За сите што допрва треба да полагаат само да ви кажам да не верувате во приказните од типот комисијата не паѓа намерно ако не направиш грешка, или немојте случајно да ве излажат со нивните приказни кога ќе влезат во кола дека се на твоја страна, дека и они сакаат да положиш итн... Луѓето со чест на исклучоци кои за среќа ги има, се напатени говеда, кои паѓањето на кандидати им претставува единствено задоволство во денот, а воедно и најголем дострел во нивниот мизерен живот, кој е исполнет со потење газови од кола во кола и алапачење дур кандидатите се трудат да се сконцентрираат на возењето. Ме имаа бутано поради крајно ретардирани причини, како и ситуации што воопшто не се случиле а ти ги набројуваат како да постоеле, од типот не застана на црвената кола на таа и таа раскрсница ќе се удревте ти свиреше, а никаква кола воопшто не доаѓала ниту свирела. Потоа бизарни ситуации од типот паднат си пошто коментираше други возачи, или пак паднат си бидејќи си застанал на пешачки на точак кој се симнуваше од точакот за да помине како пешак, еднаш ми закочи нагло без причина бидејќи му се сторило дека доаѓа кола, а кога другиот му кажа дека не била во мојата лента, тогаш за да ме падне искористи тоа дека не ме видел дека сум проверил. Има уште ситуации да не набројувам, среќа минато се. Само бидете упорни и не дозволувајте да влијаат на вашата среќа, се ќе си дојде на свое место
Ау да и ќе заборавев, од возењето кое трае 30 минути, третина од возењето човекот кој е напред свртен е со главата позади зборувајќи со другите, а тој е задолжен да закочи ако наиде на опасна ситуација, која секако нема да ја забележи гледајќи назад. 95% од времето барем еден од инструкторите збори на мобилен, а 100% од времето активно се зборува за кој каде бил на свадба, одмор, што правела Сузе, што правел Горан итн.