Осуденикот Ѓорги Петрушев и понатаму градоначалник на Богданци

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.197
Поени од реакции
12.101
Ѓорги Петрушев, градоначалникот на Богданци, проневерил 4,5 милиони денари општински пари и бил осуден на 2 години условен затвор, но се уште е на чело на општината, што е спротивно на законот за локална самоуправа, дознава „Време“. Петрушев бил осуден за злоупотреба на службената положба и овластувања затоа што незаконски потрошил 4.446.190 денари, пари за обесштетување на земјоделците чии посеви настрадаа во катастрофалните поплави во 2004 година. Пресудата станала правосилна на 18 октомври 2007 година и против неа не била поднесена никаква жалба. Според член 54 од Законот за локална самоуправа, на градоначалникот му престанува мандатот доколку е осуден на казна затвор во времетраење од 6 месеци. Петрушев, кадар на СДСМ, ни изјави дека не бил информиран за случајот ниту за одредбите од Законот за локална самоуправа. Тој одби да одговори дали бил осуден за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувања.
- Не знам. Првпат слушам дека не треба да бидам градоначалник и дека ми престанал мандатот. Не е баш дека ненаменски сум трошел пари. Дали сум осудуван? Тоа не знам, ќе треба сами да си проверите - изјави тој.
Во МВР само потврдија дека Петрушев бил обвинет дека ненаменски потрошил 4,5 милиони денари.
- Го обвинивме затоа што парите што ги доделила Владата за обесштетување на земјоделците Петрушев ги префрлил на синдикална сметка на јавното претпријатие, а оттука ненаменски ги трошел за разни потреби. Пресудата е правосилна. Таа воопшто не била обжалена ниту од Петрушев, ниту од Обвинителството - изјави Иво Котевски, помошник-министер во МВР задолжен за односи со јавноста.
Во Владата изјавија дека не биле информирани за случајот и останаа без коментар.
Гордана Силјановска, професорка на Правниот факултет и експерт за локална самоуправа, изјави дека мандатот на градоначалникот мора да му престане по автоматизам.
- Законот е јасен и тука нема потреба од никакви процедури, посебни органи или Уставен суд. Градоначалничкиот мандат престанува доколку носителот е осуден со правосилна пресуда на најмалку 6 месеци затвор. Тој е должен пресудата да му ја достави на општинскиот Совет и веднаш да се констатира престанок на мандатот - изјави Силјановска.
Во општината велат дека Петрушев не му ја доставил пресудата на Советот.
Илија Карагошев, пак, претседавач на Советот, завчера нервозно изреагира на новинарското јавување.
- Што ако си новинар. Кој ти дозволи да ме вознемируваш за време на работното време. Имам работа и немам никаков коментар - изјави тој.
Парите кои ги одобрила Владата од државен буџет биле наменети за обесштетување на земјоделците чии посеви настрадаа во катастрофалните поплави во 2004 година. Истите биле префрлени на наменска сметка на општината чиј потписник бил Петрушев. Иако парите биле строгонаменски, Петрушев во 2005 година ги префрлил на сметката на синдикатот на Јавното претпријатие „Водовод Богданци“. Оттука ги пренасочувал на повеќе разни сметки. Со овие пари тој исплатувал плати за ракометарите на „Младост“, ноќевања во хотел Полин во Стар Дојран, ги користел за учества во јавни наддавања за градежни земјишта, плаќал регистрации за ракометари.

Министерството нема поим за случајот

Министерството за локална самоуправа не било известено за правосилната пресуда против градоначалникот на Богданци, тврдат од Министерството.
- До нашето министерство досега не е стигнато известување за таков случај. Според законот за локална самоуправа мандатот на градоначалникот му престанува ако е исполнет кој било услов за тоа. Ако станува збор за правосилна пресуда, Советот е должен во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата да го извести Министерството за локална самоуправа - изјавија вчера во Министерството.

Време
 
Член од
29 октомври 2007
Мислења
129
Поени од реакции
1
Сигурно Велија ќе ја разработи приказнава во една од следните негови емисии како што тргнал...
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.197
Поени од реакции
12.101
Сигурно Велија ќе ја разработи приказнава во една од следните негови емисии како што тргнал...
Што има лошо во тоа? Или тебе ти е сеедно, па нека владеат шерифи во овој наш див запад од Македонија?
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.197
Поени од реакции
12.101
ВМРО-ДПМНЕ БАРА


Оставка од осудениот градоначалник на Богданци


ВМРО-ДПМНЕ бара градоначалникот на Богданци Ѓорѓи Петрушев да се повлече од функцијата бидејќи е правосилно осуден на 2 години условен затвор, со што го прекршува Законот за локална самоуправа.

- Петрушев, како истакнат локален моќник на СДСМ е правосилно осуден за сторен криминал со злоупотреба на средствата, која државата им ги додели на земјоделците чии посеви настрадаа во катастрофалните поплави во 2004 година. Имајќи го ова предвид, ВМРО-ДПМНЕ го повикува Петрушев најитно да се повлече од функцијата градоначалник на општина Богданци, а со тоа и да го испочитува Законот за локална самоуправа, изјави портпаролот Александар Бичиклиски.

Во ВМРО-ДПМНЕ се изненадени што Радмила Шекеринска молчи пред ваквото флагрантно кршење на правилата и прописите во нашата држава од осудениот градоначалник на Богданци. Тие ги повикаа надлежните органи да реагираат на ваквото кршење на законите и да го спречат самоволието на градоначалникот од редовите на СДСМ.

Вечер
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.197
Поени од реакции
12.101
ИАКО ПОВЕЌЕ НЕМА ПРАВО ДА БИДЕ ГРАДОНАЧАЛНИК
Петрушев не си заминува од функцијата, законот во теснец

Ѓорги Петрушев, осуденик на две години условна затворска казна, се уште не ја напушта градоначалничката функција во Богданци и покрај тоа што законот за локална самоуправа не му дозволува да биде на чело на општината. Според Законот за локална самоуправа, на градоначалник автоматски му престанува мандатот доколку е осуден на затворска казна од најмалку шест месеци, а општинскиот совет на седница мора да го утврди престанокот на мандатот. Илија Карагошев, претседавач на Советот на општината Богданци, ниту вчера не сакаше да го коментира случајот. - Засега не можам ништо да ви кажам. Утре јавете се - кратко изјави тој. „Време“ минатата недела објави дека Петрушев во октомври 2007 година бил осуден со правосилна пресуда на условна затворска казна од две години во замена за четири години ефективен затвор. Осуден е затоа што проневерил 4,5 милиони денари, пари што државата и ги дала на општината Богданци за да ги обесштети земјоделците чии посеви настрадаа од поплавите во 2004 година. Наместо за обесштетување на земјоделците, Петрушев парите ги префрлил на синдикална сметка на градското јавно претпријатие и оттука ненаменски ги трошел за разни потреби. Владата, која веќе побара од Петрушев итно да се повлече од функцијата, вчера немаше информации дали тој го напуштил градоначалничкото место. - Ние чекаме од Советот на општината да утврди престанок на мандатот, да назначи вршител на должноста градоначалник и да го извести Министерството за локална самоуправа. Секое понатамошно задржување на градоначалничката функција од страна на Петрушев е најгрубо кршење на законот - изјави Ивица Боцевски, портпарол на Владата.

Време
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
Е,тоа е наше судство,кое е стрикно под контрола на Бранко Црвенковски, пошироко познат како растурач на Македонија. М. Ризински, член на МПО, во една итна судска постапка за мито од 6.000 ( така гласи пресудата) доби казна од 3.5 години. А, од друга страна кога миленик на Б.Ц., украде околу 70.000 евра тој добива казна 2 години условно. Е, Македонијо, вака не те бидува

:toe::toe::toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom