Колку само се различни аналитичка биохемија и применета хемија, како прво постојат предмети кои аналитичка биохемија воопшто не ги изучува, минерологија, препаративна органска, неорганска, експериментална аналитичка хемија, физика 1, физика 2, структура на атоми и молекули, методи за определување на молекулски структури (молекулска спектроскопија), електрохемија и корозија, хемија на комплексни соединенија, хемија на преодни елементи, теоретска органска хемија (имаат и биохемичари ваков предмет, али учат механизми за биохемиски рекации), хемија на животна средина, математички методи во хемија, хемија на хетероциклични соединенија, радиохемија... може заборавив некој.
Сакам да кажам дека применета хемија многу се разликува од биохемија, како прво многу е потешко, сосема различни редмети слушаат освен оние како Општа хемија, Органска 1 и 2, Аналитичка 1 и 2, физичка 1 и 2 и инстументална анализа.
Како и да е, ако повеќе сакаш биологија, можеш да се запишеш на биохемија, а ако сакаш онака „hardcore“ хемија, запиши се на применета.
Каде и да се запишеш нека ти е со среќа!