Огромен авион како носач на ракета

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Коосновачот на Мајкрософт Пол Ален планира да ја финансира изградбата на најголемиот авион кој некогаш е направен, а ќе се користи како носач на ракети со кои би се лансирале од капсули со астронаути до сателити во орбитата. Првиот лет многу амбициозно се најавува за 2016 година.

Распон на крилја 117 метри, може да се види на сликата од линкот со испрекината линија. Авионот тежок 544 тони, треба да ја подигне ракета тешка 227 тони на висина од над 9 километри, која потоа сама стартува. Ракетата во орбитата ќе може да исфрли терет од над 6 тони.
http://www.nytimes.com/imagepages/2011/12/14/science/14spaceship_graphic.html?ref=space
Зад авионот стои Scaled Composites на славниот Burt Rutan, рекетата треба да биде дело на Spacex, првата приватна компанија која успеа да ја достигне орбитата со нејзината капсула Драгон.
Инаку ваквиот концепт не е нов, го имавме со ракетата Пегаз и Б 52, уште од 1990 година, Пегаз е способен да лансира сателити до 500 кг и досега е лансиран 40 пати.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
Ваквиот начин на лансирање драстично би ги намалил трошоците за лансирање на астронаути или сателити.
Класичните ракети полетуваат од земја со почетна брзина нула, далеку од екваторот (освен космодромот во Француска Гвајана и Си лаунч), и треба да поминат низ најгустиот слој од атмосферата.

Со овој начин, се избегнуваат сите три:
Почетната брзина на ракетата е над 800 км/ч во зависност од авионот што ја носи, а може да биде и суперсоничен, потоа, самиот авион може да ја однесе ракетата над екваторот и се избегнува густата атмосфера, ракетата се лансира на околу 10 км висина.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Ова прв пат го гледам.
Прочитав некаде дека е многу ефективно и ефтино во споредба со класичното лансирање на сателити опцијата да тоа се врши со еден голем топ со голем калибар од типот на топот кој го има изработено Џералд Бул за Ирак.
Има ли некој информација за оваа идеја?
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Ова прв пат го гледам.
Прочитав некаде дека е многу ефективно и ефтино во споредба со класичното лансирање на сателити опцијата да тоа се врши со еден голем топ со голем калибар од типот на топот кој го има изработено Џералд Бул за Ирак.
Има ли некој информација за оваа идеја?
Идејата на Џералд Бул е преку огромен топ како граната да користи ракета и така да постигне орбитална брзина. Најмногу ќе постигне прку проектот HARP кога истреланиот проектил ќе постигне 180 км висина на балистичка патека. Но потоа е прекинат проектот можеби на сметка на Аполо програмата.
In 1966, the HARP gun fired a projectile to 112 miles high, a world record that still stands.
Подоцна работи за Ирак за продолжување на дометот на Скад ракетите, па Садам Хусеин ќе се заинтересира за изградба на супертоп и ќе почне проектот Вавилон, со ваков супертоп сакал да го бомбардира Израел. Но деловите од топот се изработуваат во Европа и ќе бидат запленети 1990 пред инвазијата врз Кувајт, Ирак тогаш тврди дека се тоа цевки за рафинерија за нафта. Истата година Бул е ликвидиран, најверојатно од Мосад во неговиот апартман во Брисел. После инвазијта на САД врз Ирак ќе најдат делови и супертопови кои не биле во функција. Имаше и филм за Бул, одамна го имам гледано ако знае некој како се вика филмот?


http://en.wikipedia.org/wiki/Project_HARP
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Е на ова мислев,филмот го немам гледано,само знам дека за вториот топ кој требало да има калибар од 1000 мм му се запленети деловите од цефката.
Знам исто дека Џералд Бул е убиен,интересно темиче е ова за муабет,може да се напише доста за ова.:)
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Еве неколку сликички од тестирањето на прототипот на HARP супертопот на островот Барбадос. :)



А еве што е останато денес од него



 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707

Рускиот спејсшатал Буран прекинат проект.Овде полетува заедно со Антонов мислам.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Русите можат некој од овие авиончиња да искористат
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
9
Поени од реакции
4
HARP топов е лоша идеја за лансирање сателити. Мислам, треба да се прават сателити што буквално треба да издржат испукување од топ. Антонов 225 е правен за лансирање на ракети носачи од воздух, првенствено МАКС, и како транспортер за Буран:
http://buran.ru/htm/molniya.htm
Инаку ова погоре е екраноплан, со масимална височина на лет од некаде стотина метри тешко да може да стаса до космос
 

Kajgana Shop

На врв Bottom