Несогласување во брак

Член од
22 декември 2018
Мислења
350
Поени од реакции
454
Има огромна, тврдиш дека жените носеле одлуки врз база на емоции и затоа биле глупи.
Веројатно овие моиве врз база на емоции стигнаа до холандски универзитети, до работа во Брисел. Врз база на емоции во индекс имаа само 10ки, од што беа глупи.

Ти живееш во некој Цапари свет во кој на жената уште главен фокус и е да бара маж, и дека при таа очајничка потрага, таа е емоционална и глупава. Ти во Цапари веројатно и само такви имаш околу себе, од мали нозе индоктринирани дека поинаку не смее ни да биде. Јас живеам во средина во која жената турка кариера исто колку и мене самиот. Мене ме интересираат успешни и детерминирани жени полни со самодоверба, пошто не сум садист кој бара нусето да му се потчини до под колена и да оди да му смеси еден леб со вода и брашно. Таква жена не ми треба.
Девојка која беше првенец на нашата уни генерација сега разботи за Sales Force во Сан Франциско.
Ако не знаеш кој им се headquarters ќе ти помогнам - барај ја највисоката кула на сликата.

Не му ја мисли многу за неа, фати и она дечко, ама гледаме што и беше приоритет. Без маж ретко која останала, ама маж без жена од друга страна...

За таквите ко вас имаме само шеги и смеа меѓу нас. Некогаш и горчина, пошто ефективно го истеравте убавиот народ надвор од Македонија, сега уживајте и гледајте Турски серии. Ама се додека сте во свој круг настрана од нас, кој ве еби.
Ние сме луѓе со фамилијарни вредности, бракот е институција во која мажот и жената треба да се почитуваат и знаат дека никако поинаку тоа не би функционирало. Сум бил на свадба во Бигорски и на церемонија истото го кажуваат и свештени лица, нема простор за надменост. Ама ти како амеба која доправа треба да развие флагели и камшичина за движење тоа не би го разбрал. Непријатно би ти било меѓу нас. :toe:
Се сложувам со дел од твојот текст, во делот за тоа со кариера кажуваш дека бараш жена со кариера и тоа е супер. Но сепак си се прецен/ил/ла, затоа што исклучиво бараш некој да одговара на тебе и твоите намери, фактички да ти парира, но не секогаш е така сјајно. Карактерот е битна работа во животот. Тоа е тешко да го најдеш според твоите принципи затоа што имаш одредени подточки кои треба да ги исполни. Да има 10ки на факултет, да има завршено факултет, да биде од ситуирана фамилија, да ти парира со финансии и што уште не. Луѓето што се образовани и што имаат финансии се подложни на психички проблеми. Знам доста случаеви на луѓе што се доста учени и моќни и имаат проблем со главата. Најбитната работа во животот е добрината на човекот. Човек што има карактер и секогаш ќе биде тука до тебе и ти до него и во добро и во лошо, затоа што во животот некогаш ќе имаш многу но некогаш и нема да имаш. Затоа заедно со партнерот доколку се подржувате ќе го пребродите и тоа.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Најбитната работа во животот е добрината на човекот. Човек што има карактер и секогаш ќе биде тука до тебе и ти до него и во добро и во лошо, затоа што во животот некогаш ќе имаш многу но некогаш и нема да имаш. Затоа заедно со партнерот доколку се подржувате ќе го пребродите и тоа.
Да си ми жив и здрав. Ама тоа е малце реткост на оваа планета. Луѓето обично бараат профил на личност, не и личност. И ќе измислуваат после финти, минти како требало со жена, со маж ,
милион техники на манупулации све тоа у име "љубави".
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Најбитната работа во животот е добрината на човекот.
Alal ti vera.... dobrina, neshto pobitno od inteligencijata... i transedentira polovi razliki.... nesebicnost.

Visoko inteligenten covek koj ne e dobar e mnogu opasen covek, dodeka mojot komshija moler so sredno e eden od najdobrite lugje sho gi znam, retkost na planetava, biser vo kalta.

@Византиецот @santelli trojcata sme pocituvaci na Marina Abramovic, za nea imam neverojatno visoko mislenje, No koga Ulaj i sedna na stolceto i nejze i se nasolzija ocite... cel svet beshe vo ohhhh kolku srceparajuca ljubovna prikazna.... si podadoa raka starite ljubovi.
A imashe i nekoi ko mene i Vlade koi mu ja gledaa facata na Ulaj i vikaa.. ovde neshti ne cini.
Posle toa Ulaj ja sledeshe na eventite, na Ted Talks sedeshe vo prviot red so buket za nea.... za posle nekoja godina ja tuzi za prava od performansite.... srekja ona ima pare pa ne i e problem.

Ulaj ne e pointeligenten od Marina, ama dobro ja izvozi na emocija... on ne e dobar covek i po facata mu se poznava.

Ucete gi kjerkite da gi poznavaat po facite... a ne e losho i da znaat da tepaat.... za utre da ne se zrtvi.

Ljuboffff.
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.599
Поени од реакции
6.014
Се сложувам со дел од твојот текст, во делот за тоа со кариера кажуваш дека бараш жена со кариера и тоа е супер. Но сепак си се прецен/ил/ла, затоа што исклучиво бараш некој да одговара на тебе и твоите намери, фактички да ти парира, но не секогаш е така сјајно. Карактерот е битна работа во животот. Тоа е тешко да го најдеш според твоите принципи затоа што имаш одредени подточки кои треба да ги исполни. Да има 10ки на факултет, да има завршено факултет, да биде од ситуирана фамилија, да ти парира со финансии и што уште не. Луѓето што се образовани и што имаат финансии се подложни на психички проблеми. Знам доста случаеви на луѓе што се доста учени и моќни и имаат проблем со главата. Најбитната работа во животот е добрината на човекот. Човек што има карактер и секогаш ќе биде тука до тебе и ти до него и во добро и во лошо, затоа што во животот некогаш ќе имаш многу но некогаш и нема да имаш. Затоа заедно со партнерот доколку се подржувате ќе го пребродите и тоа.
Си ме прочитал ама не си ме разбрал. Јас само кажав дека не сакам жена која ќе ми биди потчинета. Има такви на претоп, ко за Владе, такви кои сакаат мажот да ги чапни за рака и тој да ги влечка сегде, тој да им кажува што и како, во крајна линија дри и алиштата да им ги одбира фустанчина со цветчина ко Елвис на Присила, да ја стави убаво в место. Такви како јас што барам се злато, затоа што спротивно на верувањата дека секоја жена сака да е независна, оние кои се искрено такви, се ретки. Од тоа до сега што сум имал крај мене, за жал поголемиот број сакаат да ги командаш, можеби има врска со екстремно заебаниот балкански мајндсет, од мали ги тренираме така. Или можеби едноставно сакаат мажот да се грижи за се, а она да ќути само. Мене тоа ми е turn off. Во САД имав една американка 5 месеци, и можев одма да и понудам брак, ама фер enough она (а и јас) имаше живот за живеење, тогаш и двајцата имавме само по 22.

Јас бракот не го доживувам како садо - мазо врска во која едниот наредува а другиот слуша.
Јас не сакам жена која можи само да смеси леб со вода за мене.
Јас не реков дека морам да земам некоја со 10ки, ако сакав таква ќе се впуштев одма во акција да и се пуштам на таа колешката, но јас тоа не го направив. Јас само кажав дека имам примери за колешки кои беа толку глупави и емоционални (како и сите други жени) што ставија кариера пред колбас, шокантно замисли. И голем дел сега се во стабилни врски со семејни мажи - вистински семејни мажи, морам да нагласам пошто кај нас имаш мажи кои само на збор се семејни (читај патријархални), а една да им се слечи зад аглот од нивната улица тука наместо ќе го извадат и ке почнат да се чукаат. Толку се семејни и толку почиуваат сопруга која може и деца им родила.
За колешкиве гледам дека изрази жал и грижа за нивното ментално здравје, еве немој да се грижиш за нив, немаат психички растројства. Ама некоја која сака мажот да ја влечи да ја тегни сегде и евентуално да е по малце насилен (не многу), таа и особено тој, можат да имаат по некое растројство, така што - beware.

As far as I'm concerned идната ми жена може да е и некоја која одвај истуркала средно. Ама ќе мора да има карактер и право на збор и право на глас, мене sub мазохист не ми треба. Тоа сакав да кажам. Дали ти овој пат успеа да ме разбериш што сакам да кажам или не, не знам, не можам ни да се замарам да полагам сметка. Не ме тагирајте во темава, доволно беше офтопик, ќе срипа пак Корвус за бан.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Си ме прочитал ама не си ме разбрал. Јас само кажав дека не сакам жена која ќе ми биди потчинета. Има такви на претоп, ко за Владе, такви кои сакаат мажот да ги чапни за рака и тој да ги влечка сегде, тој да им кажува што и како, во крајна линија дри и алиштата да им ги одбира фустанчина со цветчина ко Елвис и Присила, да ја стави в место. Такви како јас што барам се злато, затоа што спротивно на верувањата дека секоја жена сака да е независна, оние кои се искрено такви, се ретки. Од тоа до сега што сум имал крај мене, за жал поголемиот број сакаат да ги командаш, можеби има врска со екстремно заебаниот балкански мајндсет, од мали ги тренираме така. Или можеби едноставно сакаат мажот да се грижи за се, а она да ќути само. Мене тоа ми е turn off. Во САД имав една американка 5 месеци, и можев одма да и понудам брак, ама фер enough она (а и јас) имаше живот за живеење, тогаш и двајцата имавме само по 22.

Јас бракот не го доживувам како садо - мазо врска во која едниот наредува а другиот слуша.
Јас не сакам жена која можи само да смеси леб со вода за мене.
Јас не реков дека морам да земам некоја со 10ки, ако сакав таква ќе се впуштев одма во акција да и се пуштам на таа колешката, но јас тоа не го направив. Јас само кажав дека имам примери за колешки кои беа толку глупави и емоционални (како и сите други жени) што ставија кариера пред колбас, шокантно замисли. И голем дел сега се во стабилни врски со семејни мажи - вистински семејни мажи, морам да нагласам пошто кај нас имаш мажи кои само на збор се семејни (читај патријархални), а една да им се слечи зад аглот од нивната улица тука наместо ќе го извадат и ке почнат да се чукаат. Толку се семејни и толку почиуваат сопруга која може и деца им родила.
За колешкиве гледам дека изрази жал и грижа за нивното ментално здравје, еве немој да се грижиш за нив, немаат психички растројства. Ама некоја која сака мажот да ја влечи да ја тегни сегде и евентуално да е по малце насилен (не многу), таа и особено тој, можат да имаат по некое растројство, така што - beware.

As far as I'm concerned идната ми жена може да е и некоја која одвај истуркала средно. Ама ќе мора да има карактер и право на збор и право на глас, мене sub мазохист не ми треба. Тоа сакав да кажам. Дали ти овој пат успеа да ме разбериш што сакам да кажам или не, не знам, не можам ни да се замарам да полагам сметка. Не ме тагирајте во темава, доволно беше офтопик, ќе срипа пак Корвус за бан.
А баш се решив конечно да те испоштовам со еден цитат, ама ете ти прв ме прозва, и ете се предомислив.

Нејќам веќе.

Држи си се до тој твој феминизам кај што само образовани и тие по твои критериуми жени се вредни за почит, а другиве се ѓубре не ги бива, што и е на таа некоја што одлучила да биде домаќинка, традиционална жена да раѓа и да меси, сигурно е со некои психички проблеми и пореметувања, а овие другиве паметниве и образованиве злато.
Ах Византиец мој наивен, не постои селективен феминизам и селективна правда, ако е селективен, не е феминизам туку преференци. Џабе ги воспеваш Хипатија и Ана, едни во милион, образовани зашто имале услови да се образоваат, како што твоите колешки имале услови да се образоваат, услови какви што многу други ги немаат, и мораат да се снаоѓаат вака или онака да не завршат на улица, ама за тебе тие се безвредни, со психички пореметувања, што имаат мазохистички побуди да бидат потчинети. Ако сме феминисти, дај да ги почитуваме одлуките што ги носат сите жени за себе, а не само оние што ти ги одобруваш и тебе ти се допаѓаат. Нормално дека си сакаш некоја научена, образована што нема да ти е товар финансиски и било каков, ама прашај се па дали тие финансиски независни модерни жени ќе сакаат некој како тебе. Во твојата борба да ја одбраниш жената како интелигентна, паметна, образована, ги забораваш и изоставаш сите други жени кои не се тоа, и кои нема никогаш да бидат тоа, и кои nonetheless заслужуваат основен респект.
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.599
Поени од реакции
6.014
Имаш супер поента Корвус, ама не се разбираме јас веќе нагласив дека ако сакав таква со 10ки ќе и се пуштав неа. Ај да не се објаснувам повеќе. Моиве постови ги читате многу буквално а јас ги мислам само како споредбен пример - можеби сум кратко овде па не можам убаво да се доискажам.
Кога се читам звучи ко кој знае какви преференци и очекувања јас да имам од некоја жена, а воопшто не е така. Јас само компаративно пробувам да кажам што преферирам а што не :toe:

Право на преференца имаме сите? Со девојка која сака мажот да и наредува за се јас себе не можам да се замислам. Дали е тоа ок? Не значи дека ако ја имам (или ако веќе сум имал такви) дека јас нема да ги почитувам, напротив ќе имам уште повеќе сочуство за тоа што општеството прави од нив.

Жена која не успеала да се образова, немала услови, месела леб, воспитала деца е божество и го заслужува сиот почит на цел свет.
Мажот кој ја довел во таа состојба а тој локал ракија и одвреме навреме подвикнувал е ѓубре.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.099
Поени од реакции
10.352
А баш се решив конечно да те испоштовам со еден цитат, ама ете ти прв ме прозва, и ете се предомислив.

Нејќам веќе.

Држи си се до тој твој феминизам кај што само образовани и тие по твои критериуми жени се вредни за почит, а другиве се ѓубре не ги бива, што и е на таа некоја што одлучила да биде домаќинка, традиционална жена да раѓа и да меси, сигурно е со некои психички проблеми и пореметувања, а овие другиве паметниве и образованиве злато.
Ах Византиец мој наивен, не постои селективен феминизам и селективна правда, ако е селективен, не е феминизам туку преференци. Џабе ги воспеваш Хипатија и Ана, едни во милион, образовани зашто имале услови да се образоваат, како што твоите колешки имале услови да се образоваат, услови какви што многу други ги немаат, и мораат да се снаоѓаат вака или онака да не завршат на улица, ама за тебе тие се безвредни, со психички пореметувања, што имаат мазохистички побуди да бидат потчинети. Ако сме феминисти, дај да ги почитуваме одлуките што ги носат сите жени за себе, а не само оние што ти ги одобруваш и тебе ти се допаѓаат. Нормално дека си сакаш некоја научена, образована што нема да ти е товар финансиски и било каков, ама прашај се па дали тие финансиски независни модерни жени ќе сакаат некој како тебе. Во твојата борба да ја одбраниш жената како интелигентна, паметна, образована, ги забораваш и изоставаш сите други жени кои не се тоа, и кои нема никогаш да бидат тоа, и кои nonetheless заслужуваат основен респект.
Скроз погрешен заклучок од цело излагање на темава. Се ти е убаво напишано, ама чоеков кажа дека степенот на образование на девојката не му е пресуден за да му го привлече вниманието. Ниту пак традиционална жена или домаќинка не му е пресудна за да не му го привлече вниманието. Highlight - от му е ставен на карактерот на жената.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Скроз погрешен заклучок од цело излагање на темава. Се ти е убаво напишано, ама чоеков кажа дека степенот на образование на девојката не му е пресуден за да му го привлече вниманието. Ниту пак традиционална жена или домаќинка не му е пресудна за да не му го привлече вниманието. Highlight - от му е ставен на карактерот на жената.
Кулирис, Византиец е доволно голем да може сам да си образложува мислења и статуси, впрочем јас не дојдов тука да дискутирам со тебе, туку со него.
А по заклучоциве што ги носиш најверојатно и го немаш многу читано по форумов, јас со него се имам и на друга тема закачено и дел од мислењево мое е базирано на претходно искуство со него.

Не знам зошто и ти и тој обожавате да скокате у преписки меѓу луѓе што се надоврзуваат од минати муабети, ама ете тоа како заедничка особина може да ве спои па да имаме нов форумски пар, па ќе ве пишуваат таму у еротски колумни, и ондак то.
 
Корвус, дали некаде постои пишано правило дека кога двајца дискутираат на форумов трет чоек не смее да се уфрли во дискусијата? Не.

Нема врска дали го имам или немам читано низ темите на форумов, јас моите заклучоци на темава ги носам врз основа на тоа што го читам на темава. Друго не ме интересира.

Ти скроз погрешно му го интерпретираш тоа што го има напишано и се обидуваш да поентираш преку релативизација во дискусијата. На тоа додаваш и муабети ала владе мкд и профаундли ступид што е доста мрско и невкусно.

Go ahead, слободно дискутирајте си. Ја имам право да си правам забелешки до недоглед се додека сум онтопик нормално.
 
Па не си онтопик, и тој не е онтопик, и јас не сум онтопик.
И не знам зошто покажуваш некаква агресија, гајле ми е што ќе правиш, со оглед на тоа што 90% од времето на форум што го поминуваш е исправање криви дрини со гореспоменатите, не знам што ми хистеришеш тука ничим изазвана.
 
Па ти си таа што почна прва ничим изазвана со пасивна агресија и глупи забелешки на моја сметка. И продолжуваш. Ја само се надоврзав на вашта офтопик дискусија без да користам дрзок и арогантен начин на изразување :D .
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.599
Поени од реакции
6.014
Многу е важно да се стимулира што се една жена може да направи. Затоа го спомнав образованието. Не значи дека сите жени мораат тоа да го прават, учење под притисок fuck that shit - сите сме луѓе.

Никола Тесла имал многу убави ставови на оваа тема па можете да го читате. Тој вели дека женската супериорност ќе избие во иднина на еден комплетно бурен а спонтан начин - без плитки либерални револуции и политика.

Тој е футурологист и во една колумна која ја дал за еден весник во САД зборува за тоа дека сите тие векови патријархален притисок довеле до различно формирање на дел од мозок на жената, тој детално го истражува и објаснува ова. Овај дел според него ќе биди клучен за машинските науки и технологии во иднина - во кои жената апсолутно ќе издоминира токму поради овај капацитет за учење кој кај мажите ќе биди отсутен. Значи овај феномен на женска супериорност (а не еднаквост како што ве лажат либералите - Тесла зборува за нов матријархат, а не еднаквост на половите) е всаден многу длабоко во жената и се друго е прашање на време.

Тој оди до таму што прави прдикции дека жена ќе го измисли WfFi мрежниот нет, и речиси е creepy колку бил accurate, затоа што токму жена го прави тоа. Имал предикции и за смартфони и кога го читаш морници ти врват по рбетот со каква точност ги опишува работите.
Овај наш балканец (кој вели дека сите балкански мажи се fucked up? :) ) вели дека иднината е женска и дека штом повеќе жени ќе успеат да се истакнат на ова поле (не мора сите да учат, можат и леб да месат), но тој континген на успешни жени ќе ја подобри положбата на жената на колективно ниво. Тоа е се. Во зборовите на човекот кој измисли струја и не направи вселенска цивилизација во споредба со античкит човек јас нема да се дразнам ни да се осмелам да се сомневам. Офтопикот ќе го завршам овде. Кој ме разбра супер, кој не пак супер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom