Така? Тоа го иам заклучено на поради пр манипулациите на владата со инвестиции и проекти кои се first phase и се градат веќе 4/5 години и никако да се пуштат во употреба или да се дозавршат.
Ако твојот пропаганден материјал овдека е вистинит, како веќе западниот зликавец дозволил да се отпочне? Тие како ултрамоќни сатани на светот секако не би го дозволиле тоа да се отпочне.
И тргни си го мини армагедонот кој ти е у глава при евентуална смена на власт, од кај знаеш дека со смена ќе се прекине изградбата? Или мора тоа да го мислиш за да се поклапа сценариото(?), оти реално нема логика.
Значи јас тебе ти покажав факти, а ти мене ми нудиш ветар и магла во исто време додека фактите ги нарекуваш пропаганда.
Факт: Гасоводот се гради! Реалност е. Потпишани се договорите, решено е финансирањето, и отпочната е изградбата.
Факт: Постоењето на тој гасовод не им одоговара на САД, ако успеат да го направат невозможен македонскиот дел - успеале и да го направат невозможен самиот гасовод (на кој целта не се само Турција/Грција, туку цел Балкан и Централна Европа).
Факт: Претходната варијанта на гасоводот требаше да поминува низ Бугарија. Откако таму ги посетуваа неколку американски сенатори, и се десија „спонтани“ демонстрации - владата во Софија падна.
Новата влада прва работа што направи - го прекина проектот за гасоводот. Заради тоа и Македонија влезе во игра, преку новата траса - Турскиот Тек.
Факт: Стањата во Македонија почнаа откако стана јасно откажувањето на Јужен Тек низ Бугарија, и реалноста за Турскиот Тек низ Македонија.
Ете ти факти. Ти имаш да кажеш нешто... со факти?