Општи дискусии околу eRepublik

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Кажете ми како да се лечам после борба? или ја нема поќе та опција
Лечи се со храна.

Ни мене не ми е јасно као функционира системов со болниците... демек треба да има болница во регионот шо го напаѓаш или браниш ?
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
503
Поени од реакции
282
Ако е таква работата не се испаќа да се бориш повеќе
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.661
Поени од реакции
9.972
Многу работи сега ќе треба наеднаш да ги правиме и да ги планираме одново.
Убо не изјебаа админите,па по толку време им текна да не додадат,од кога се откажавме сите од играва....
Сега прво форумот новиот што ќе ни биде да се среди мора,за полесно да се координираме и да работиме нормално. :)
 

Flapjack

-The Dungeonator-
Член од
21 септември 2010
Мислења
18
Поени од реакции
0
Ако е таква работата не се испаќа да се бориш повеќе
Јас се откажав од борење истиот момент кога направија в2, поинтересно ми беше ѕидот да го лупам него ова, 2 саати да окапеш, сега и со т.н в3, иста приказна,
 
Член од
22 март 2009
Мислења
117
Поени од реакции
12
Пред некој ден почнав да ја играм, слушам ке не стаеле како Р.Македонија. Никот ми е Alex III Macedon и би било супер доколку некој ми прати храна или било каква помош :)
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Пробувам да се консолидирам. Имам некој 8 голд на акаунт и океј сум. Му пишав на овој шо ми е работодавецот да ме опушти и ќе дојдам одма после тоа. Да видам прво како ќе исплати па ако не ќе отворам фирма, да има кај да се работи. Се регистрирав и на форумот, чекам потврда. И да, после којзнае колку време играње мора еднаш да влезам у конгрес колку да го испунам тоа.
 
Член од
22 март 2009
Мислења
117
Поени од реакции
12
Како да сменам голд за рсд, за да можам да купам храна да се средам малце
 

krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
Имав Q5 Куќа. Магично исчезнала.
Шо се десило со играва, само 2 месеци не играв?!
И каде има болница? Шо е со билетите за патување? Зони?

Како да сменам голд за рсд, за да можам да купам храна да се средам малце
монетари маркет
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Имав Q5 Куќа. Магично исчезнала.
Шо се десило со играва, само 2 месеци не играв?!
И каде има болница? Шо е со билетите за патување? Зони?



монетари маркет
ги направија да имаат рок на траење .. затоа ти ја снемало ...
 

krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
А знае некој да ми објасни шо се десило со играва? Поточно шо се дешава со билетите, куќите, имам нешо економик скилс, коа тренирам имам некакви скилови (за што се), шо е фората со борбите (еден на еден некако е, и има некои чудни ствари) и сл.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Е сеа и текнало да не стаат
кај беа кога игравме 200-300 души??

колку сте сеа и ајде да се соберете повеќе да направете еден добар baby boom
поздрав од стар играч :)
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
503
Поени од реакции
282
И јас сум постар играч, не играв 5 месеци и сеа неможам да се снајдам. Како можам да се преселам сеа? Има некој шо мојт да ми помогнит?
 

Ivan Makedonski

Самопрогласен патриот
Член од
19 август 2009
Мислења
290
Поени од реакции
19
Како да сменам голд за рсд, за да можам да купам храна да се средам малце
Голд не можеш да смениш додека не стигнеш до 12-ти левел, колку за почеток ќе ти пратам неколку лебчиња што даваат по 6 велнес :)

--- надополнето ---

А знае некој да ми објасни шо се десило со играва? Поточно шо се дешава со билетите, куќите, имам нешо економик скилс, коа тренирам имам некакви скилови (за што се), шо е фората со борбите (еден на еден некако е, и има некои чудни ствари) и сл.
Друже и јас сум малце оут оф дејт (паузирав месец и нешто) но како што гледам полека полека се враќаат работите кон она што беше во v1
Мартин Давитковски (United Macedonia) е новиот министер за образование и треба да подготви туторијали за новите играчи, но и за нас постарите љољ
така да бидете стрпливи полека полека ќе се навикнеме

иначе од она што знам:
*билетите сега се поделени по зони, значи не можеш како порано со q1 карта да идеш до кина туку за од Кина до Македонија ти треба карта од 3-та зона која секако чини поскапо,
*куќите сега ги направија да имаат рок на траење што значи што поскапа куќа повеќе велнес ти дава и повеќе денови ти трае (30 максимум мислам ама тие се изгор скапи.
*сега нема како порано три економски скилови (ману, ленд, констракшн) туку сите сме workers и може секаде да работиш
*воените скилови во моментов се поделени на (тенкови, артилерија, пешадија, хеликоптери) но во последниот артикл админите најавија дека ќе се вратат на стариот добар STRENGTH што значи уште еден чекор кон v1 :)
*и околу борбите, не ова човек vs човек како што беше во v2 rising туку на некој начин повторно се вратија на стариот добар ѕид па лупај на него само што сега damage-oт се вика influence и битката не трае 24 часа туку е поделена на на повеќе помали битки кои траат по 2 часа и победник е оној кој ќе освои 8 вакви мали битки

--- надополнето ---

Е сеа и текнало да не стаат
кај беа кога игравме 200-300 души??

колку сте сеа и ајде да се соберете повеќе да направете еден добар baby boom
поздрав од стар играч :)
Куме ај не треси многу многу и не се прај многу стар :P него пробај да го најдеш пассот од кољо92 или прај нов акаунт да помогнеш у бејби бумот :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom