Опстанок на човекот

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Инспириран од Ден Браун, отварам прашање што сам често си го поставувам -

ДАЛИ НА ЧОВЕКОТ МУ ПРЕСТОИ САМОУНИШТУВАЊЕ

Со оглед на постојаниот раст на човечката популација, се поставува прашање дали Земјата ќе има доволно ресурси за опстанок на човештвото ? Различки релевантни научници имаат сосема спротиставени мислења, од најапокалиптично - дека Земјата не ќе може во иднина да ја издржи целата човечка популација / до други научници кои мислат дека сме далекоооо од таков Армагедон

Еве како изгледа бројот на човештвото низ години
upload_2015-8-16_8-57-38.png

Прогресијата е зезната работа, нели...

Моментално зголемување, чичко Гугл, вика вака -

THIS YEAR
Births this year 89,137,480
Deaths this year 37,328,346
Population Growth this year 51,809,134

Како главни причини за ваквата опасност се наведуваат-
-недостаток на храна во иднина
-недостаток на чиста и питка вода
-недостаток на енергија
-други, недостаток на физички простор, загадување на воздух...

Лично мислам дека со моментален и иден развој на наука и технологија, многу лесно може да се решат ( ако се сакаат ) сите потенцијални опасности и дека човекот не би трело да стравува за својата иднина.

Што мислите ?
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.383
Нели ви реков дека премногу се котиме? Уште па и со напредокот на медицината ја надминавме природната селекција, нема веќе survival of the fittest, денес секој газло може да преживее и да се размножува.

Ај да бидам поозбилна, не верувам дека моментално снемува ресурси(што не значи дека нема да биде случај понатаму), но факт е дека дел од ресурсите некој ги има во изобилие, колку и да не му се потребни, додека друг умира поради нивен недостаток.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Ние сме создадени за да се уништиме. Рационално размислување попрво ќе најдеш кај било кое животно него кај човекот. Така да, ако се бараат најголемите гомна на оваа планета, тоа сме ние.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Нели ви реков дека премногу се котиме? Уште па и со напредокот на медицината ја надминавме природната селекција, нема веќе survival of the fittest, денес секој газло може да преживее и да се размножува.
.
Така мислат и други. Затоа убаво ни оставиле упатство за понеинтелигентните
Georgia Guidestones

Првите 2 правила
-Одржавајте човечанство испод 500 милиона људи
-Водите мудро репродукцију
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606

Зошто не ги допишеш и другите правила?
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.383
Така мислат и други. Затоа убаво ни оставиле упатство за понеинтелигентните
Georgia Guidestones

Првите 2 правила
-Одржавајте човечанство испод 500 милиона људи
-Водите мудро репродукцију
Напред Велики брате! Елиминирај ја оваа проста раја! :D
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Реално луѓето од ера на индустрализација(па и пред тоа, само со незначителен импакт) па наваму повеќе се поистовестуваат со вирусите како организми отколку со цицачите.

Ако гледаме рационално и за планетата, а и за нас е подобро да намалиме со темпото на размножување.

Инаку сценарија што ќе се случи ако продолжиме вака, или во наредниве 100 години ќе напредне технологијата па ќе колонизираме други планети или пак ќе продолжи крвавата борба за ресурси која ќе станува пожестока пошто реално ако ја гледаме и денес ситуацијата има луѓе што имаат премногу и луѓе што немаат ич.

П.С И трета опција да научиме споделуваме ама ова нема да се деси хахаха
П.С2 "There is enough for everyone's need but not for anybody's greed"
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Јас сум песимист. Со продолжување на денешните трендови во одредена точка крајот на човештвото какво што го знаеме е неминовно. Цивилизацијата ја гледаме како некој контраст на хаосот и случајноста на природата, но забораваме дека е производ на едно делче од истата таа природа. Нема некоја голема шема, нема никаков план, ние сме само еден голем куп кој случајно се наакал така да ја оджрува својата тежина, но не знаеме до кога.

Меѓу другото:
Човештвото го изеде својот дел за годинава
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Со оглед на постојаниот раст на човечката популација, се поставува прашање дали Земјата ќе има доволно ресурси за опстанок на човештвото ?
Иако сметам дека не треба да се котиме повеќе како порано, од разни разни причини кои немаат ни врска со насловот на темава, но кога сме веќе кај неа, пренаселеноста како концепт е повеќе наметната идеја, него ли логичен заклучок. Како да ти кажам? Како добро инжињирана лага, во руво на пропаганда за позелен иден свет од овој денес.

Тоа што многу луѓе го подржуваат ова е затоа што веруваат во него врз основа на индикатори во реалниот живот, директно искуство. Немање на вода, храна, облека, или чист воздух итн. и кога некој ти труби дека ресурси нема, дека средината се уништува (пак најмногу затоа што има премногу луѓе, да има помалку нема да биде загадувана и уништувана средината нели?), дека немаме обновливи избори на енергија итн.

Лага број 1 - Храна нема за сите. Паааа не баш. И денес има храна за сите, а дури може да се произведе храна неколкукратно повеќе од таа денес, ако е тоа потребно. Има начини, а имало и луѓе со брилијатни идеи за истото. Проблемот? Корпорациите збрцаа прсти и во сточарските и земјоделските гранки, ги направија свои миниони и преку нив диктираат колку ќе се произведе и каде ќе иде сето тоа. Ексесот останува ексес бидејќи никој не е желен да го сподели со подрачјата кои немаат скоро ништо како храна. Не е недостатокот на желба и воља, него тие што се во позиција на моќ си поставуваат бариери кои не можат да се поминат лесно ако не си на позиција на моќ;

Лага број 2 - Вода нема за сите. Јок. Има вода, само питката вода пак ја монополизираат корпорации. Еден гугл клик ќе ти покаже се. Остај што има гении кои работеле со децении на креирање на десоленатори на морска вода (да ја претворат во питка), но се агресивно замолчувани или прокетите им се саботирани, чувани во фиока, или самите креатори мистеоризно исчезнуваат или умираат;

Лага број 3 - Њама облека. Дури и синтетичка има за сите. Работава е каде ќе градиш фабрики за да се прави истата. Друго, со оглед на тоа како канабисот може и лесно да се расте, а истиот да стане главен материјал за правење на облека, прашањето е зошто не носиме денес облека од канабис, а истиот е нелегален у сто и кусур земји. Food for thought;

Лага број 4 - Обновливи ресурси нема. Слична приказна како кај десоленаторите. Среќни се оние умови кои ќе се најдат во некој документарец каде го објаснуваат својот изум и како работи, често и со демонстрација. Често обработен и до најситни детали, кои се објаснети за публиката. Си се прашал зошто ги гледаме само на документарци или ги читаме на интернет? Зошто целото тоа движење и филозофија да резултира со ветерни турбини и соларни ќелии, кои патем чинат апла, и се луксуз кој не може секој да си го дозволи;

Лага број 5 - Средината се уништува, Глобално Затоплување, Климатски промени, човекот е крив! Well, сите овие работи се имаат случено и претходно. Човекот е крив, да, за отприлика 2% од промениве. Во времето на диносаурусите немало фабрики да пумпаат CO2 во атмосферата. Нити после нив во пар пати кога се појавува истото. Глобално затоплување има и на Марс. И не само таму, има се до Плутон. Зар имаме луѓе на сите овие планети кои допринесуваат за климатските промени? Средината се уништува со многу работи, најчесто со човековиот разум денес. Кој не е во форма;

Лага број 6 - Премногу луѓе сме! Мислиш ... Премногу луѓе на едно место, регион? Тогаш да. Сигурен сум дека во Индија и во Кина би се согласиле. Популациони чворови има на повеќе места на панетава, и тоа е тоа што ја создава илузијата за пренаселеност. Неадекватна распределеност = "пренаселеност". Има еден куп подрачја и региони што може да се населат, со технологија од денес, не од некое футуристичко утре. Зошто не? Прашај ги тие што ги прават урбанистичките планови;

Доволно повторени лаги и илузии, и секако дека се ќе има смисла.

Наталитетот во многу земји е намален. Во тие каде е зголемен, не е зголемен на ниво да го замени трендот на човечки раст кои другите земји го држеле и да ги исполни песимистичните очекувања и прогнози. Значи тие бројки кои се изведуваат ќе бидат значително помали. Нешто што би го ублажило уште повеќе ова е ако наталитетот се намали уште повеќе, и заедно во пакет ако наскоро почнеме да го колонизираме Марс, и Месечината. За Марс веќе има планирани такви мисии уште за 2020та година. И на секои две години ќе се зголемува колонијата со нови луѓе. Колку повеќе се развива колонијата и создава соодветна средина и инфраструктура, толку повеќе луѓе ќе можат да заминат таму. Земјата ќе се ослободи од доста "товар".

Проблемот е, најчесто тие што би заминале во еден правец на тој начин се луѓе кои не им сметаат ризици, се смели, ги води разум, логика, и им цути интелигенција во глава, како и визионери, сонувачи, филозофи, поети и духовни парагони. Тие што се пронашле во роман на Артур Кларк и Асимов, тие што се уште веруваат во човештвото и добрата природа како склоност на истото од раѓање до смрт. Е тој тип луѓе ќе ги наследни тие нови светови. А ние ќе останеме со џганот и повраќаницата од човештвото овде и ќе гниеме. Едино молам господ да не зацути вселенската рударска економија па џганот да може да си дозволи да населува други планети. Доволно е оваа што ја загноија.[DOUBLEPOST=1439728007][/DOUBLEPOST]
Не се однесуваат директно на темата
Точно. Затоа што ништо лошо нема во нив. И ова е проблем кој сите го сретнувате кога ги читате овие споменици.

Кажи ми, ако се работи за некаква агенда на депопулација, зар нема да го пишува и тоа на спомениците? Вака е малце нејасно. Ако се зголеми популацијата над 500 милиони - тогаш што? Нема правило кое ти кажува што во тој случај. Нити како да се стигне до таа бројка сега, од 7 милијарди до 500 мил. Логички, ако некој го пишал тоа, ќе пише и начин - да речеме ете, вештачки, дека треба да се намали популацијата. Со оглед на тоа што авторот на споменициве е анонимец, а јавни фигури излегле со поинкриминирачки изјави times and times again, не ми е јасно зошто не е потенцирано. Освен ако е намерно изоставено. Вака повеќе изгледа - во случај на некаква катастрофа, не се котете ко зајци, зошто катастрофата може да влијае на погодноста на околината и ресурсите, па да не ви снема се пред да се врати природата во форма од катастрофата.

А мудро водење на репродукцијата имаме и денес. Се вика parental planning, кондоми и контрацептивни пипули. Само ретко кој се држи до правилата. Не треба споменик за таа лекција.
 
Последно уредено:
D

dobramuzika

Гостин
Затоа NWO се планира со години, трета светска војна каде и да е ќе се случи и многу народ ќе изгине.
 
InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
Valentine: When you get a virus, you get a fever. That's the human body raising its core temperature to kill the virus. Planet Earth works the same way: Global warming is the fever, mankind is the virus. We're making our planet sick. A cull is our only hope. If we don't reduce our population ourselves, there's only one of two ways this can go: The host kills the virus, or the virus kills the host. Either way... Arthur: The result is the same: The virus dies.
-Kingsman:the secret service

Се' си кажа човекот.Ако продолжиме да дејствуваме вака и низ следните 10 000 години ништо не ни преостанува освен жив пекол.Ќе изгориме или ќе се удавиме и природата пак ќе си направи баланс.Онаму каде што имало планина ќе има море,а онаму каде што имало вода ќе има планина.Се додека свеста не се крене кај лугето, да раѓаме по 1 дете и да ги трошиме рационално ресурсите, нема да остане надеж за подобро утре.:(
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Иако сметам дека не треба да се котиме повеќе како порано, од разни разни причини кои немаат ни врска со насловот на темава, но кога сме веќе кај неа, пренаселеноста како концепт е повеќе наметната идеја, него ли логичен заклучок. Како да ти кажам? Како добро инжињирана лага, во руво на пропаганда за позелен иден свет од овој денес.

Тоа што многу луѓе го подржуваат ова е затоа што веруваат во него врз основа на индикатори во реалниот живот, директно искуство. Немање на вода, храна, облека, или чист воздух итн. и кога некој ти труби дека ресурси нема, дека средината се уништува (пак најмногу затоа што има премногу луѓе, да има помалку нема да биде загадувана и уништувана средината нели?), дека немаме обновливи избори на енергија итн.

Лага број 1 - Храна нема за сите. Паааа не баш. И денес има храна за сите, а дури може да се произведе храна неколкукратно повеќе од таа денес, ако е тоа потребно. Има начини, а имало и луѓе со брилијатни идеи за истото. Проблемот? Корпорациите збрцаа прсти и во сточарските и земјоделските гранки, ги направија свои миниони и преку нив диктираат колку ќе се произведе и каде ќе иде сето тоа. Ексесот останува ексес бидејќи никој не е желен да го сподели со подрачјата кои немаат скоро ништо како храна. Не е недостатокот на желба и воља, него тие што се во позиција на моќ си поставуваат бариери кои не можат да се поминат лесно ако не си на позиција на моќ;

Лага број 2 - Вода нема за сите. Јок. Има вода, само питката вода пак ја монополизираат корпорации. Еден гугл клик ќе ти покаже се. Остај што има гении кои работеле со децении на креирање на десоленатори на морска вода (да ја претворат во питка), но се агресивно замолчувани или прокетите им се саботирани, чувани во фиока, или самите креатори мистеоризно исчезнуваат или умираат;

Лага број 3 - Њама облека. Дури и синтетичка има за сите. Работава е каде ќе градиш фабрики за да се прави истата. Друго, со оглед на тоа како канабисот може и лесно да се расте, а истиот да стане главен материјал за правење на облека, прашањето е зошто не носиме денес облека од канабис, а истиот е нелегален у сто и кусур земји. Food for thought;

Лага број 4 - Обновливи ресурси нема. Слична приказна како кај десоленаторите. Среќни се оние умови кои ќе се најдат во некој документарец каде го објаснуваат својот изум и како работи, често и со демонстрација. Често обработен и до најситни детали, кои се објаснети за публиката. Си се прашал зошто ги гледаме само на документарци или ги читаме на интернет? Зошто целото тоа движење и филозофија да резултира со ветерни турбини и соларни ќелии, кои патем чинат апла, и се луксуз кој не може секој да си го дозволи;

Лага број 5 - Средината се уништува, Глобално Затоплување, Климатски промени, човекот е крив! Well, сите овие работи се имаат случено и претходно. Човекот е крив, да, за отприлика 2% од промениве. Во времето на диносаурусите немало фабрики да пумпаат CO2 во атмосферата. Нити после нив во пар пати кога се појавува истото. Глобално затоплување има и на Марс. И не само таму, има се до Плутон. Зар имаме луѓе на сите овие планети кои допринесуваат за климатските промени? Средината се уништува со многу работи, најчесто со човековиот разум денес. Кој не е во форма;

Лага број 6 - Премногу луѓе сме! Мислиш ... Премногу луѓе на едно место, регион? Тогаш да. Сигурен сум дека во Индија и во Кина би се согласиле. Популациони чворови има на повеќе места на панетава, и тоа е тоа што ја создава илузијата за пренаселеност. Неадекватна распределеност = "пренаселеност". Има еден куп подрачја и региони што може да се населат, со технологија од денес, не од некое футуристичко утре. Зошто не? Прашај ги тие што ги прават урбанистичките планови;

Доволно повторени лаги и илузии, и секако дека се ќе има смисла.

Наталитетот во многу земји е намален. Во тие каде е зголемен, не е зголемен на ниво да го замени трендот на човечки раст кои другите земји го држеле и да ги исполни песимистичните очекувања и прогнози. Значи тие бројки кои се изведуваат ќе бидат значително помали. Нешто што би го ублажило уште повеќе ова е ако наталитетот се намали уште повеќе, заедно во пакет ако наскоро почнеме го колонизираме Марс, и Месечината. За Марс веќе има такви мисии веќе во 2020та година. И на секои две години ќе се зголемува колонијата со нови луѓе. Колку повеќе се развива колонијата е создава соодветна средина и инфраструктура, толку повеќе луѓе ќе можат да заминат таму. Земјата ќе се ослободи од доста "товар".

Проблемот е, најчесто тие што би заминале во еден правец на тој начин се луѓе кои не им сметаат ризици, се смели, ги води разум, логика, и им цути интелигенција во глава, како и визионери, сонувачи, филозофи, поети и духовни парагони. Тие што се пронашле во роман на Артур Кларк и Асимов, тие што се уште веруваат во човештвото и добрата природа како склоност на истото од раѓање до смрт. Е тој тип луѓе ќе ги наследни тие нови светови. А ние ќе останеме со џганот и повраќаницата од човештвото овде и ќе гниеме. Едино молам господ да не зацути вселенската рударска економија па џганот да може да си дозволи да населува други планети. Доволно е оваа што ја загноија.[DOUBLEPOST=1439728007][/DOUBLEPOST]

Точно. Затоа што ништо лошо нема во нив. И ова е проблем кој сите го сретнувате кога ги читате овие споменици.

Кажи ми, ако се работи за некаква агенда на депопулација, зар нема да го пишува и тоа на спомениците? Вака е малце нејасно. Ако се зголеми популацијата над 500 милиони - тогаш што? Нема правило кое ти кажува што во тој случај. Нити како да се стигне до таа бројка сега, од 7 милијарди до 500 мил. Логички, ако некој го пишал тоа, ќе пише и начин - да речеме ете, вештачки, дека треба да се намали популацијата. Со оглед на тоа што авторот на споменициве е анонимец, а јавни фигури излегле со поинкриминирачки изјави times and times again, не ми е јасно зошто не е потенцирано. Освен ако е намерно изоставено. Вака повеќе изгледа - во случај на некаква катастрофа, не се котете ко зајци, зошто катастрофата може да влијае на погодноста на околината и ресурсите, па да не ви снема се пред да се врати природата во форма од катастрофата.

А мудро водење на репродукцијата имаме и денес. Се вика parental planning, кондоми и контрацептивни пипули. Само ретко кој се држи до правилата. Не треба споменик за таа лекција.
Се согласувам мање-више со све.

Храна
Има доволно храна за сите и сега. Ама факт е дека не е добро распределена, што не наведува на проблемот на глобализацијата и корпорацизмот. Покрај зголемување на бројот на населението, перманентно се зголемува и производството на храна.
Житарици
upload_2015-8-16_14-48-9.png
Месо
upload_2015-8-16_14-48-44.png
Зеленчук
upload_2015-8-16_14-49-14.png
Сигурен сум дека и сега, со постоечката технологија, науката е спремна да одговори и на повекекратна продукција. Да не зборуваме дека има уште еден куп технолошки идеи кои не се во масовно производство[DOUBLEPOST=1439729868][/DOUBLEPOST]Енергија
Без разлика дали ресурсите на нафта се дотрошуваат, има многу начини за добивање на обновлива енергира што засега се не користат максимално.
Само сончева енергија стига

Еве колкава површина, пример , од Сахара е доволно
 
Последно уредено:
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
Земјата има доволно ресурси сега за сега и за уште некое време, само треба да ги користиме ефикасно и нема да бидеме гладни.

Но, по повеќе време навистина ќе има проблем со ресурси, ограничување на размножување и останати себе лимитирачки cyber punk сценарија на човештвото.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom