Општина Аеродром - лажги со опашки

Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Во последно време македонскиот граѓанин толку се навикна да го лажат (политичари, новинари, институции) што веќе не си верува ни на самиот себе.

Во Горно Лисиче (последна 5) зад бензинската пумпа на Макпетрол никна нова населба. Зградите се со регуларни документи и дозволи....со платени комуналии и сите останати законски прописи. Дел од зградите се веќе подолго време завршени и станарите (дел живеат под кирија) со нетрпение чекаат да се вселат.
НО.....нема канализација.....топката се преврла од еден на друг....а најдебелиот крај го добиваат купувачите на станови кои живееат под кирија и истовремено плаќаат рати за кредит за купените станови

Инвеститорите проблемот го префрлаат кај опшината (Општина Аеродром)....а општината со сите сили (и лаги) се труди овој нејзин проблем да го префрли на некој друг

Од Општина Аеродром се оградуваат од одговорност за пробивање на рокот за вселување во новите згради.
"Граѓаните треба да се обратат до фирмата 'Настел', која е изведувач на работите и продавач на становите. По издавањето на одобрение за градба, Општината Аеродром понатаму нема надлежности околу становите", изјавија од одделението за односи со јавност на Општина Аеродром.
Изградбата на 14-те згради е предвидена со Деталниот урбанистички план за населбата.
Извор Вест 20.01.2012
Следува преписка меѓу засегнати граѓани и граѓанскиот сервис на општина Аеродром


10.03.2012 во 11:59:00
vemolam da mi odgovorite ,koga ke imaat povrzano kanalizacija zgradite na nastel zatoa sto treba da se vselime a fali uste taa rabota
Статус: Одговорено
Тип на барање: останато



Одговор
12.03.2012 во 11:14:06
Почитувани, До крајот на месец Март се очекува да бидат пуштени зградите во близината на Мак Петрол , Горно Лисиче. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.
___________________________________________________________________________________________________________________


15.03.2012 во 14:04:10
Почитувани Како купувач на стан во новите згради зад бензинската на МакПетрол во Горно Лисиче засегнат сум околу проблемот со канализацијата и контрадикторните информации околу истата. Имено на вашиот граѓански сервис на прашање на граѓанин имате одговорено дека проблемот ќе се реши до крајот на март и зградите ќе може да се вселат. Од друга страна по дневните весници излезе информација дека општината ги повикува жителите на Горно Лисиче до април да платат за приклучок на канализационата мрежа. Логично следи дека на канализацијата нема да почне да се работи пред април. Би ве замолил за конкретна информација кога овие згради ќе бидат приклучени на канализационата мрежа и кога таа мрежа ќе профункционира.
Статус: Одговорено
Тип на барање: останато



Одговор
16.03.2012 во 14:30:36
Почитувани, Зградите во кои имате купено стан и кои треба да бидат завршени до крајот на месец март, немаат врска со куќите кои се наоѓаат во Горно Лисиче и кои никогаш до сега немале фекална канализација. Значи овие две канализациски мрежи се посебни и не се поврзани една со друга и затоа зградите ќе профункционираат до крајот на месец март. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.
___________________________________________________________________________________________________________________
23.03.2012 во 20:03:00
Pocituvani, citav na sajtov i ni bese odgovarano na site zasegnati gragani deka vodovodnata i kanalizacionata mreza za zgradite vo novo lisice na posledna petka zad benziskata mak petrol ke bide zavrsena i pustena vo upotreba do krajot na mesec mart. Denes sme 23-ti , dali ovaa nedela ili 30-ti mart tocno se smetaat za kraen rok, potocno dali veke od 1-vi april ke bide se pusteno vo upotreba ili pak ke iznikne nova pricina? Tamu sme sekoj den , ureduvame, no dosega ne zabelezav nikoj da raboti na ovoj problem, a rokot se nablizuva. Mislam deka ne e vo red pri plateni stanovi , nie seuste da plakame kirija ili treba tie smetki da gi prefrlime kaj vas ???
Статус: Одговорено
Тип на барање: останато


Одговор
27.03.2012 во 11:18:19
Почитувани, Општина Аеродром ја изведе канализационата мрежа, препумпната станица е готова, водоводната мрежа исто така. За конечно функционирање на целиот систем, Ве молиме да се обратите до Град Скопје кој треба набрзо да ги финализираат активностите поврзани со колекторот. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Контрадикторни на самите себе...прво не се надлежни, потоа се надлежни и во одреден рок ќе ја завршат својата обврска, за кога ќе истече рокот повторно да бидат ненадлежни и топката да ја префрлат на некој друг

На крајот ќе испадне дека Премиерот Никола Груевски или Председателот Ѓорѓе Иванов се одговорни.
Живееме во држава со најгломазна, најнеспособна и најимбецилна администрација која функционира само пред избори....со една и единствена цел ШТО ПОУСПЕШНО ЛАЖЕЊЕ.

 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Фала друже за темава. Више не купувам станови у Аеродром.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Од Општина Аеродром се оградуваат од одговорност за пробивање на рокот за вселување во новите згради.
Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.
Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.
Општинарите не се одговорни да направат канализација. Ама се одговорни да воведатат зонско паркирање па да „ стопанисуваат и поштено заработуваат “
Резил и срам - Ви благодариме што го користевте .....
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
.....топката се преврла од еден на друг....а најдебелиот крај го добиваат купувачите на станови кои живееат под кирија и истовремено плаќаат рати за кредит за купените станови

Инвеститорите проблемот го префрлаат кај опшината (Општина Аеродром)....а општината со сите сили (и лаги) се труди овој нејзин проблем да го префрли на некој друг
---Во мојот град моментално имаме сличен проблем со фамозното префрлање на топката од еден на друг,а на крај голот пак ќе го примат граѓаните.Имено се работи за паркингот пред градската болница кој е претворен во паркиралиште за комбиња,мини-бусови,таксиња и триста др.возила чие место воопшто не им е таму.Луѓево од селата со комбиња кои пренесуваат ученици буквално го окупираа тоа паркиралиште чија намена не е за тоа,туку за возила со пациенти и сл.Мене лично ми се случи да не можам да најдам паркинг и морав да вртам кругови околу болницата и да најдам едно место кадешто ќе се паркирам на 200 метри од болницата.
Е сега градоначалникот топката ја префрла на началникот на полицијата(кој патем е од селско потекло и нормално си ги штити "своите"),од др.страна началникот вели дека тоа е надлежност на општината и така во недоглед,а во меѓувреме паркиралиштето е нон-стоп под опсада.Штосот е во тоа што општината има одредено место кадешто комбињата ќе се паркираат и тоа на 400 метри подолу од болницата,но овие превознициве(со подршка на некој од надлежниве) упорно си тераат инает и се изживуваат со пациентите.
-Како да се решаваат ваквите проблеми на брз,нормален и ефикасен начин во кој сите страни ќе бидат задоволни? Јас знам,ама некој изгледа или не знае или не сака да го реши проблемот!
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Лажење - Второ полувреме


28.03.2012 во 18:19:16
koga bi se priklucila voda vo zgradite sto gi grade Nastel vo novo lisece kaj benzinskata pimpa na makpetrol bidejki cekame veke 2 meseca za da se vselime se ne lazat ovaa nedela pa drugata
Статус: Одговорено
Тип на барање: останато




Одговор
29.03.2012 во 13:45:47
Почитувани, Нашата обврска за завршување на канализацијата ќе биде исполнета онака како што ветивме, односно истата ќе биде завршена до крајот на месец Март. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.
____________________________________________________________________________

Барање
28.03.2012 во 11:31:55
Почитувани, Кога конечно ќе биде направена канализацијата за новите згради во Ново Лисиче на последна 5-ка (позади бензиската пумпа на Макпетрол). И кога ќе се изгради инфраструктурното уредување и пристапните улици до зградите за да може да се вселат над 1000 луѓе (200 семејства) што чекаат. Зградите беа готови уште во ноември/декември 2011 год, и чекаме 4 месеци за да ја направите канализацијата, водоводот и инфраструктурното уредување. Не е во ред голем број семејства кои имаат купено станови во тие згради да живеат под кирија а Вие како општина и понатаму да го одолговлекувате целиот процес и да се однесувате инфериорно кон целокупната ситуација. Во чекување на Вашиот ПООПШИРЕН одговор... Поздрав
Статус: Одговорено
Тип на барање: останато




Одговор
29.03.2012 во 13:45:28
Почитувани, Нашата обврска за завршување на канализацијата ќе биде исполнета онака како што ветивме, односно истата ќе биде завршена до крајот на месец Март. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром.

Македонскиот народ има испеано песна за секоја пригода.......
ЛАЖИ ЛАЖИ ВЕРЕ, ЛАЖИ КОЈ ЌЕ ЛАЖЕШ




 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Изгледа не лажеле а arakenx?
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ПРЕПУМПНАТА СТАНИЦА ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ
Градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, и Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска /11.04.2012 година, среда/ ја предадоа во употреба препумпната станица за прифаќање фекални води на десниот брег на реката Вардар, во населбата Горно Лисиче.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom