Ориентални слатки, кое ви е повкусно?

Кое ви е повкусно?

  • Баклава

    Гласови: 151 60,9%
  • Тулумби

    Гласови: 92 37,1%
  • Шампита

    Гласови: 1 0,4%
  • Шеќерпаре

    Гласови: 0 0,0%
  • Кадаиф

    Гласови: 2 0,8%
  • Раванија

    Гласови: 0 0,0%
  • Еклери

    Гласови: 3 1,2%
  • Некое друго

    Гласови: 1 0,4%

  • Вкупно гласачи
    248
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.635
Поени од реакции
786
Баклава и тоа дома направена од мајками
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
денес ќе јадеме Рамазански баклави :)

 
D

dbt

Гостин
Ех како денес да беше се сеќавам на вечерта кога мајка ми направи баклава, топла пресно потурена и јас како ненаситен вол изедов 6 парчиња (ејјјј 6 парчиња :tapp: ). И потоа се знае што следува, мачнини, не можев да заспијам, шекерот ми се крена, ме фати хиперактивност. А неќев да повратам, штета е толку убава баклава да се фрли. И така сега јас не можам да помирисам се што е со шербет потурено, и само гледам од далеку кога моите ќе јадат. Навистина штета, ама сам сум крив, велеше мајка немој ке ти се слоши :place: . И да истото ми се има случено со пуканки ама за тоа во друга прилика.
 
М

Мартин`

Гостин
Вчера јадев тулумби а денеска пак баклава, ме фати иштав одамна немав јадено :) 110~ денари цело пакетче ..
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Каква баклава јадев вчера, да се превртиш! Бев на честитање Бајрам, ме нагостија со боза, чај, баклава, гурабии со орев, мислам дека овери доживував цела вечер.

Поштувам златножолто баклавиче со ореви, а од оние со фстак кај Чаршија, би можела да се удавам јадејќи ги!
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Каква баклава јадев вчера, да се превртиш! Бев на честитање Бајрам, ме нагостија со боза, чај, баклава, гурабии со орев, мислам дека овери доживував цела вечер.

Поштувам златножолто баклавиче со ореви, а од оние со фстак кај Чаршија, би можела да се удавам јадејќи ги!
и јас исто
- едни баклави -сочни од шербетот,а крцкави ми рекоа дека тоа било од нишестето што го ставале , плус одлично испечени и со многу ореви и фстаци ммм (y)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Како помал не бев многу по шарбетливите ствари, ама сега (од пред 3-4 години) буквално може да се удавам во нив. Тулумби не баш, ама баклавите ми се врв ! И домашни, и во слаткарници правени - посебно гостиварски. Какви рецепти се' само има, прсти да изедеш, ги шишаат тортите у секој поглед .. :cuc:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Па, место шербет, напрај чиколатцен прелиф за туљумбите и прелиј ги. Малее, згембање.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Печени туљумби

Потребни состојки:
- 300 гр. брашно
- 500 мл. вода
- 2 филџани масло
- 6 јајца
- 1/2 прашок за пециво

за шербет:
- 750 мл. вода
- 1 кг. шеќер
- 1 ванила
- пола лимон исецкан на парчиња

Подготовка:
Се става водата на оган заедно со маслото да зоврие и веднаш се трга од оган, па се додава брашното со прашокот за пециво. Откако ќе се олади смесата се додаваат јајцата едно по едно со постепено мешање. Потоа од смесата се става во шприц и од него се вадат тулумбите кои се ставаат во тава обложена со хартија за печење. Се ставаат во загреана рерна на 220 степени да се печат околу 15 минути колку да поруменат. Тулумбите топли се ставаат во изладениот шербет и се вадат во плех. Откако сите ќе впијат од шербетот преостанатиот се истура врз сите тулумби и се оставаат да отстојат барем 1 саат - доколку имате трпение :icon_lol: а ако немате може одма да ги јадете.


Полесен, побрз и повкусен рецепт за туљумби не верувам дека ќе најдете :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom