Обединета Фаланга (Навивачка група која ќе ја бодри Македонија)

Дискусија во форумот 'Навивачки групи' започната од ultras1988, 5 јули 2015.

  1. ultras1988

    ultras1988 Anti-Antifa

    Член од:
    6 февруари 2014
    Мислења:
    2.205
    Допаѓања:
    3.652
    Веќе налетав на тема отворена од страна на Коњаникот која гласи Обединета Македонија, во која се зборува за нешто слично,но сепак се забегало од темата.Решив да започнам сосема нова тема со која сите како поединци кои сме едуцирани, и длабоко навлезени во навивањето ќе коментираме без притоа да се вклучат разни индијанци.
    Прво да направиме анализа на трите проекти што јас сум запознает, и сите до еден неуспешни.
    Првиот проект е Обединети Македонски Навивачи.Во него би членувале сите навивачки групи од внатрешноста кои ќе навивале на Исток ,за разлика од Комити и скоспките групи кои би навивале на Запад.Со промена на раководството на ФФМ оваа идеја пропаѓа.
    Втората иницијатива која може да се нарече и најсериозна е Обединета Фаланга.Иницијативата доаѓа од богат бизнисмен кој со своите синови секаде ја бодри репрезентацијата на Македонија во сите спортови.Во оваа иницијатива се вклучени и повеќе навивачи, а требаше да дојде и до состанок со поголемите навивачки групи.Поради лични интереси и суети, пред се на скопските групи оваа иницијатива пропадна.Главна причина беше тоа што една скопска група, пред да дојде до состанок ја одби иницијативата официално во јавноста, со што состанокот не се ни одржа.Групата почна да фунцкионира со некаде 40-50 членови, но сега е згасната и ја нема.
    И трета беше Верна Фаланга.Проект на АМС и Владата, чиј претседател беше шарлатан кој нема допирни точки со навивање и не знае што прави на планетата Земја.Никогаш не заживеа иако има од време на време одредени манифестации, каде што оваа група се појавува.

    Пред се на оваа тема која можеби треба да има друг наслов да се дискутира за потреба од ваква група , начинот на која таа би требала да се организира, и кои ќе се последиците доколку дојде до формирање на таква група.
     
    Последно уредено: 6 јули 2015
    На Colt Willcox му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Roy Fokker

    Roy Fokker

    Член од:
    26 септември 2012
    Мислења:
    5.869
    Допаѓања:
    4.072
    наше ќе биде солунско поле !?
     
    На Skorp, sankerce и DanielVogel им се допаѓа ова.
  3. dobramuzika

    dobramuzika

    Член од:
    17 март 2015
    Мислења:
    583
    Допаѓања:
    1.260
    Супер ќе биде да има обединети навивачи кои ќе ја бодрат Македонија, но самите групи да се организираат, не владата или ффм, или некои трети.
     
  4. ultras1988

    ultras1988 Anti-Antifa

    Член од:
    6 февруари 2014
    Мислења:
    2.205
    Допаѓања:
    3.652
    Па темата е баш затоа.Да се направи група која ќе оди и контра Влада и контра ФФМ кога е потребно, а да се заштита и промовират правите македонски и навивачки идеали.
     
  5. ultras1988

    ultras1988 Anti-Antifa

    Член од:
    6 февруари 2014
    Мислења:
    2.205
    Допаѓања:
    3.652
    Еве вака јас да дадам некој жар на темата па можеби ќе се разгори.
    Факт е дека навивањето во Македонија се соочува со голема криза.Но сепак еве некој групи се враќат од мртвите, втора лига фудбал ветува јака навивачка сезона, кошарката исто.Сепак едно боди очи а тоа е што Македонската тифо сцена е единствена која не е обединета на никаков начин.Секаде во лето навивачките групи заеднички организират хуманитарни акции , во Македонија такво нешто немало за жал.Потребите за вакво навивачко обединување прво меѓу групите а потоа и за репрезентација е повеќе од потребно, а навивачите би добиле каква таква моќ што сега не ја поседуват.
    Како прво многу е важно организациски да се постават работите на трибина.За почесен претседател доколку прифати (а зошто да не и претседател на целосната организација иако тоа ќе биде малце тешко) да е Горан Николоски Турчин.Синоним за се што треба да претставува групата , родољубие, храброст ,пожртвуваност, другарство, борба против неправдата на оваа наша полициска држава и.т.н.
    Организациски групата би била поделена на неколку зони и тоа
    - Скопска (Скопје)
    -Северо-исток со седиште во Куманово
    - Источна со седиште во Пробиштип.Иако во оваа територија најголем град би бил Штип , сепак од навивачка гледна страна тоа е Пробиштип.
    - Централна со седиште во Кавадарци
    - Југо-исток со седиште во Струмица
    - Пелагонија-охридско струшка со седиште во Битола
    - Северо-Запад со седиште во Тетово.
    Сите овие зони би давале по еден претставник во УО на оваа група.Плус 3 преставници би дошле од симпатизарско-бизнисменскиот дел на групата ако таков се основа.
    Имам ја цела замисла и структура на групата како би требало да функционира али ме интерисрат и други мислења, и дали оваа иницијатива која трае веќе повеќе од 15 години конечно дојде до реализација.
     
  6. Џони От

    Џони От

    Член од:
    30 август 2012
    Мислења:
    1.965
    Допаѓања:
    2.364
    И прво јако пијанство ќе настане се попара.Дај џабе не си прајте филмој , никогаш вакво нешто нема да профукционира.
     
    На dobramuzika му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: