Еве една убава приказна да пробуди малку надеж за македонскиот зимски спорт. Имено денес Јапонија има претставници во финалето на женскиот дел од турнирот во Карлинг, што претставува фантастична приказна. Карлингот е доста непознат спорт во Јапонија, но во 1980 доаѓа некој тим од Алберта, Канада да го претстави спортот во малото градче на северот на Хокаидо, Токоро (Китами). После тоа е формиран мал надворешен ринг за карлинг и импровизирана сала за карлинг во зимските месеци во 1988. Освен ова Карлингот е направен задолжителен за двете основни и средни училишта од градчето. Ова после некое време вродило со плод и играчите кои излегле од тие две училишта ги дале скоро сите карлинг играчи на Јапонија, почнувајќи од зимските игри во 1998. Целиот тим на Јапонија, вклучително и Сатсуки Фучисава капитенот, доаѓа од тоа градче и игра за локалниот тим Loco Solare. Така да спремајте го карлингот во Валандово или Крушево кои се тука некаде со големина. Има надеж и за нас.