ОМД против заедничка прослава на Илинден со Бугарија

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Провокација и навреда на македонскиот идентитет, ја смета Обединетата македонска дијаспора идејата на Бучковски за заедничка прослава на Илинден.
Оваа организација смета дека „Македонија може да биде гостопримлива кон оние кои присуствуваат на илинденските прослави, но сепак, јасни разлики мора да се обележат помеѓу тие што слават и тие што се само присутни на прославата. Сепак, бугарското минато, особено фашистичката воена окупација на Македонија за време на Втората Светска војна, оневозможува препораки за заедничка прослава“.
ОМД се надева дека „премиерот Бучковски ќе ја разјасни својата изјава и ќе ја увери македонската нација дека славењето на македонската историја ќе остане македонска работа“.







Извор: А1 Вести
 

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
Веќе бил Владо Бучков слушам, а бре што да правиш како да правиш, СДСМ паѓаат од власт, и за тоа придонесуваат самите тие, а не некој друг. цццц
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Зашто секоја расправа ја терате на таа тема СДСМ паѓа од власт.:nerv: :nerv: Ми се сере више од упропастување на секој втора тема.Ако незнаете шо да кажете на темата едноставно молчете.:nerv: :nerv:
пиес:далеку од тоа дека сум за СДСМ или за било кој,јас сум само за безгрижно дудлање (сепак корисно) по форумов:je: :je:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
IMAS PRAVO: KO O CEMU , BABA O UNUCICIMA :):):)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Predlogot na Chshule go definira izlezot: neka dojdat da chevstvuvame zaedno 11 oktomvri kako uvertira vo proslavata za Ilinden idnata godina - i toa vtoriot.

Време, број 745, 11.06.2006

Помилување

Борис Сакскобурготски, царја на Б'лгарите, го помилува татко ми. Ете така ме имате мене како колатерална штета и литературата на Коле Чашуле како придобивка. На еден мошне чуден, човечки начин сум му благодарен на Борис, онолку колку што сум му и напизмен што младата партизанка Ванѓа, мајка ми, истрпи чудовишни маки цели три години во логорот на смртта во Стара Загора.

Сакам, јас, синот на помилуваниот партизан, сепак, да му возвратам. Сакам да го помилувам Симеон Сакскобурготски, синот на Борис, мојот нов пријател со кого ние двајцата балканци, на вечерата кај амбасадорот Љубиша Георгиевски, тој како премиер јас како министер за надворешни работи најдобро, се разбиравме на шпански.

Заедничка прослава на 11 Октомври

Симеон е политичар каков што еден балкански народ може да посака. Но за да стане тој, и неговиот народ со него, европски и со нас, нивните најблиски, да слави победи, треба да направи еден мал чекор за него и голем за Балканот. Но, не е доволно само тој, туку треба да му се придружи и Георги Перванов, како претседател на сите Б’лгари, премиерот Срегеј Станишев, претседателот на Собранието Георги Пирински и сите други добронамерни побратими.

Ги канам, следејќи ја на мој начин идејата да славиме заедно, да дојдат најпрвин во Прилеп на ден 11 октомври 2006 година, на 65- годишнината од единственото наше и нивно, ако веќе сакаат, победоносно востание и да им се поклонат на малкутемина преживеани востаници, да помолчат со свиени глави пред Могилата на непобедените, да дојдат и онака европски да се извинат за завојувањата, за жртвите, за недоразбирања, за посегањата, за фашизмот.

Да искажат едно Благодарам, Мерси, ако сакате, едно историско Данке Македонија!

Да не беа тие тринаесет прилепчани наоружани со тељови, камења и пиштоли што не пукаат, и над се со јуначки голема љубов за слободата и дивовска смелост да и се спротивстават на најголемата мрачна империја на векот-Фашизмот-- кој ќе им го покажеше патот на Б’лгарите кон демократска Европа, да појдат таму како победници и да стасаат?! Нивниот 9 Септември ќе беше невозможен без нашиот 11 Октомври!

Ги канам да покажат зрелост и доблест, сега кога се на прагот на Европа, иста, дури и поголема од онаа на Вили Брант, на колена во злогласниот Аушвиц. Треба Симеон и неговите патем кон Прилепа града да минат и низ Скопје и да паднат на колена во Еврејско Маало, пред нашиот споменик на Холокаустот. Не треба да одат дури во Треблинка, ние нашиот мир, измирување и братска љубов треба да ја градиме тука каде што и ќе ги живееме.

Балканска големина

Не треба многу, трошка човештина и искрена верба во изградбата на нов, европски Балкан. Не го одделуваме од усти, ама никако да си поверуваме, онака на збор; нема дела, а зад зборовите се нижат колони толкувачи, кои во искреноста секогаш наоѓаат и по некоја и повеќе трошка сомнеж и задни намери, страв.

Ете можност за дело.

Да покажеме и ние Балканците иста големина и човештина како таа на Германецот Шредер на прославата на 60-годишнината од Победата над фашизмот што го изнедрија неговите предци, кога појде среде Москва кај најголемата жртва и најголемиот победник. Покажа и докажа на дело дека победата што ја извојуваа Русите на чекор пред храбрите Британци, Југословени, Пољаци, Французи, Американци и другите сојузници му донесе и нему слобода и невиден просперитет. Знаеше Шредер да биде горд на Црвениот плоштад.

Да покажат нашите побратими смелост како онаа на јапонскиот премиер Јуниширо Коизуми кога му се извини на кинескиот народ за својатањето, за завојувањето, за анексиите, за империјалните претензии кои го кутнаа јапонскиот народ во прегратките на фашизмот, за жртвите. Исто онака како што сите својатања, завојувања, анексии и империјални претензии, го кутнаа двапати во последниот век на минатиот милениум бугарскиот народ во прегратките на фашизмот, кои и нему и нам ни донесе жртви, недоразбирања, омраза и страв. Го нурнаа бугарскиот народ, духовни жени и мажи, даровити и благородни луѓе, во таква дупка на беузмието што им требаше повеќе од половина век да испливаат од блатото на сталинизмот, кој им дојде како божја казна, се заради Македонија.

Дојде време да се ослободат од комплексот Македонија. Тргнаа по вистинскиот пат кога први ја признаа државата на македонскиот народ по демократското осамостојување. Остана уште да го признаат 11 Октомври и победата во него на македонскиот народ не само против фашизмот, која ги ослободи и нив Бугарите, туку и против идејата со оган и меч да бидеме прекрстени во Б’лгари, исто онака како што Србите тоа го правеа тепајќи не со денови во прилепската кула за да бидеме Чашуљевиќи! Не судеа на смрт за таа нивна Македонија и загубија.

Дојдете побратими да го прославите и признаете 11 Октомври како крај на 19 век и почеток на европската ера на Балканот. Имено така: 11 Октомври е востание на еден мал европски народ во дружба со најголемите против идеите за големи држави што и Вие упорно ги носевте кај нас наместо слобода. Треба годинава во Прилеп на 65-годишнината од нашиот вистински приклучок кон европските народи на демократијата да сфатите дека тогаш зад тие 13 јунаци веќе сместени во митот на непобедените се наредија сите! Дури и тие што ве дочекаа како ослободители и браќа! Сите заедно од Егејот до Пирин се дигнаа на бунт против ретроградната, фашистичка држава што ни ја понудивте како слобода.

Ако го признаете 11 Октомври, тогаш, и само тогаш, од се срце ќе ве дочекаме и на Илинден, најпрвин на оној вториот од 1944 година, кога АСНОМ ја означи, каква таква, нашата држава извојувана со победата над фашизмот.

Овој вториот Илинден треба да го славиме заедно. Тука се согласувам со нашиот премиер Владо Бучковски. На тој Илинден треба да дојдете, ама в година, откако во Прилеп и Скопје ќе ја извршите историската катарза која ќе Ве сврсти меѓу народите од Унијата, каде што ќе стасате пред нас, оние на Шредер, на Наполитано, на Сапатеро, но и на Коизуми, миротворецот од Азија.

Овој наш, а добро би било да е и Ваш Илинден, пред се како признание, ја озакони еднаш за секогаш државата на македонскиот народ и го сврсти токму него меѓу европските народи-победници. Тоа се случи пред претставниците на тогашните сојузници на македонскиот народ наречени Обединети нации против фашизмот. Нема сила и нема политички блеф за заедништво низ прославата на туѓото како свое што ќе го смени тој закон!

На Стеванка Чашулеица, баба ми, Старата на Коле постариот и требаше еден месец пешки од Прилеп да стаса до Софија и царскиот двор. Во шамија забрадена, со 91 златен напољон во шамивче, онака по прилепски тргна да моли сила царска за животот на синот кого не го роди, но го одгледа. Појде кај дедо ми Илија на оној свет во седумдесеттите години тврдејќи ми дека го видела цар Борис и го измолила за милост. Напољоните завршија некаде низ кулоарите на царската палата. За тој дел од казанието на баба Стеванка, која ме изгледа и мене во прилепчанец, знам дека е вистина. Дедо ми Илија Чашуле, познатиот еснаф и трговец со месо кој дури и од Чикаго и од Уругвај носеше месо за Грците, испушти душа дома од бугарски ќотек на царски полицаји кои ги раскопаа ѕидовите во нашата куќа во Прилеп барајќи го ќупот со другите златници!

Како и да е, го виде ли Стеванка Чашулеица цара Борис или не, татко ми годинава слави 85 години живот и 61 година творештво. Книгите му се паметник, ама и нејзин, но и на Бориса.

На Симеон, Перванов, Станишев и Пирински нема да им треба еден месец да дојдат до Прилеп. Не им треба ниту еден напољон. Нека речат само дека идат на поклонение пред оние што заминаа во Мит непобедени, авион ќе им пуштиме и за половина час ќе ги дочекаме со братското „нека Ви цутат нозете”.

Што се однесува тогаш до Илинденското и Преображенско востание лесно ќе го прославиме заедно како македонско, за да не заборавиме дека во него и низ пораз се кодифицираше македонска држава, а не бугарска.

Треба европски да славиме, ама пред тоа треба да бидеме Европејци. Ние сме тоа, останува идногодишните членови на Европската Унија да ни се придружат годинава на 11 Октомври во Прилеп!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
nikos напиша:
Мисирков : можеш ли да напишеш вкратце - за б'лгарските форумджии, што се е случило на 11 октомври 1941 година в Прилеп. При нас се знае малко или почти ништо за времето 1941 - 1944 г. когато Македонските земи са част от Царство Б'лгарија. В Б'лгарија тогава на власт са монархофашистите и избиват хилјади антифашисти и партизани и в Б'лгарија, вклјучително жени и деца.

Аз см татар глуп
Татароглу, не се прави наудрен.
На ден 11 октомври во Прилеп беа пресечени телефонските линии, беше нападнат затворот и участокот од страна на 13-мина храбри и горди македонци кои се кренаа на бунт против "слободата" која ни ја нудеше гфашистичка Бугарија нарекувајќи не бугари. се кренаа на бунт против клетијата и црнилата во кои не фрливте вие побратими ослободители на нас од нас самите, со што започна крвавата одисеја на македонскиот народ до конечно ослободување од туѓата власт и хегемонија која не прекрстуваше, колеше, силуваше и се обидуваше да не прероди во друго со ќотек и немилие, со стрелања и бесења и со кражби на историјата, традицијата, но и на малкуте имотни добра кои ги имавме.
На ден 11 октомври 1941 година се крена гордо воскликот слушан низ историјата: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ! Со што се круниса слободата на 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински.
На ден 11 октомври 19941 започна битката, слободата ја добивме на илинден 1944 година, а битката од перфидниот, но и плитоумен обид за кражба на нашата историја, традиција и култура сеуште ја водиме.

Доволно чувашлар или треба да нацртам???

П.С. татароглу, вашите "хиљади партизани" беа и сеуште се бројат на една рака, како шака беда, а тие "ваши" всушност беа Пиринците кои му се придружија на вардарскио дел од Македонија, исто како во егејскиот.
Затоа, не јај лања дека не знаеш, ами послушај го Чашуле и дојдете со вашите големци на поклонение. Потоа ќе говориме пак.
 
Член од
13 мај 2006
Мислења
78
Поени од реакции
1
Garfield напиша:
Татароглу, не се прави наудрен.
Доволно чувашлар или треба да нацртам???
П.С. татароглу...Затоа, не јај лања дека не знаеш, ами послушај го Чашуле и дојдете со вашите големци на поклонение. Потоа ќе говориме пак.
Попитах Мисирков, којто поне притежава култура и в'зпитание. Ако си нормален администратор, и с'блјудаваш правилата за форума, трјабва да се самобанираш, заштото с обидите които си написал, сам се излагаш пред целија форум.
Мисирков, така ли искате да ни посрештате на поклонение - со плјувни и обиди, като Гарфилд. Това ли е нормалното, европејско мислене, за което ни призоваваш ?
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Мисирков, а како би било ти да ги покамиш србите, еве, да речеме, српскиот претендент на престолот, па во отсуство на Шешељ, некој од српска радикална странка, па Вук Драшковиќ, па Тадиќ, па Геран, Пахомие, и уште десетина-дваесет такви како нив...да речеме, на прослава на годишнината на херојскиот потег на македонката Мара Бунева, над еден припадник на крвавиот и великоспрскиот окупаторски апаратус.
Ајде викни ги нив па потоа ке расправаме понатаму, ДРУЖЕ Чашуле!
Нели едно време беше Чашулев? Или ми се причинува поради годините?
 
Член од
4 мај 2006
Мислења
34
Поени од реакции
0
0405037957 напиша:
Мисирков, а како би било ти да ги покамиш србите, еве, да речеме, српскиот претендент на престолот, па во отсуство на Шешељ, некој од српска радикална странка, па Вук Драшковиќ, па Тадиќ, па Геран, Пахомие, и уште десетина-дваесет такви како нив...да речеме, на прослава на годишнината на херојскиот потег на македонката Мара Бунева, над еден припадник на крвавиот и великоспрскиот окупаторски апаратус.
Ајде викни ги нив па потоа ке расправаме понатаму, ДРУЖЕ Чашуле!
Нели едно време беше Чашулев? Или ми се причинува поради годините?
А бе телефону, многу тешка задача му даваш на нашиот Чашуле!
Стариот, Коле си живее кај скопскиот парк, Слободанчо се мота некаде низ Скопје,и не разговара со Колета поради становите кои чесно си ги заработи за време на СФРЈ, и ги препишал на најновата му жена, а Илија си седи во Сиднеј, Австралија во некаква си депресија од која никој не може да му помогне...
Кој знае кој од тројцата нив е овој што пишува на форумов?
Сега овака, Коле веке е стар и нема ментална сила за да го разбере твојот предлог, Илија не може доволно да се концентрира, а Слободан, оној сто ги изгуби становите, и зафатен со тоа како да си ги поврати, а не да се дружи со некакви си српски престолонаследници, патријарси и националистички лидери.
А ти телефонски броју, што сакаш да кажеш со тоа? Дали го ставаш под знак прашање нивниот докажан патриотизам?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom