- Член од
- 30 декември 2005
- Мислења
- 1.190
- Поени од реакции
- 5
Според полициски извори, меѓу осомничените за трите случаи на нападнати средношколки со нож во Тетово, од кои двете беа и исечени и избодени по рацете и по нозете, веќе се идентификувани некои членови на секта
Министерството за внатрешни работи интензивно работи на оперативните сознанија дека последните три напади со нож врз тинејџерки и девојки во Тетово, кои се случија изминатите седум дена, се можеби дело на членови на некоја секта. Како што дознава "Вест" од полициски извори, меѓу осомничените веќе се идентификувани некои членови на сектата "Црна ружа".
Од МВР потенцираат дека во последно време меѓу младите во државава, па и во Тетово, се повеќе стануваат мода најразновидни, па дури и сатанистички секти кои влијаат крајно негативно врз нив. Со губење на сопствениот идентитет, со растројување на менталната структура, со доведување на младата личност до состојба да прави сатанистички ритуали, многу е лесно таа да се наведе на самоубиство или на напади врз други луѓе, објаснуваат нашите извори.
Стравот од сектите деновиве е главна тема и во тетовската чаршија. Тетовци коментираат дека младите забегуваат поради сиромаштијата и силната пропаганда на сектите. Официјално од СВР Тетово и вчера можеше да се чуе само: "Се уште немаме конкретни резултати, а кога ќе го фатиме сторителот ќе ја известиме јавноста".
Во меѓувреме, меѓу средношколките и нивните родители во Тетово не се смируваат вознемиреноста и стравот кои веќе прераснуваат во паника, со оглед на бавноста на истрагата. Телефоните на одделни такси-компании се вжештени од sвонења на родители кои бараат нивните ќерки да бидат префрлени или вратени со такси-возило до училиште и назад дома. "Зошто полицијата се уште не успева да ги спречи манијаците? Сега веќе и преку ден нашите девојчиња ги демне убиец со нож", коментираат вознемирени родители.
Од разговорите со некои од средношколките може да се чујат и поконкретни детали кои од полицијата се уште не се докажани. "Напаѓачот е млад човек, висок околу 183 см, послаб", велат некои од тетовските средношколки.
Во полициските тефтери е регистриран и детаљот дека досега сите напади се извршени врз девојки од македонска националност. "И напаѓачот кога им се заканувал на тинејџерките им зборувал на македонски јазик", велат ученички во тетовските средни училишта.
vest.com.mk
МВР ја засили тетовската полиција
Министерството за внатрешни работи им испратило засилување на тетовските полицајци во потрагата по локалниот Мевосек, кој досега нападна пет девојки од градот.
- Се преземаат сите мерки и се вложуваат максимални напори за пронаоѓање на сторителот - изјави Борче Пешевски, портпарол на МВР.
Целата тетовска полиција била на нозе, но според вчерашните информации, немаат трага од напаѓачот. Стравот на локалните жители зел се поголем замав. Меѓу тетовци вчера се раскажувале приказни за нови напади. Сепак, ништо не било пријавено во полиција.
vreme.com.mk
Полициски патроли околу училиштата во потрага по тетовскиот Мевосек
Разговаравме со неколкумина осомничени, но засега нема доволно докази дека некој од нив е напаѓачот, вели Љуљзим Шабани, портпарол на СВР Тетово
Министерството за внатрешни работи испрати засилување во Тетово, кое треба да и' помогне на локалната полиција побрзо да го пронајде непознатиот насилник познат како Џек Мевосек, кој веќе една недела сее страв низ тетовските улици.
Ова вчера го потврдија и од МВР, од каде што соопштуваат дека обрачот околу Мевосек се стега и оти набргу тој ќе се најде зад решетки.
- Бидејќи станува збор за животи на млади луѓе, МВР ги зајакна полициските патроли пред училиштата и други институции каде што има млада популација - објаснува Горан Павловски, шеф на кабинетот на министерот за внатрешни работи.
Тетовската полиција е комплетно мобилизирана и во последните два дена разговарала со неколкумина осомничени, чиј идентитет засега не се соопштува. Вештачењето треба да покаже дали некој од нив е Мевосек или тој е се' уште на слобода.
- Засега нема доволно докази дека некој од тие што ги повикавме на разговор ги извршил трите напади. Беше извршено и препознавање на лица, но се' уште се работи за да се утврди идентитетот на напаѓачот - вели Љуљзим Шабани, портпарол на СВР Тетово.
Шабани објаснува дека нема нови напади на девојки иако вчера тетовци шпекулилираа дека имало и други случаи.
Во минатата недела локалната полиција уапси еден осомничен, но тој деновиве беше ослободен оти вештачењето покажа дека станува збор за погрешна личност.
Во тетовската полиција објаснуваат дека ножот што бил пронајден не му припаѓал на напаѓачот туку на некое друго лице и поради тоа не можел да биде употребен како доказ, а тоа го покажала и анализата на крвта.
За една недела три девојки пријавија во полиција дека непознат насилник ги нападнал со нож. Две од нив завршија во болница, а завчера храбрата А.Ј. успеа да избега неповредена. Во сите три случи станува збор за млади девојки - две на возраст од 17 години и една дваесетгодишна. Изјавите на девојките по многу детали се совпаѓале, па токму затоа локалната полиција смета дека станува збор за една иста личност. Психијатрите со оглед на тоа дека немаат детални информации за личноста на напаѓачот се сомневаат дека станува збор за психопат.
- Најверојатно во случајов личноста е параноичен психопат со садистички елементи оти напаѓа само млади девојки. Тоа може да се утврди од начинот на кој ги врши нападите и од целната групата. За подетален психолошки профил потребно е да се разговара со личноста -вели познат скопски психијатар.
Стравот меѓу тетовци деновиве предизвика и лавина шпекулации, кои и вчера се ширеа по тетовските улици. Според некои, станува збор за секта, а според други, имало уште неколку девојки кои биле нападнати од истиот напаѓач, но поради страв не пријавувале во полиција. Надлежните велат дека гласините и шпекулациите ја попречуваат и полициската истрага.
Пред два дена Мевосек ја чекал седумнаесетгодишната А.Ј. во подрум од зграда на улицата Љубе Божиновски-Пиш. Тој во раката држел нож со големина од 12 сантиметри и на средношколката и' се обратил со зборовите: „Дојди да ти покажам нешто“. Девојката го удрила со чадор и побегнала.
Пред една недела насилникот за еден час ги нападна Ева Которничева (17) и Даниела Петковска (20). Полицијата вчера засилено патролираше по трите улици каде што беанападнати младите девојки. Се претпоставува дека Мевосек живее во околните згради.
dnevnik.com.mk