@bucio, ти и Ворен Бафет со исти ум...
се си мислам дека треба да се пробаш на берза
https://www.mkd.mk/svet/vesti/voren-bafet-ni-pretstoi-megakatastrofa-zagubite-kje-bidat-ogromni
Ворен Бафет: Ни претстои мегакатастрофа, загубите ќе бидат огромни
Познатиот американски милијардер и филантроп Ворен Бафет го објави своето годишно писмо до акционерите во кое предупреди на можноста од „нешто големо“.
Бафет тврди дека светот ќе биде нападнат од некој голем ураган, земјотрес или хакерски напад во споредба со кој ураганите Катрина и Мајкл ќе изгледаат како „џуџиња“, пренесува Бизнис инсајдер.
Катастрофата би можела да се случи утре или во текот на неколку децении, но едно е сигурно – таа е неизбежна, тврди Бафет.
„Кога ќе се случи мегакатастрофата, ќе го претрпиме нашиот дел од загубите и тој ќе биде голем. Многу голем“, истакнува Бафет. Сепак, тој порачува и дека има план.
„За разлика од многу други осигурители, ние веќе следниот ден ќе гледаме како да го надградиме нашиот бизнис“, порачува 88-годишниот милијардер во писмото.
Катастрофата може да биде природна, како што веќе со години предупредуваат експертите.
Во последните години загриженоста од голема катастрофа доаѓа од геолозите, сеизмолозите и други научници. Се појавуваат бројни докази за менувањето на климата поради човечкото влијание, што се забележува преку зачестените пожари, суши, урагани и цунамија.
Во меѓувреме, нашата способност за предвидување и моделирање на ризиците од претстојните природни катастрофи постојано се подобрува.
Иако не се сите природни катастрофи плодови на човечката активност, тие генерално дополнително се влошуваат со проблеми како избрзано градење, лошо планирање, неуспешно вложување во здравствената инфраструктура и заштитата на животната средина, и претераната зависност од валканите фосилни горива, сметаат експертите.