Нов манифест

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
ВИРТУЕЛЕН МЕЃУПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДИЈАЛОГ
Напиши нов манифест, момче


Претседателот Бранко Црвенковски забрзано се подготвуваше за обраќањето пред нацијата на Мечкин Камен по повод 103-годишнината од Илинден. Пред огледалото испробуваше соодветна вратоврска за веќе избраниот костум и загрижено размислуваше:

- Туф, туф, кај ме најдоа мене да зборам у Крушево... Па, ова е, бре, активност со висок ризик, а претседателот, по закон, Устав и рамковен договор, треба да е максимално заштитен од ризици.

Ја вади портокаловата вратоврска од орманот и ја фрла на подот.

- Треба некој да ми ги селектира ова машниве. Тамам работа сега да ставам портокалова машна. Тоа би било исто ко Груевски на сина кошула да стави жолта машна. И црвена ружа во реверот. Бре, перверзија.

Загриженоста му остануваше во мислите.

- А бе тоа Крушево е ко Далас за Кенеди. Една година Киро го исплукаа, друга година Љубчо го извикаа, секоја година свиркаат по СДСМ. Знам ја зашо не одам на Гумење. Ама, годинава, нема бегање. Ако не одам ја, нема кој. Среќа што го избраа режисерон у Собрание, инаку оттука ќе мораше да трчам на Пелинце. Ќути, не попушти ни СПЦ за „Прохор Пчињски”, зашо во спротивно ќе требаше да ме клонираат. Шо ксмет ќе имав, бе, ја да го вадам цел државен протокол. Јес да сум добар, ама не сум Супермен. И, шо да им кажам на луѓено у Крушево, а? - поставува реторичко прашање и конечно избира сива вратоврска во крајно неутрална нијанса.

Нема ни кого да прашаш? Е, Бане, Бане, све мораш сам. Да имаше салам лидер у партија, барем со него ќе се советуваше. Али, како пројде Бучко на избори, боље ич да не го прашам. И ја ко Киро - не ме оставајте сам.

Претседателот си ја местеше вратоврската и си мислеше:

- Шо знам, стварно чоек да нема со кого да се советува. Да беше сеа тука колегата Карев, ќе знаеше што да му кажам на народот. Ехехеееј, колку пати Карев има зборено у Крушево.

Во огледалото зад него, преку мистериозните енергетски патеки што ги премостуваат просторот и времето, насмеано се појави Никола Карев, претседателот на Крушевската Република.

- О, колега! - изненадено извика Црвенковски. - Драго ми е што Ве гледам во овој деликатен миг.

Ех, цел век помина, а миговите за Македонија уште се деликатни, резигнирано помисли во себе Карев и го поздрави претседателот со традиционалниот поздрав „Дал Бог добро, јунаку!“.

- Како ли ја врзува врската вака!? - си помислува Црвенковски и го загледува елегантниот Карев.

Си мисли, баш фино што се појави, тој ќе ми каже што проаѓа у Крушево. Самоооо, како да му се обратам? Учителе и војводо баш не одговара, многу ми е некако десничарски. Можеби претседателе на привремената влада у Крушево? Така му давам можност тој да ми одговори со претседателе на бившата југословенска република... Изгледа, најдобро е да му речам - колега!

- Кооолегаааа, добредојдовте у 21 век! - се снајде Црвенковски.

-Благодарам, благодарам - рече Карев и го загледа љубопитно. - Еве, наминав спроти Илинден да видам каков е годинава планот за напад и заземање на Крушево.

- А, колега, јас со години имам план за избегнување, а не за заземање на Крушево, ама годинава немаше каде... Ќе мора да напаѓам - го информира Црвенковски.

- Богати? А, како?

- Ма, со цела артилерија. Ама вербална. Зашто оружје имаме премногу у Македонија, а и ова коалициониве партнери штом им снема места у владата, вадат калашникови...

- А, што сте се вооружиле толку, бре? Против кого се боревте?

- Е, на тоа прашање, колега Карев, никој во државава не знае да одговори ни пет години по војната.

- Хм, а, барем, победивте ли?

- Потпишавме договор - достоинствено одговара Црвенковски.

- Колега, не сте ми баш јасен. Каков договор? Во наше време ние си ја клававме глаата у торба, за да заживееме чоечки или да умреме јуначки.

- Знам, колега, тоа и денес го прават терористите, ама се смета за екстремизам. Ова е време на компромиси и политички договори.

- Хм, има ли Македонија, по толку компромиси, барем автономија?

- А, не, колега, Косово има автономија. Ние сме, како да речам, протекторат.

- Како тоа протекторат? Ние, во времето на Илинден, да имавме толку оружје, одамна ќе бевте автономни.

- Не се разбираме. Ние и не сакаме да бидеме автономни во ова време на глобализација!

- Што ви е, пак, сега тоа?

- Тоа ви е, колега, нов процес на поврзување на сите држави во една.

- Значи, пак нова империја? Добро, до кога Македонија ќе храни туѓи империи? Малку ли ви беше пет века под пусто турско?

- Ама, ова е друго, колега, ние сами бараме да сме у таа новата империја.

- Хм, ништо не ми е јасно! Значи, џабе сме се бореле против мешањето на империјалистичките сили во македонското движење. И, каде ви е сега султанот?

- А, султанатот сега не е у Стамбол, туку у Брисел. И нешто малку у Стразбур. А, Стамбол е надвор од империјата. Исто ко нас - чека да влезе.

- Сe сте закашкале. Човек не може ни еден век да ве остави сами без да предизвикате последици за поколенијата. Добро, јас како социјалист, да те прашам уште за судбината на социјалистичката идеја во Македонија?

- Па, незгодно ми е да кажам, колега, ама социјализмот кај нас дојде и помина. Дури и јас како социјалдемократ морам јавно да признаам дека сеа сме у неокапитализам!

- Капитализам?! - поразен е Карев. - Ти, момче, изгледа, не знаеш што е тоа сурова капиталистичка експлоатација на евтината работна сила штом си дозволил Македонија да е во капитализам.

- Како не знам, колега, само капитализмот сеа е похуман. Ќе ти ја купат фабриката и те ставаат во стечај, па одвреме-навреме ти плаќаат по нешто. Тоа ли е експлоатација - ем не работиш, ем те плаќаат!

- Ако е така, што прават, тогаш, социјалистите? Имате ли, воопшто, социјалисти? - избезумен прашува Карев.

- Имаме еден, колега, ама тој е феудалец!

- А, тие, твоите социјалдемократи за што се борат?

- Главно, за себе. Сеа се у опозиција, па си бараат чаре.

Карев ги крева рамениците, вознемирен од добиените информации. Го загледува Црвенковски и го прашува:

- И, што ќе им кажеш сега на луѓето во Крушево?

- Врска немам? Ти што предлагаш?

- Напиши нов манифест, момче!

Време, број 800, 06.08.2006
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Добро размислување!
А на султанот кај му е харемот?
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
По глупо нешто не сум прочитал во животот :lud: , патриот еј на кило
 

OBI VAN

Kenobi
Член од
5 мај 2006
Мислења
127
Поени од реакции
0
Jimmy напиша:
ВИРТУЕЛЕН МЕЃУПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДИЈАЛОГ
Напиши нов манифест, момче
Кога бе еднаш ќе сватите дека јадењето гомна против Бранко Црвенковски како актуелен Претседател на Република Македонија, јадете гомна против сопствената држава.

Вакви патриот ги девалвираат институциите во државата
СРАМОТА
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Јас само го пренесов тоа што го прочитав, и не мислам дека правењето шега на сметка на Претседателот е девалвација на државата или нешто сл. Па прати бе Оби Ван,на Си-Ен-Ен секојдневно се мајтапат за Буш,на Про 7 за германските пратеници....а што велиш тогаш и за К-15 кога ги мајтапеа пратениците,министрите во нивните скечови?
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Еднооки,трилогијата со прстенот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom