Непознат(и) Бог(ови)

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Дека новозаветните текстови се подоцнежни и уфрлени компилации сведочат и многу нелогичности и погрешни толкувања, така на пример во проповедта која Павле им ја кажува на Атињаните во Делата , Павле се повикува на побожноста на Атињаните кои во своите храмови (според Делата) имале покрај жртвеници на боговите и еден жртвеник со натпис “На непознатиот Бог“, а кој Павле го поврзува со Исуса, то ест дека ете и Атињаните всушност го познавале и признавале Христа преку почитување на тој непознат бог кој всушност е Исус. Но тука се поткраднува една грешка, имено навистина Грците имале обичај да ставаат жртвеници во своите храмови но посветени на НепознатИТЕ богОВИ, какви се и пронајдени во Атина и Пергамон така да ваљда Павле не би го поврзал монотеистичкиот Исус со паганските НепознатИ БоговИ, или пак би го употребил називот Непознат Бог за жртвеник на кој пишува Непозанти Богови, нешто кое би донело веднаш потсмев кај насобраните Атињани.
22. Тогаш Павле застана среде ареопагот и рече: “Луѓе Атињани по се гледам дека сте побожни
23. Зашто кога минував и ги разгледував светилиштата ваши, најдов и жртвеник на кој беше напишано “На непознатиот Бог“. За Него, пак, Кого вие не Го знаете, а Кого Го почитувате, за Него јас ви проповедам.
Овде оној кој го пишувал ова не знаел фактичката состојба, имену навистина во грчките храмови имало жртвеници но на непознатИТЕ богОВИ значи не на Непознат Бог, така да не можел Павле да се повикува на непознтИ богОВИ и да зборува дека се тие Исус, ниту да им вели на Атињаните дека на нивните жртвеници пишува Непознат Бог кога тие самите напишале НепознатИ БогОВИ
Дури било пракса Грците да се колнат или за сведок земаат непознати богови. Јеремија (340-420) зборува за “Боговите на Азија, Африка и Европа, непознатите и страни богови “. Во античките ископини во Пергам е пронајден фрагмент од жртвеник со посвета “Непознати богови“.

 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Павле се повикува на побожноста на Атињаните кои во своите храмови (според Делата) имале покрај жртвеници на боговите и еден жртвеник со натпис “На непознатиот Бог“, а кој Павле го поврзува со Исуса, то ест дека ете и Атињаните всушност го познавале и признавале Христа преку почитување на тој непознат бог кој всушност е Исус.
Тоа што е поцртано е твоја измислица - лага! :)
Павле не го поврзува жртвеникот на непознатиот Бог со Исуса, ниту пак дава некакви индикации дека Атињаните го познавале Христа, туку само го користи тој момент, тоа нивно неопределно обожавање на "непознатиот Бог" за да им проповеда за "познатиот Бог" - Христос.
Павле бил паметен човек и си направил еден реторички мост (како вовед) за да им го привлече вниманието на Атињаните и за да им проповеда за Христос.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
23. Зашто кога минував и ги разгледував светилиштата ваши, најдов и жртвеник на кој беше напишано “На непознатиот Бог“. За Него, пак, Кого вие не Го знаете, а Кого Го почитувате, за Него јас ви проповедам.

Што не ти е јасно?
Кој дел од Павлета ти е збунувачки?
Едноставна јасна реченица ГО КОРИСТИ ЖРТВЕНИКОТ ПАГАНСКИ НА НЕПОЗНАТИ БОГОВИ И ЗА НЕГО ЗБОРУВА ВО КОНТЕКСТ НА ИСУС
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
а кој Павле го поврзува со Исуса, то ест дека ете и Атињаните всушност го познавале и признавале Христа преку почитување на тој непознат бог кој всушност е Исус.
23. Зашто кога минував и ги разгледував светилиштата ваши, најдов и жртвеник на кој беше напишано “На непознатиот Бог“. За Него, пак, Кого вие не Го знаете, а Кого Го почитувате, за Него јас ви проповедам.
Контрадикторен си Раководителе :) За ова ти зборував.

Овие атињани си почитувале и интуитивно си обожавале некој непознат Бог. Павле со други зборови им вели: Да постои Бог, создател на Небото и Земјата, сега ќе ви проповедам за Него. Читај го потоа цел контекст..има многу убава проповед на Павле ;)
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Неее туку им вели вие Исуса не го познавате (НЕПОЗНАТ ви е) но го почитувате, почитувајќи ги НЕПОЗНАТИТЕ богови, значи веќе сте со една нога во христијанството
 

Kajgana Shop

На врв Bottom