Непосредните спогодби ни изедоа 34 милиони евра

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
http://www.vreme.com.mk/vest.aspx?id=29393&vid=469

Непосредните спогодби ни изедоа 34 милиони евра

Никола Стојанов


Државата загуби 34,4 милиони евра од непосредни спогодби на Владата, која десет пати поевтино од реалната пазарна цена во последниве три години продаде 86.450 квадратни метри државно неизградено градежно земјиште. Помалку пари како кредит Владата побарува од Меѓународниот монетарен фонд во кредитниот аранжман за поддршка на реформи што сака да го склучи во септември.

За потсетување, за изградба на Дијагностички центар за болничко лекување, за чија изградба чекаме 15 години и постојано нема пари, се потребни околу 5 милиони евра. Со парите што ги загубивме заради непосредните спогодби можеа да се купат скенери за длабинско снимање и компјутерска томографија, апарати за коронарографија (за дијагноза на срцеви болести), мамогафи за откривање карцином на дојка и потрошен материјал за снимањата за пет години однапред. Сега овие апарати на Клиничкиот центар или не работат или болните чекаат на ред за снимање со месеци. Освен тоа, ќе останеа пари за доизградба на новата Гинекологија во Клиничкиот центар во Скопје и за изградба на Центар за хемодијализа за бубрежноболни, кои сега мора да патуваат на лечење дури во Струга.

Од продажбите на градежните парцели на американската амбасада на Кале, на турскиот бизнисмен Рахми Коч кај Старата железничка станица, и на падините на Водно на болницата Мала богородица, ЦДМ Комин и на кошаркарот Петар Наумоски, Владата наплатила 3.549.000 евра. За тие пари по пазарните цени не може да се купат ниту 50.000 квадратни метри ливади во градежен атар на скопското село Сопиште.

По пазарните цени по кои се продава земјиште во центарот на Скопје, на Калето и на падините на Водно државата во буџетот можела да инкасира 37.935.000 евра. Коч доби 20.000 квадратни метри во центарот на Скопје по цена од 25 евра за квадратен метар. За споредба, за таква локација наспроти НБРМ (Народната банка), грчката компанија „Веропулос“ вчера плати 510 евра за квадратен метар. Кошаркарот Пеце Наумовски, Орце Камчев, газдата на „Мала Богородица“ и непозната фирма „ЦДМ Комин“ на тројца ортаци на падините на Водно платија по 25 евра за квадратен метар. Скопските агенции за недвижнини на локации во тој реон на Водно продаваат градежни парцели по 250 евра за квадратен метар.

Американската амбасада купи 44.900 квадратни метри во реонот Градиште на скопското Кале по цена од 56,2 евра за квадратен метар. Во тој реон приватни сопственици продаваат градежно неизградено земјиште по цена од 400 до 500 евра за квадратен метар.

Продажбите Владата ги правда со уредба што ја усвоила кон крајот на 2001 година. Цената тогаш ја формирале и ја предложиле надлежните служби на јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор и на Министерството за транспорт и врски. Потоа Владата ја усвоила и ја објавила во „Службен весник“ и тоа е цената по која државата го продава своето градежно неизградено земјиште. Бучковски досега не најавил укинување на уредбата. Таа дава можност „неизграденото градежно земјиште да купи мешовита домашно-странска фирма, која има инвестициски план што е одобрен од министерот за транспорт и врски“. Неа за продажби „во четири очи“ ја користеа поранешните премиери Георгиевски, Црвенковски, Костов, а има најави дека ќе ја искористи и Бучковски, за продажба на локации на „Лукоил“ и на словенечки „Туш“.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ма инкасирала државата преку нејзиниот ДРЖАВНИК, не се секирајте.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom