Осквернавен споменикот на Гоце Делчев во Струмица

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Во Струмица продолжува вандалското однесување кон спомен обележјата. По споменикот „Македонија“ на покојниот претседател Борис Трајковски, нова мета на крадците е споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот. И од него непознати сторители украле дел од буквите. Иако Гоце Делчев го разбирал уште многу одамна светот како поле за културно натпреварување меѓу народите, за жал денеска неговиот споменик е место каде што се покажува некултурата и вандализмот.

Откривање на сторителите и најстроги казни за нив бараат граѓаните, згрозени од најновиот вандалски чин.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
A што е финтата?
Да не ги продаваат буквите за старо железо? :))))
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Така и ќе да е зошто би ги ваделе буквите инаку ?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Буквите се од месинг, кој моментално е поскап од железото и од бронзата. Има логика, ама зарем некој ќе биде толку ненормален?
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Кога крадат шахти, знаци (баш имаше сторија за тоа дека во Струмица, иако во Битола веќе баги време е раширена појава особено на патот Охрид-Скопје што врви покрај Битола, кај местото познато како „мостот на љубовта” или „Карачи”) што те чуди и тоа?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Сабајлето имаше на местото (Споменикот) полиција и од крим техника. Изгледа дека оние циганите ја прават рааботата, кои крадат бакар по подрумите (стари корита, ѓумови и сл.)
Од баба ми од подрумот летото украдоа такви предмети, и се шпекулираше дека е организирана група, од маалото кај Св. 15 Тивериополски маченици (Ѓупската маала).
Инаку, тоа е срамота!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Volkswagen напиша:
Кога крадат шахти, знаци (баш имаше сторија за тоа дека во Струмица, иако во Битола веќе баги време е раширена појава особено на патот Охрид-Скопје што врви покрај Битола, кај местото познато како „мостот на љубовта” или „Карачи”) што те чуди и тоа?
Ме чуди бидејќи шахтите не се дел од споменик на починат македонски херој.

Инаку, навистина е раширена појавата на крадење метални делови. Лани доколку се сеќавате имаше стории дека се крадат капаците од трансформаторите. Во мојат зграда пред неколку недели, некој ашљак ги украл сите алуминиумски рамки од вратата за лифтот на сите спратови.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Мене една работа не ми е јасна...
Оти полицијата не прави контрола на местата за откуп на старо железо?!
Да имаат начин да ги фатат оние што го прават тоа, па еден убав ќотек:) и ај да видиме дали ќе им текне пак...
(за вакви случаи го подржувам ќотекот)
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
264
Поени од реакции
0
Не искам да спекулирам и да ви дразнја, но всичко е в'прос на контрол. В Б'лгарија такива безобразија имаше допреди 4-5 години, но в момента всичко е под контрол и вече не е толкова лесно нешто откраднато да б'де продадено за вторични суровини. Има и оште нешто - в повечето градове металните шахти са подменени с такива, които не предизвикват интерес у крадците.
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Со пластични :pos::pos::pos: Или пак ги зашвајцуваат па да не можат да ги извадат после :) Абе блгарска работа, не е за оставање.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Во Струга по целиот кеј ги украдоа сите уличните светла, пола од спомениците кои што се исто покрај кејот ги нема, буквите од т'га за југ што е кај домот на културата ги нема...:toe:
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Сакаш да кажеш дека ништо не останало. Кај нас пола од олуците од црквите и зградите ги нема, за шахти ич муабет да не правам. А спомениците ? Кога прават споменици во Штип веќе метални букви не ставаат, превише ајдуци има :)
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Абе ова е дело на македонските бугари кои јадеа ќотек на Кеј. Намерно го прават ова за да испровоцираат атмосфера дека ете ништо нам не може да ни биде толку свето за да не го уништиме. Се е ова нивно масло и на нивните служби овде во Мк.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom