Со што го одржувате/премачкувате/чистите ланецот?
Лани зедов едно средство за чистење на ланец од Веро али не ми се допаѓа.
Редовно одржан синџир е супер работа, мислам сите шо возат посериозно знаат колку е важно да имаш чист и подмачкан синџир.
Не само шо ќе работит цел пренос добро, туку и се продолжува векот на траење на синџирот, касетата и преносот. Чистењето зависит од типот на возење.
1. Го одмастувам синџирот со WD-40 многу пажливо прскање, практивам строго на долниот дел од синџирот со полека вртење на педалите наназад. Го оставам да стои така едно 5 минути испрскан.
2. Во меѓувреме, за тие 5 минути веќе имам наполнато во старо пресечено шише топла вода од бољерче и внатре чувам 2 четки. 1 стара четка за заби и 1 четка 20 мм за фарбање со тврди влакна.
3. На забната четка прескам уште ВеДе-40 и детално ја поминувам касетата. Па со големата, со макнување од водата детално го поминувам синџирот, касетата, запчаниците на задниот менувач и преносот. (Ако имаш ептен ѓубре насобрано во запчаниците на задниот менувач, тогаш со штрафцигер и пополека вртење на педалите наназад можиш да го исчистиш многу ефикасно)
4. Го плакнам шишето и растворам сјај или шампон за кола со топла вода од бојљерче. Со виледа сунѓерче, го поминувам синџирот, касетата, целиот заден менувач и преносот.
5. Прскам со млаз вода, градинарска прскалка на околу 30тина сантиметри одалеченост, од горе према долу.
6. Го бришам синџирот со стара сува крпа, касетата, задниот менувач и преносот. Ако немаш некоја стара крпа тогаш остави го добро на сонце да се исушит.
7. Подмачкувам синџир капка по капка на секој линк со Shimano PTFE dry lube. Средство наменето искључиво за суви услови, на крај по една капка во запчаниците на задниот менувач и една капка во преднит менувач. Низ улица се провозувам и ги менвам сите брзини од прва до последна и то е то.
Доколку возам во влажни услови тогаш препорачвам да се користит wet lube за подмачкување на синџирот.
Ова е поефтина, попријатна варијанта кон нашиве џебој.