Очни болести

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кои се најдобри капки за глауком?
... болеста глауком би рекле како синдром т.е. последица од нешто што дава симптоми како покачен очен притисок, вдлабнување на очната папила на оптичкиот нерв и оштетување на видното поле, па трајно слепило ако не се спречи.

... глауком всушност е несразмерно собирање на „очната вода“ и отежнато истекување што дава покачување на очниот притисок и околните нервни влакна и крвни садови на оптичкиот нерв со што ако не се санира доаѓа до нивно оштетување, при што се прекинува визулениот контакт на очите со мозокот што доведува до слепило.
... галуком не може „да се излечи“ затоа што е тоа последица синдром од нешто друго што се случило во окото, па затоа самиот глауком се дели на примарен (не е поврзан со очни болести), секундарен (поврзан со очни болести) и вроден.

Глауком со отворен агол
... во рани фази нема симптоми, дури не се знае причината зошто настанува, можеби со староста, странично се јавува точки на негледање (губење на периферен вид), покасно се појавува потешкотии во централно гледање на работите, како да гледаат низ цевка ограничено.

Акутен глауком со затворен агол
... е многу тежок синдром со тешка главоболка, болки во очите, заматен вид, црвенило на очите, гадење и повраќање, најчесто присутен кај дијабетес, васкулопатија и хипертензија, лечењето со капките само го спречува понатамошното влошување до слепило.

Глауком со нормална тензија
...на почетокот нема симптоми , постепено покано се појавува заматен вид, па потоа губење на страничниот вид

Глауком кај деца
... видливо заматено око кај доенчиња, често трепкање кај доенчиња, солзење без причина кај доенчиња, заматен вид, влошена кратковиднот, главоболка.

Пигментарен глауком
... кружни оветлување, заматен вид и губење на страничен периферен вид.

Лекување се спроведува со лекарства и со ласерска и хирушка интервенција, лечење со лекови овоможува нормализирање на покачениот очен притисок за да не дојде до понатамошно оштетување иако причината поради настанување е пак присутна, па затоа се применуваат доживотно, иако некои може нема симптоми, но терапија мора да се земе да не се дојде до трајно слепило, хирушките и ласерските интервенции само го спречуваат по хирушки брз прат понатамошното оштетување, но не и подобрување на веќе изгубениот вид.

Сега за каков глауком се работи, па прашуваш за „ кои се најдобри капки“ ???
- најчест е примарниот хроничен глауком со отворен агол (доживотна терапија), па да препоставиме дека за тоа прашуваш, класични лекови се според тоа како делуваат:

betaxolol-eye-drops-for-glaucoma-betoptic.jpg 2610e9467c96262c.jpg po6476.jpg
66265.jpg Pilokarpin-timolol-3d-1024x1024.png
  • капки pilokarpin за стеснување на зеницата, на секои 6-8ч
  • капки Timolol maleat (Metablen) 0.5% како бета блокатор на12ч може да биде две во едно комбинирано со pilokarpin во едно шишенце.
  • Тбл. Аcetazolamid 250 mg 2х1 дневно (инхибитор на карбон анхидраза)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom