголемиот дел! Оние пак што не свршија или пак ова доволно не ги возбуди нека продолжат со самозадоволување уште некој ден, тогаш сигурно ќе свршат... на задоволство на грците! Нас и онака одамна не не палат луѓе, со настрани желби!

П.С. Ова е мал чекор, но добро е што бевме упорни и решивме после сите периптии да го направиме... во тоа е убавината!
 
Секаде во свет ама не кон Скопје и Охрид за нас сеуште евтините билети се мислителна именка, но можеби и со паѓање на визната бариера и во авиосообраќајот нештата ќе се сменат па ќе може и ние како луѓе да патуваме за пристапни цени...Инаку во европа со раинеир се патува и за еден цент...

Ne znam kak e voMakedonija ,no smetam deka ako ima mnogu jelaeshti za patuvane i turisti do 1-2 godini moje i da otkriat poleti..
Ako zemesh bilet dovolno rano ,ponekogash moje da bide i 0 Euro :-) no se plashta taksa na Aerodromot koi sekogast e okolu 25 Euro.. Taka sto vo dve posoki-otivane i vrakjane e okolu 50 E.
 
ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА СО 300 ГЛУПОСТИ:toe:


За десет дена во Германија мора да имате 450 евра,гарантно писмо,банкарска гаранција и уште многу работи
Потребно е и патничко здравствено осигурување (најмалку
13.gif

30.000,- евра
13.gif


Дел од амбасадите на земјите кои се во шенген зоната по одлуката за укинување на визите за македонските граѓани истакнаа соопштенија за тоа што ќе им биде потребно на граѓаните кога ќе патуваат

ED2F2E7D3E8CE140911712179C2F1E8F.jpg
По укинувањето на визите за македонските граѓани, кое ќе стапи на сила на 19 декември, дел од амбасадите во земјава на своите веб страници веќе истакнаа известувања што е потребно за влез во нивните земји.
Ако патувате во Германија на веб страната на амбасадата ќе најдете детални податоци што е потребно да имате со себе. При безвизното влегување, а по барање на граничните установи треба да се прикажат докази во врска со финансирањето на престојот и на патните трошоци како и докази за намерата на патувањето". На пример, германската гранична служба може да побара доказ за намера за патувањето, па ако е туристичко да побара резервација за хотел, ако станува збор за деловно патување потребна е потврда од фирма во Германија, покани за конференции, семинари или средби со деловни партнери итн. Доколку пак посетата е кај пријатели, роднини, потребна е покана.
Во делот на финансиските средства се бара лицето да има средства во готово, односно 45 евра по ден, гарантно писмо од Германија или травел чекови. Оттука ако сакате да престојувате во Германија десет дена мора со себе да имате 450 евра. Гарантни писма кои треба да се покажат, како што информира амбасадата, според Законот за престој се издаваат исклучиво во управите за странци во Германија, а при влегување треба да се покажат во оригинал. Потребно е и патничко здравствено осигурување (најмалку
13.gif

30.000,- евра
13.gif
треба да бидат покриени, важат за сите Шенген-држави), авионска карта за одење и враќање (во рамките на рокот од 90 дена) и биометриски пасош (пасошот треба да има важност од уште најмалку 3 месеци при излегувањето).
- Овие докази треба да се покажат при влегување во територијата на шенген-државите ако тоа го барат граничните служби. Упатуваме на тоа дека лице кое не располага со потребните финансиски средства за својот престој и своето патување, може да биде вратено односно да му се забранува влез. Тоа важи и за лица кои не се во можност да ја докажат намерата на своето патување односно својот престој, се вели во соопштението на германската амбасада.
Сепак, од некои амбасади велат дека не гледаат дополнителна потреба од ваков вид на информирање на граѓаните. Оттаму објаснуваат дека се потребни кампањи во јавноста за информирање на граѓаните. Делегацијата на Европската унија за таа намена веќе подготови флаери на македонски, албански и англиски со што се информираат граќаните за потребните документи, земји во кои може да се патува без виза.
Од дел од амбасадите појаснуваат дека и досега кога се влегуваше со визи, граничната служба на земја членка на ЕУ имаше право да побара дополнителен доказ на лицето кое патува. Исто е и сега доколу се оцени за потребно ќе биде побаран дополнителен доказ. Но тоа се исклучоци, велат од дел од амбасадите на земји членки на Европската унија.
Во регулативата со која Македонија се префрла од црната на белата шенген листа се вели дека "граѓаните се ослободени од обврската за вадење визи за краткорочен престој", но без можност да работат во држави членки на ЕУ. Значи се подразбира престој во шенген зоната не подолг од вкупно 90 денови, во период од 180 дена сметано од денот на првиот влез. За престој подолг од 90 дена, поради вработување, студирање или поради подолг приватен престој, потребно е државјаните на Република Македонија да аплицираат за долгорочна виза или за дозвола за престој, во најблиската амбасада или конзуларно претставништво на земјата во која патуваат.
(С.Д.)

ПРОГНОЗА: Само во јануари над 25.000 Македонци ќе ја напуштат земјава

Најлесно до работа во Норвешка, најтешко во Шпанија

3C35251A5997BC4188E2071CD6C4242C.jpg
Голем број невработени лица во земјава гледаат спас во визната либерализација. Според последниот извештај на Балкан Галуп, една четвртина од Македонците изразиле подготвеност да ја напуштат земјава. Две третини од испитаниците што сакаат да заминат, одговориле дека дека не сакаат трајно иселување од земјава, туку само привремен престој и печалба во странство.
Агенциите за вработување за дома и надвор од државата, прогнозираат одлив на околу 25.000 лица во втората половина од јануари. Според агенциите за посредување на работа, најголем интерес за работа надвор од Македонија изразиле лицата од 23 до 40-годишна возраст. Повеќето од нив се средна класа, а помалку од специјализирани кадри, особено оние што не можат да најдат работа дома.
Сепак, наоѓањето работа во странство и брза заработка не е толку едноставно како порано. Побарувачката на работна сила значително е намалена по приемот на повеќе источноевропски земји во Унијата во 2004 и 2007 година, кои го пополнија пазарот на евтина работна сила во побогатите членки.
Во година на економска криза, службите за вработување во европските земји во моментов нудат 450 илјади работни места помалку во споредба со истиот период минатата година, кога официјално имало 1,2 милиони слободни работни места.
Од почетокот на економската криза во ЕУ, без работа останаа околу четири милиони лица, со што стапката на невработеност во септември достигна 9,2 проценти, или вкупно над 22 милиони лица.
Во западниот дел на еврозоната, ситуацијата е најлоша во Шпанија, која достигна невработеност од 19,3 проценти. Шпанското стопанство беше тешко погодено од колапсот на градежништво. Во гранката, која се базира на физичка работа, една третина од вработените се сезонски работници. Во Шпанија особено е алармантна стапката на невработеност кај младите. Во септември без работа беа 41,7 проценти од лицата до 25 години.
Регуларна работа најлесно може да се најде во Норвешка, чиј пазар на труд нуди најмногу можности. Стапката не невработеност е само 3,2 проценти. Норвешка во овие тешки времиња се потпира на богатите резерви на нафта и гас и најмногу вработени има токму во секторот за експлоатација на нафта. Втора според најнискиот степен на невработеност во Европа е Швајцарија, чија предност е разновидната структура на стопанството, иако главно се потпира на банкарскиот сектор. Добро се држат и Австрија и Холандија, иако и таму кризата остави траги. (Д.М.)


КОЛКУ ПАРИ МОЖЕ ДА СЕ ИЗНЕСАТ И ВНЕСАТ ВО И ОД ЗЕМЈАВА

Преку граница со кеш до 2000 евра!


Македонските граѓани, согласно Законот за девизно работење, при излез од земјава можат да изнесат ефективни странски пари во износ до 2.000 евра. За износи од 2.000 до 10.000 евра, средствата мора да ги пријават на царинските органи на самиот излез од државава, како и да поседуваат соодветни документи.
Исто така и при влез во земјава граѓаните можат слободно да внесат ефективни
странски пари во износ до 10.000 евра, а над 10.000 евра внесувањето се врши
согласно одредбите од Законот за спречување перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам. И при влегувањето како и при излез, граѓаните се должни се да ги пријават парите на царинската контрола за што задолжително добиваат писмена потврда.
Девизните средства од 2.000 до 10.000 се изнесуваат со потврда од овластена банка или менувачница за купени странски пари или врз основа на потврда од банка за подигнати девизи од девизна сметка. Потврдата важи до првото преоѓање на границата, а најоцна до 90 дена од денот на издавање на истата.
При службено патување во странство, може да се изнесат онолку девизи колку што стои во налогот за извршување на дознаката во странство, а утврден врз основа на одлука за патување во странство, во која се назначени: земјата во која се патува, целта на патувањето, колку лица патуваат и времето на престој во странство, како и висината на потребни средства за престој на службен пат, при што износот не смее да надминува 10.000 евра по лице.
Според законот изнесувањето на ефективни странски пари над 10.000 евра е забрането. (В.М.Б.)


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7723...98D900802D3CEF
 
ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА СО 300 ГЛУПОСТИ:toe:


За десет дена во Германија мора да имате 450 евра,гарантно писмо,банкарска гаранција и уште многу работи
Потребно е и патничко здравствено осигурување (најмалку
13.gif

30.000,- евра
13.gif

И?
колку години имаш?
си аплицирал досега за виза?
еве да речеме немаш 450 евра .. со без пари ли ќе патуваш ? како ќе преживееш? кај ќе спиеш?
патничко осигурање кое покрива 30 000 евра :toe: шо е чудно :tv: тоа кошта одприлика 1евро на ден ... значи ако планираш да седиш 20дена плаќаш одприлика 20евра за тоа патничко осигурање кое покрива трошоци за недајбоже да се повредиш до 30 000 евра :toe:

незнам шо е тука страшно :tv:

Едит: Ако мислиш дека можеш да поминеш со 100евра 10 дена врати си кусур 350дома :tv:
 
Честито.

Само да ви предупредја да не очаквате много от ЕС; единственото хубаво е,че можеш да п'туваш свободно из цјала Европа,ама всичко останало.. Ние откакто влјазохме,обеднјахме двојно,обраха ни реколтата и за нас ништо не остана..
 
Честито.

Само да ви предупредја да не очаквате много от ЕС; единственото хубаво е,че можеш да п'туваш свободно из цјала Европа,ама всичко останало.. Ние откакто влјазохме,обеднјахме двојно,обраха ни реколтата и за нас ништо не остана..

Немој така да зборуваш, ќе го срушиш митот за ЕУ за којшто некои од тука се подготвени да дадат и име, и фамилија, и газ ако треба.
 
Честито.

Само да ви предупредја да не очаквате много от ЕС; единственото хубаво е,че можеш да п'туваш свободно из цјала Европа,ама всичко останало.. Ние откакто влјазохме,обеднјахме двојно,обраха ни реколтата и за нас ништо не остана..

:pos2::pos2::pos2: ...обраха ни реколтата и за нас ништо не остана...:pos2::pos2::pos2:
Баси простотијата!
 
:pos2::pos2::pos2: ...обраха ни реколтата и за нас ништо не остана...:pos2::pos2::pos2:
Баси простотијата!

Јас би рекол првиот доблесен Бугарин/ка кој си дозволи реално да каже на форумов која е разликата меѓу периодот кога Бугарија беше само кандидат и откако стана членка на ЕУ.
Она со осигурувањето нема врска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom