ПОСЕБНОСТА на МАКЕДОНСКИОТ ЕТНОС

Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Темава ја отварам со цел да се даде една јасна слика за посебноста на Македонскиот етнос и неприпадноста кон никого.

Сите документи во историјата можат да бидат напишани по нарачка уште од времето кога биле напишани, пропаганди постоеле отсекогаш и ќе постојат.

Затоа ќе ги оставам сите документи настрана, сите личности кои се бореле за ова или она и ќе побарам да се концентрираме на она што стварно го претставува Македонскиот етнос.

Јас ќе почнам со јазикот, а другите нека продолжат со музиката, танците, обичаите или веќе што мислат дека тоа е чисто Македонска карактеристика.

Дали сме Словени, Македонци или мешано, не навлегувам, едноставно ќе дадам пример за посебност во континуитет.

.... Од Македонското средновековно ракописно наследство, за жал, денес малку е останто во Македонија. Преку разни канали тоа е однесено надвор од Македонија и се наога по белосветските архиви. Некои од нив се раскинати на неколку делови, кои денес се чуваат во разни центри. Пример е ракописот на Слепчанскиот апостол, чии делови се наогаат во неколку ракописни збирки, Санкт-Петербург, Москва, Киев и Пловдив. Нашите источни и северни соседи често ги присвојуваат македонските ракописни споменици. Но, независно од етикетите што им ги лепат, во тие ракописи е втиснат неоспорен Македонски печат.

Таков еден ракопис на пергамент од 88 фолии е Македонскиот Струмички Апостол. Околу 1830 година тој подпаднал во збирката на Шафарик. Ракописот сега се чува во Народниот Музеј на Прага. Павел Ј. Шафарик во Pamatky hlaholskeho pisemnicvi од 1853 кратко го опишува ракописот на латински Praxapostolus Macedonicus seu Strumicensis, duodecimo exeunte seu tertio decimo ineunte ( 12век или 13век). Тој констатирал дека таква лексика не сретнал.

Овој апостол го проучувале и други видни лингвисти, Срезневски, Воскресенски, Вондрак, Лавров, Цонев, Карски, Младенов, Курц и др. Јиржи Поливка напишал и опширна студија за него Paleographische, gramatische und kritische Eigentumlichkeiten in dem Makedonischen Praxapostolus, 1887.

Жално е што средновековното творештво е изнесено надвор од Македонија, но во секое зло се наога добро. Ако дел од тие ракописи останеле, судбината би им била неизвесна. Фанариотските владици сметале дека му принесуваат жртва на Бога ако уништуваат Словенски ракописи. Манастирските фурни се ложеле со Словенски ракописи, а потоа со недели наоколу мирисало на изгорена кожа. Потомците на овие владици, денес го негираат Македонскиот јазик, нарекувајки го јазикот на Скопје.

Струмичкиот Македонски Апостол, чиј оригинал се чува во Прага, нека им послужи на соседите како одговор на посебноста на Македонскиот јазик дури од 13век, со сите правописни одбележја.

Значи без разлика кој за што се пишувал, каква пропаганда спроведувал, за што се сметал - oстанува фактот дека Македонскиот етнос е посебен.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
E ова не го знаев.

Hешто повеќе господине и пратката те молам.
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Струмичкиот Апостол, е наречен Македонски, по јазикот на кој е направен тој препис. Препишувачот слабо го познавал стандардниот Словенски и пишувал на говорен јазик, со тоа го открил карактерот на Македонскиот јазик од 13 век. Нема таму Македонец или нешто слично, туку јазикот е определба за посебност. Тоа се црковни текстови, евангелија.

Нема јас што да постирам, одете во вашите библиотеки, сигурно ке ја најдете студијата за Струмичкиот Апостол. Или пак барајте во Прага.

Штом во 1850 и 1890 е наречен Македонски од лингвисти кои не се од Балканот, значи постоел посебен Македонски етнос во границите на етничка Македонија. Ако беше бугарски ќе го наречеа, Чудниот бугарски запис од Струмица.
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Благодарност до модераторот кој не дозволува разводнување на темава.

Покрај Струмичкиот Апостол, а од особено значење за нас, под раководство на Охридската Архиепископија во втората половина на 16век, Пелагонискиот Епископ Григориј го превел зборникот на поучни проповеди од Дамаскин Студит на црковнословенски со многубројни елементи од народниот говор.

Неговиот превод во обем од 1100 ракописни страни е познат во науката како Македонски превод на Дамаскинот. Во тој текст се среќаваат многубројни типично Македонски лексички и граматички особености, различни од оние на соседните словенски јазици, веќе оформени во 16век.
 
A

anaveno

Гостин
Tерминот "словенски" е не-соодветен.

Mакедонските црковни ракописи се разликуваат од македонскиот народен говор, што е разбирливо, бидејќи се работи за верска тематика. Hо не до толку,за да бидат издвоени од јадрото на македонскиот јазик. Kарактеристика е дека се пишувани со јужно -македонските дијалекти.

Hајраните зачувани ракописи, пишувани со глаголица и кирилица, преведени, покажуваат чисто Беломорски дијалекти (Солунско,посебно селата околу него). Hекои спомнуваат дека личеле и на моравски дијалекти...и нормално дека ќе личат, ама тие се напишани надвор од Македонија, т.е. вон границите на Македонското говорно подрачје што забораваат да го напомнат.

Cекој што ги негира Mакедонците, ќе ги нарече словенски, бугарски и уште како не. Пример за тоа дека најстарите Македонско-црковни ракописи се Македонски, е најстариот ракопис -- Асемановото Евангелие -- во кое се набројани голем број чисто Македонски Светители, а кој се наоѓа во Ватикан. Hеговиот превод, кој го правеле слависти од запад, читајќи го, јасно покажува, кој ги научил сите оние во светот (ние бре), кои го проповедаат Словото Божје испишано на Кирилица, и воедно, кој им ја дал Кирилицата (пак, ние бре)...

Hо една друга работа: скоро никој во МК (освен 2-3-ца) не занимава со појавата на Глаголицата.....што и претходело, и дали навистина било темнина???
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
Богомилските фамилии ја негуваат глаголицата; ги има неколку врсти, но аглестата глаголица е многу слична со розета камен.
Под слична подразбирам симболите се донекаде исто насликани. Hо чудно немаат исто значење
 
A

anaveno

Гостин
знае ли некој зошто,дека 2 века,по наводното описменување на словените,немаме никаков византиски извор за тоа?
 
A

anaveno

Гостин
знае ли некој зошто,Македонско-црквените писатели,НИКОГАШ,НИТУ ЕДНАШ не споменале НИЕДЕН ЕЛИНСКИ АНТИЧКИ СПОМЕН-ИК?
та нели биле Ромеи(Елини) Кирил и Методиј?...
 
A

anaveno

Гостин
знае ли некој дека,дури во СРЕДИНАТА НА 20 (ДВАЕСЕТТИ) ВЕК,ГРЧКАТА ЦРКВА ГИ ВПИША МАКЕДОНСКИТЕ СВЕТИТЕЛИ КАКО ЕЛИНСКИ СВЕТЦИ?...

но ако биле Елини,каде го научиле Македонскиот јазик,та дури да преведуваат и библиски книги?..
 
A

anaveno

Гостин
знае ли некој зошто во глаголицата,го има словото Ѕ..?
а зошто на пан-славските конгреси,се карале и се караат за словата К и Г,кои припаѓале на северно-македонските дијалекти,а пан-славсите извикувале и извикуваат-тоа е фалшливо...

зошто тој јазик,странските (реално) учени,не го класифицираат како старобугарски?
зошто дури измислуваат тези дека Македонско-Црковниот јазик бил како Коинето,т.е. смеса од повеќе јазици?..
 
A

anaveno

Гостин
дали е коинциденција испраќањето на Кирил и Методиј,кои претходно експресно научиле славски јазик (покрај останатите 4 јазици),(патем,незнам колку години им треба на модерниве слависти да го научат Солунскиот дијалект) и почеток на Македонската Династија во Источното Ромејско Царство (Бизантија)...

патем,Македонските Цареви од тој период биле нарекувани Слав..од арапските хроничари...

ако биле Слав,не биле Елини..ако не биле Елини,туку Слав,како тоа учеле славски јазик?..
 
A

anaveno

Гостин
Глаголицата е создадена непосредно по победата над иконоборството. Bо одделни букви се забележува христијанско влијание,што јасно наговестува одредена мотивираност. Па така може да се забележи крстот А, триаголникот и кругот.
буквите од глаголицата имаат и нумеричка вредност. Бројот и редот на буквите од глаголицата,не се совпаѓа со оние од грчката и семитската азбука.

Инвенторот на глаголицата, Константин Филозоф, држејќи се до традицијата за вредноста на почетните букви-бројки додал и четврта енеада,која започнува со буквата Ч која има најголема бројна вредност 1000. Bо глаголицата таа е претставена како чаша, путир, а од чашата се причествуваат верниците. Посебнота, високата бројна вредност, значело и присоединување не само кон христијанството, туку и кон писмените народи.
 
A

anaveno

Гостин
Станислав Станковиќ (2004:42) забележа дека бројот на Македонците во Србија од претпоследниот до последниот попис скоро се преполови. Така, во 1991 имаше 46046, а во 2002 само 25847. Вистинскиот и точен одговор на прашањето каде се загубија тие што се изјаснувале како Македонци засега уште не можеме да го дадеме. Нашите размислувања можат да одат во политичка и во социокултуролошка насока....

Поради сето тоа што го рековме, годинава ние пред Министерството за наука и култура на Република Србија конкуриравме со еден долгорочен проект во кој ќе биде обработена и темата Како Македонците зборуваат српски во Србија. Во тие испитувања сакаме да утврдиме дали дојде до промени во свеста на тие што порано, а и сега се чувствуваат како Македонци, што мислат за јазикот што го зборуваат, и најглавното, кој идиом и како го зборуваат.

Испитаник - Риска Сикора. Родена е во 1943 година во селото Станци, Кривопаланечко…
Од 1960 година, кога се омажила, се преселила во Велес и тука живеела до 1992 кога, поради неиздржлив живот со маж и, побегнала од него и дошла во Срем, во село Добановци, кај Белград, каде што живеела кај една баба од Врање и потоа се омажила за еден Словак (оттука сегашното презиме – Сикора). Таа завршила 4 одделенија основно училиште и работела како надничарка........

Мислам дека се важни и нејзините сфаќања во врска со јазикот на кој зборува. На моето прашање кои српски зборови не можела да ги разбере, таа ми одговори: "Па што знам, ја кат сам д'ошла кот б'аба и 'она је пр'ичала врањански.
Па н'е знам шта н'исам раз'умела, н'е могу да се с'етим."

Значи, од нејзиниот одговор се гледа дека во говорите во околината на Врање и Крива Паланка нема големи разлики (АФЕРИМ), а поголеми проблеми поради недоразбирање немало, бидејќи не се сеќава.

Меѓутоа, маж и не ја разбирал секогаш: "Па д'обро н'еки пут М'ишко н'е може да ме раз'уме: а шта ти је то, а што ти је то, н'ешто кат к'ажем макед'онски – ми к'ажемо п''алто, 'они с'ако, па к'аже шта ти је то п'алто, па к'ажем 'ево сако."

Жарко Бошњаковиќ

НЕКОИ ОСОБЕНОСТИ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА
(Што сочувале Македонците од својот јазик)
(Охрид, 15. VIII – 17. VIII 2005)
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Добро почнавме, Глаголицата, Климент стоел во одбрана на Глаголицата и велел дека е таа света азбука. Грците му велеле, зошто ти се 38 букви кога може и со 20 букви. Но тој одговарал дека Глаголицата ја напишал свет човек, затоа таа е света азбука. Глаголицата во Македонија постои до 13 век.

Добро започна, и јас цело време велам, каде се тие рецки-цртички на “словените“, неможе денес нема писмо, утре има. Кириловиот јазик е по потекло од Солунска околија, но бидејки сите го добиваат тој јазик, сите се филмаат многу, затоа давам примери подоцнежни каде што веќе постојат диференцирања и во црковните книги.

Има простор покрај јазикот и за Македонскиот ритам, потоа буквата Ѕ, тешкото, обичаите празниците. За тоа е темата, па нека читаат Македонците од бугарија, а и сите оние кои незнаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom