Што направи детево? Иначе не секоја нерамнина на тестисот е рак, него да не почне човек да гугла, отиде у неповрат.
Сигурно си посетил лекар до сега се надевам дека се е како што треба. Сите ние се вадиме од памет во некој период од животот.
Иначе, има други состојби на тестисот кои се јавуваат многу почесто отколку канцерот, проширени вени, цисти, воспаление на пасеменикот, воспаление на тестисот, последниве две болат у пм. проследени се со висока температура, оток.
Некој спомна торзија на тестис, не бидете смешни да имаше торзија цревата ќе си ги истураше од болка и немаше да се опипава, немаше да може да се се допре...
Така да, од време на време прегледајте си ги тестисиве, запознајте се како изгледаат за да знаете да приметите кога ќе настане некоја промена. На горната и долната страна од тестисот ви се наоѓа епидидимусот (пасеменикот), тоа не е знак за нешто лошо, туку анатомска структура, најчесто таму се јавуваат цисти, а на левиот тестис проширени вени.
Ако нешто осетите, посетете доктор, ќе ве прегледа, ако треба ќе ве погледа на ултразвук и толку, не барајте на интернет, не мислете нема шанси тоа мене да ме фати, ова е болест на младите генерации, но фантастично реагира на терапија.