- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 114
- Поени од реакции
- 0
Економија
„Сименс интернешенел“ влегува во Македонија
Германската компанија планира да отвори софтверски центар во Скопје
МАЈА ТОМИЌ
Светски водечката информатичка компанија - германски „Сименс интернешенел“ наскоро ќе отвори софтверски центар во Скопје. Така беше договорено на вчерашната средба меѓу вицепремиерот Зоран Ставрески и Василиос Кастанис, регионален менаџер за развој на „Сименс“. Вредноста на инвестицијата засега не се обелоденува, освен што се кажува дека ќе се реализираат меѓу 10 до 20 вработувања во почетокот.
„Како резултат на повеќемесечните преговори, со задоволство информираме дека ’Сименс интернешенел‘ влегува во Македонија со отворањето на центарот за развој на софтвер. Тоа е потврда дека земјата е интересна дестинација за странски инвестиции и дека напорите на Владата за подобрување на бизнис-климата и за заокружување на реформските процеси дадоа резултат. Очекуваме софтверскиот центар да расте и во блиско време голем дел од софтверот на ’Сименс‘ да се изработува во земјава“, изјави Ставрески по вчерашните преговори со претставниците на „Сименс“.
Очекувањата на Владата се дека со „Сименс“ ќе се остварува долгорочната соработка во повеќе сектори, меѓу кои транспортот, железницата и здравството. „Очекувам дека влезот на ’Сименс‘ ќе биде позитивен сигнал за други странски компании да одлучат да инвестираат во Македонија“, рече Ставрески.
Според Костанис, инвестицијата во Македонија е само дел од глобалната мрежа инвестициите кои „Сименс“ ги има во 190 држави во светот. „Веруваме дека во Македонија ќе го најдеме потребниот квалификуван кадар за софтверскиот центар, веруваме дека земјата е со стабилно политичко опкружување и има знаци на економски раст“, изјави Костанис. Тој додаде дека в понеделник во македонските медиуми ќе биде објавен огласот за првите вработувања. Ќе стане збор за 10-15 лица кои, според Костанис, ќе бидат обучувани за работа во странство пред да се вклучат во производствениот процес. Овие вработувања ќе бидат реализирани во првата фаза од бизнисот на „Сименс“ во земјава, а подоцна ќе има и отворање повеќе работни места. Колкава ќе биде вредноста на оваа инвестиција на „Сименс“ во Македонија ниту вицепремиерот Ставрески ниту Костанис не дадоа одговор. Инаку, поранешната влада во повеќе наврати водеше преговори со претставници на „Сименс“ за инвестирање во земјава. Последните беа лани, кон средината на јуни, непосредно пред изборите. Тогаш се потпиша протоколарен договор со претставници на „Сименс“ без прецизни проекти, рокови и суми. Се верификуваа неколку проекти во медицината и во инфраструктурата, без да се прецизира кој од нив ќе добие приоритет.
Еден од плановите на владата беше „Емо“ и „Сименс“ да формираат заедничка компанија за обработка на софтвер и нова технологија.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=10B891E1C747214795183C4185FDF701