Отварање на фирма за Автобуски превоз

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Ме интересира се што е потребно за отварање фирма како иде ми треба за меѓуградски превоз т.е ме интересира колку пари чини една линија меќуградска и како идат тие работи кај и да е треба да полагам за автобус :) па би сакал ако некој знае да ме информира. Фала однапред. а од позади не фала :unsure:
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Слобода превоз

адреса: М.Т.Гологанов б.б.
место: Скопје
телефон: (02) 3080 490
локација: карши Алумина, на прв спрат
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Околу миљон долари. Проверено.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Ми треба за меѓуградски на пр Скопје - Битола или Скопје - Охрид не ми треба за Скопје :)
Пиле за отварање фирма ваљда се отвара без проблем, а линиите и времето по некоја логика сам си ги одредуваш, ама за тоа дека ти ќе возиш не ми е за верување баш... Само за таксист треба да имаш минимум 3 години возачка дозвола, за автобус мора да е поригорозно.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Пиле за отварање фирма ваљда се отвара без проблем, а линиите и времето по некоја логика сам си ги одредуваш, ама за тоа дека ти ќе возиш не ми е за верување баш... Само за таксист треба да имаш минимум 3 години возачка дозвола, за автобус мора да е поригорозно.
на 20 год се полага за автобус после тоа можеш да возиш за компанија и слично :) Инаку прво мораш да полагаш за кола и да возиш минимун 2 години кола па после можеш да полагаш за Автобус :)
--- надополнето: 9 јуни 2012 во 02:43 ---
Околу миљон долари. Проверено.
ма дај не ме јеб** :) не верувам у ова баш
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ваљда е исто како меѓународен транспорт на стоки, ова само внатрешен за патници. Ти треба да си отвориш фирма под шифрата која ќе ти ја кажат во Централен. Потоа на сметка треба да имаш гаранција за стоки е 3 000 евра по возило. Потоа поднесуваш цела документација до Министерство за транспорт и они ти даваат лиценца. Претходно управителот полага за лиценца за управител. Шоферот исто така полага за лиценца за транспорт. Сите заедно лиценци со лиценцата за работа ги комлетираш, осигуруваш шофери и заедно со автобусот кој претходно е купен и проверен со десет документи за безбедност одиш да си бараш линија за внатрешен транспорт.
Се на се околу 100 000 евра ќе те чини.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
а автобусот што треба да го купи? ... ако е нов ваљда е над 100000 еур ...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Извадок од Закон за патен сообраќај
II УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ
Член 4
Домашен превозник може да врши превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај врз основа на лиценца.
Лиценцата за вршење на превоз на патници и стока во меѓународниот патен сообраќај се издава и на еден од светските јазици.
Трошоците настанати во врска со издавање на лиценците и другата потребна документација за вршење на превоз во патниот сообраќај ги сноси превозникот.
Член 4-а
Изводот од лиценцата што ја издава органот надлежен за издавање на лиценци за секое поединечно возило содржи податоци за органот што ја издава лиценцата, превозникот, даночниот број на превозникот, број на лиценцата и рокот на важење, регистарскиот број, број на шасија и типот на возилото, видот на превозот што може да се врши со возилото согласно со издадената лиценца, дата на издавање и потпис и печат на овластеното лице.
Член 6
При вршењето на превозот на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај превозникот е должен во возилото да има:
- извод од лиценца,
- дозвола за вршење на превоз во патниот сообраќај,
- сертификат за учество на возач во меѓународниот патен сообраќај и

- уредно пополнет патен налог.
Одредбите од ставот 1 алинеи 2, 3 и 4 на овој член не се однесуваат на автотакси превозот, за вршење на превоз со возила од членот 7 став 2 на овој закон со исклучок на превоз за сопствени потреби кој се врши со возила чија најголема носивост не надминува 3.500 кг вклучувајќи ја и приколката.
Одредбата од ставот 1 алинеја 3 на овој член не се однесува за вршење на превоз во внатрешниот патен сообраќај.
За издадените патни налози превозникот задолжително води евиденција и истите е должен да ги чува најмалку една година.
Формата и содржината на патниот налог ја пропишува министерот за транспорт и врски.
Член 8
Лиценца од членот 7 став 1 точки 1 и 2 на овој закон може да добие домашно правно или физичко лице (во натамошниот текст: превозник), ако ги исполнува следниве услови:
1) да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај;
2) да е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз во внатрешниот и/или меѓународниот патен сообраќај, при што за меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници да е сопственик или да има договор за лизинг за најмалку две возила со капацитет од најмалку 22+1 седиште по возило, за општински линиски превоз на патници да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за лизинг за возила со најмалку 16+1 седиште, а за слободен превоз и посебен линиски превоз на патници да е сопственик или да има договор за лизинг за најмалку две возила со капацитет со најмалку 8+1 седиште по возило, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз;
3) да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило (автобуси, товарни возила) што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;

4) да има вработено авто-такси возачи;
5) во возилото со кое се врши авто-такси превоз на патници да има вградено фискален апарат;
6) управителот или овластеното лице одговорно за превоз да има сертификат за професионална компетентност;
7) да има солидна финансиска состојба;
8) да има добар углед;
10) да има вработено возачи кои имаат сертификат за учество во меѓународниот превоз на патници и стоки.
Одредбите од ставот 1 точка 7 на овој член не се однесуваат за добивање на лиценца за вршење на превоз во внатрешниот патен сообраќај.
Одредбите од ставот 1 точка 10 на овој член се однесуваат само за добивање на лиценца за меѓународен превоз на патници и стока.
Одредбите од ставот 1 точки 1 и 7 на овој член не се однесуваат за добивање на лиценца за превоз на патници и стока за сопствени потреби во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.
Како доказ за исполнување на условот од ставот 1 точка 3 на овој член се доставува доказ за платени придонеси за период од најмалку шест месеци пред поднесување на барањето за лиценца, список на вработени по обврзник не постар од 60 дена и копие од образец м1/м2 за секој возач одделно.
Лиценца за организација на превоз на стока и/или патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај може да добие правно или физичко лице кое има регистрирано шифра на дејност, Придружни дејности во превозот или шифра на дејност туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги и кое има обезбедено банкарска гаранција за квалитетно извршена работа во висина од 50.000 евра во денарска противвредност и има запишан капитал и резерви од минимум 20.000 евра во денарска противвредност во регистарот на годишни сметки.
Начинот и постапката за добивање и одземање на лиценцата за одделни видови на превоз ги пропишува министерт за транспорт и врски.
Член 8- в
Солидна финансиска состојба
Солидна финансиска состојба во согласност со овој закон има превозник кој има на располагање капитал и резерви во висина од најмалку 9.000 евра во денарска противвредност за првото возило и по 5.000 евра во денарска противвредност за секое наредно возило.
Финансиската состојба се докажува врз основа на еден од следниве документи:
- копија од билансот на состојба за претходна година издадена и заверена од Централниот регистар на Република Македонија (регистар на годишни сметки) или
- договор за депозит во банка или
- потврда од банка за депонирани парични средства орочени на рок кој е соодветен на рокот на важење на лиценцата, на износ даден во ставот 1 од овој член, како и гаранција на возила под лизинг кои не се основни средства во фирмата.
И ова ти е најбитно, истовремено и најзаебано за добивање линија - сатниците.Особено на такви линии Скопје кон Охрид или Битола, доста фрекфентни.

Мораш да ги усогласиш со сите тргнувања од сите станици поклопени со твоето.На пример, ако планираш линија Ск-Бт не смеат да ти се поклопат термините со ниедна друга линија по итинерер ( пр.: Бт-Пп, Бт-Ск, Ск-Пп, Ве-Пп) надвор од дадените разлики, шо е прилично заебано:vozbud:

1.2. Меѓуопштински линиски превоз на патници
Член 24
Меѓуопштински линиски превоз на патници може да врши само превозник кој има лиценца за вршење на овој вид на превоз.
Меѓуопштинскиот линиски превоз на патници се врши на одредена линија по однапред одобрен возен ред и утврдена и објавена цена на превозот.
Меѓуопштинскиот линиски превоз на патници може да се врши како патнички, директен и брз.
Член 24-а

За одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии, Министерството за транспорт и врски секоја година објавува оглас на својата интернет страница и во дневниот печат.

Огласот од ставот 2 на овој член се објавува двапати во текот на годината и тоа најдоцна до 1 март и до 1 септември во тековната година.
Постапката за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии се врши по електронски пат.

Право да учествуваат на огласот имаат сите превозници кои имаат лиценца за меѓуопштински превоз на патници.

Во електронското барање за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии превозникот пополнува задолжителни податоци за исполнување на условите (критериумите) за одобрување на возниот ред, и тоа:
- број на возачи во редовен работен однос и број на возила со кои располага регистрирани на име на фирма или за кои има договор за лизинг, број на регистрација, марка и тип на возило, број на шасија, број на мотор, број на седишта и дата на важење на регистрација,

- при електронското барање за одобрување на возни редови за нови линии, односно за промена на возни редови на одобрени линии, доколку на трасата на линијата за веќе одобрен возен ред,има две заеднички станици, превозникот треба да ги има предвид временските интервали на поаѓање, и тоа:

а) за меѓуопштински линиски превоз

должина на линијата во км
минимална временска разлика во минути

пред/после
0 - 40 км
20
41- 80 км
40
81-120 км
50
преку 120 км
60,

- при електронското барање за одобрување на возни редови за нови линии, односно за промена на возни редови на одобрени линии, доколку на трасата на линијата за веќе одобрен возен ред има две заеднички станици од кои една на територијата на Република Македонија, а друга на територијата на земјата на пристигнување, превозникот треба да ги има предвид временските интервали на поаѓање за делот на територијата на Република Македонија, и тоа:
а) за меѓународен линиски превоз

должина на линијата во км
минимална временска разлика во минути

пред/после
0 - 250 км
40
251 - 600 км
120
601 - 1800 км
180
преку 1801 км
240,

- при електронското барање за одобрување на возни редови за нови линии, односно за промена на возни редови на одобрени линии превозникот треба да ги има предвид одобрените возни редови објавени на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски и одобрените возни редови со спогодба меѓу две општини, а за кои не е добиена согласност согласно со членот 23 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/2004, 127/2006 и 114/2009), кои општините ги доставиле до Министерството за транспорт и врски,
- поблиските услови од алинеја 3 точка а) на овој член се применуваат при одобрување на возен ред за директна меѓународна линија за делот на територијата на Република Македонија и

- поаѓање е време кое го означува почетокот на извршување на превозот на почетна и на сите попатни станици наведени во возниот ред.

Доколку возниот ред за линијата е со повеќе поаѓања кои не можат да се одржуваат со едно возило, превозникот треба за тие возни редови да поседува толку возила колку што е потребно за да може да ги одржува сите поаѓања земајќи ги предвид и возилата кои му се потребни за одржување на веќе одобрените возни редови.


Член 28
Возниот ред и правецот на движење (итинерер) можат да се менуваат само еднаш во текот на важењето на дозволата со спроведување на постапка од членот 24-а на овој закон.
По исклучок од ставот 1 на овој член, без спроведување на постапката од членот 24-а на овој закон, возниот ред и правецот на движење (итинерерот) може да се изменат пред истекот на важноста на дозволата, доколку:
- превозникот се откаже од одреден број поаѓања во возниот ред,

 
L

.Lost Angel.

Гостин
Не можам да се разберам со овие членови и тн. :confused:

Ако има некој да ми каже отрилика колку пари е една лиценца да се купи т.е да се извади за линија :) бидејќи во едно гледам погоре пишува треба да имаш 50.000 евра како гаранција си незнам си што таму :confused: за Автобус веќе има мојот дедо еуро 3 е сега сака да земе линија и возач кој ќе вози од Скопје до Битола со термин кој го нема :) ако има некој кој знае нека ми објасни ама без членови и сл.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Не можам да се разберам со овие членови и тн. :confused:
Ако има некој да ми каже отрилика колку пари е една лиценца да се купи т.е да се извади за линија :) бидејќи во едно гледам погоре пишува треба да имаш 50.000 евра како гаранција си незнам си што таму :confused: за Автобус веќе има мојот дедо еуро 3 е сега сака да земе линија и возач кој ќе вози од Скопје до Битола со термин кој го нема :) ако има некој кој знае нека ми објасни ама без членови и сл.
Прво, мораш да имаш минимум 2 возила (според ова и 2 возачи, минимум 1 возач по возило со лиценца за возач на линиски сообраќај), а претходно регистрирана фирма за превоз на патници и да аплицираш и добиеш лиценца за превоз во Министерство за транспорт.
9.000 евра е гаранција за првото возило и 5.000 за секое наредно (како капитал, објекти, опрема и сл.).Значи за почеток минимум 14.000 евра капитал.Додај уште 30-40.000 за уште едно возило и опција да подмачкаш негде по администрација...
И најтешкото пак ќе е усогласување на возниот ред.За Битола многу тешко, по Ск - Ве одат сите линии за Источна, Јужна и Централна Македонија и Прилеп / Битола /Ресен / Крушево и дел за Охрид, т.е. според САС - до Велес вкупно 60 линии, просек на секои 15 - 20 минути.
Единствен празен период ти е меѓу 06:00 и 07:30.Единствено би одговарало 06:45 - за станици од 41-80км минимална разлика меѓу 2 поаѓања била 40 мин., значи за Велес ти е е ок, ама за Битола ти е проблем, пошо за над 120 км.растојание меѓу 2 тргнувања е 60 мин. ,а оваа во 6 е за Битола...
Барајте други опции со дедото (ако сакате за Битола, пробајте преку Кичево.Или најдобра опција 2 пати дневно сабајле и попладне до некој помал град па терајте монопол).Или во 7:00 без застанување во Велес :unsure:
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Прво, мораш да имаш минимум 2 возила (според ова и 2 возачи, минимум 1 возач по возило со лиценца за возач на линиски сообраќај), а претходно регистрирана фирма за превоз на патници и да аплицираш и добиеш лиценца за превоз во Министерство за транспорт.
9.000 евра е гаранција за првото возило и 5.000 за секое наредно (како капитал, објекти, опрема и сл.).Значи за почеток минимум 14.000 евра капитал.Додај уште 30-40.000 за уште едно возило и опција да подмачкаш негде по администрација...
И најтешкото пак ќе е усогласување на возниот ред.За Битола многу тешко, по Ск - Ве одат сите линии за Источна, Јужна и Централна Македонија и Прилеп / Битола /Ресен / Крушево и дел за Охрид, т.е. според САС - до Велес вкупно 60 линии, просек на секои 15 - 20 минути.
Единствен празен период ти е меѓу 06:00 и 07:30.Единствено би одговарало 06:45 - за станици од 41-80км минимална разлика меѓу 2 поаѓања била 40 мин., значи за Велес ти е е ок, ама за Битола ти е проблем, пошо за над 120 км.растојание меѓу 2 тргнувања е 60 мин. ,а оваа во 6 е за Битола...
Барајте други опции со дедото (ако сакате за Битола, пробајте преку Кичево.Или најдобра опција 2 пати дневно сабајле и попладне до некој помал град па терајте монопол).Или во 7:00 без застанување во Велес :unsure:
Другар имавме пред 2 недели 3 тури на диво :свиркам:

Е сега работата е што тоа беше онака кои сакаа организиран превоз е сега финтата е што сакаме да имаме фирма која ќе превезува патници значи организирани тури низ Македонија со само еден бус. :) според ова најмалце ќе требаат околу 60.000 евра а толку немаме... да речеме можеме да најдеме околу 20.000 евра повеќе јок а со толку како што прочитав нема шанси:( а јас сакам да полагам кај и да е за некое време и сакам да возам и да биде фирмата на мое име ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom