О.К
Ќе ги замолам модераторите да не ги спојуваат темите кои иако изгледаат сродно се сосем различни.
Фала.
Муабетов е следен, дали јас како сопственик на фирма ќерка во Бугарија со име "Фирма ќерка на Купете модар патлиџан од кај Избраниот" можам да отворам некаков банкарски рачун таму и од тој рачун да си префрлам тоа парите тука во Македонија?
Зависи од законодавството на земјата каде што сакаш да регистрираш фирма, али во најголем дел од светот е дозволено. Она што претпоставувам ти е битно, во Еу и во соседните земји е дозволено.
Нормално после без проблеми можеш да имаш и банкарска сметка во тамошна банка. Можеш и да ги префрлаш парите од таа сметка на сметка во банка во Македонија, само зависи нормално врз кој основ ги префрлаш. Ако ти е дивиденди немаш проблем ( уште еднаш, за некои држави, Еу и соседиве тука влагаат). Е сеа често износ, услови под кои може да се пренесуваат и сл. се регулираат дополнително од Централни банки или владата на државата. Конкретно ќе ти треба да ги знаеш и за двете држави овие работи, што значи дека барем за странската држава сигурно ќе ти треба помош од адвокати, консалтинзи и сл, од таму, а тоа може да кошта добри пари.
Во која форма точно да ти биде пријавен бизнисот таму (поддружница, преставништво, по нивен закон некоја форма), зависи од тоа со колку капитал располагаш и што уствари ти е целта. Тоа ти сам најдобро го знаеш и можеш да си го пресметаш, али и затоа можеш да побараш да те советуваат во странство.
Се надевам ти помога нешто од ова.