Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не го мислам тоа, јас точно знам како функционира светот и никаде не сум рекол дека нацистите се главна причина за нападот. Меѓутоа зарем светот да чека повторно нацистите да станат главната причина... Ако дојде до тоа, тогаш цивилизацијата има проблем со сопственото опстојување...Мислиш дека Русија немаше да ја нападне Украина ако ја немаше приказната за нацизмот? Ако мислиш така, тогаш со едноставно наивен.
Го префрлам тука муабетот:
Не го мислам тоа, јас точно знам како функционира светот и никаде не сум рекол дека нацистите се главна причина за нападот. Меѓутоа зарем светот да чека повторно нацистите да станат главната причина... Ако дојде до тоа, тогаш цивилизацијата има проблем со сопственото опстојување...
И на крајот, каква врска има инвазијата на Русија со релативизирањето на нацизмот. Зарем ако Русија врши инвазија ние треба да бидеме слепи врз злосторствата што ги прават нацистите во Украина, а кои BTW се како што кажав и покажав, документирани и од западни извори. Зарем злосторствата на Сталин треба да ни се причина да го опоравдаме и релативизираме Хитлер и неговата геноцидна политика ?
А како бонус, што да речеме за тоа што западната пропагандна машинерија молчи за злостроствата направени од Украинските нацисти и го прикрива и релативизира нивното постоење во мејнстрим медиумите, кое да нагласам е далеку од маргинално и како што гледаме имаат целосна контрола врз безбедносните структури на Украина...
Јас повеќе гледам наивност во твојот став, одколку во мојот.
И колку да бидеме на чисто, јас сум растел и сум живеел во Америчкиот сон (како и повеќето Македонци). Не сакам и не пропагирам да дојде тука Русија. Мојот живот, мојата финансиска сигурност и мојата иднина се врзани со САД. Пропаста на САД и на западот значи несомнено и моја пропаст. Но тоа не значи дека треба да бидам слеп на тоа што се случува. Да имало повеќе луѓе како мене во Германија во 30-тите, Хитлер нема да стигнел ни до Австрија.
Несомнено е дека насекаде има групи со неонацистичка идеологија. Но тоа се претежно маргинални групи, најчесто осудени од општеството, чии злостори се на пример рушење на Еврејски гробишта или вандализирање на некоја синагога. Во Украина збориме за масовно движење подржано од државата во најголема мерка. Тотално инфилтрирање во безбедносните структури. Системско дејствување на отворена сегрегација, омаловажување и малтретирање на Русофоните, јавни линчови, па на крај и отворена воена кампања против цивилно население во Донбас. Значи не зборам за војска-војска конфликт, туку намерно бомбардирање и тероризирање на цивилно население.Значи директна и најголема причина за инвазијата врз Украина од страна на Русија е рапидната брзина со која Украина се наоружуваше, и кокетирањето со НАТО. За Русија е стратешки невозможна идејата Украина да биде член на НАТО. Апсолутно невозможна, како што потенцираа еден куп познавачи на ситуацијата во Русија од запад. Се друго е шминка и пропаганда. Не велам дека нема групи со нацистичка идеологија во Украина, но ги има насекаде. Ги има дури и во самата Германија, каде што со закон се забранети такви групи. Нацистите во Украина се локален проблем, сигурно не мислиш дека можеа да добијат моќ каква што доби Хитлер.
Не се обидувам да ја релативизирам нивната моќ, но дали сериозно мислиш дека Украина беше на пат да стане нацистичка држава? Тоа е смешно. Украина изгуби 5 до 7 милиони во втората светска војна, најголем број од тие луѓе загинаа во борба против нацистичка Германија.
Несомнено е дека насекаде има групи со неонацистичка идеологија. Но тоа се претежно маргинални групи, најчесто осудени од општеството, чии злостори се на пример рушење на Еврејски гробишта или вандализирање на некоја синагога. Во Украина збориме за масовно движење подржано од државата во најголема мерка. Тотално инфилтрирање во безбедносните структури. Системско дејствување на отворена сегрегација, омаловажување и малтретирање на Русофоните, јавни линчови, па на крај и отворена воена кампања против цивилно население во Донбас. Значи не зборам за војска-војска конфликт, туку намерно бомбардирање и тероризирање на цивилно население.
Да, точно моќта на нацистите во Украина е локален проблем, но Украинците како што гледаме не го гледаат тоа како проблем, слично како што била ситуацијата во Германија во 30-тите. А имајќи во предвид дека Украинските безбедносни структури се во најголема мерка целосно инфицирани од нацизмот, најиндикативно е дека тие имаат сесрдна подршка од западот. Вклучително тука и инструктори, вооружување, логистичка поддршка во оваа војна и онаа најопасната, пропагадната поддршка.
И да Украина загуби 5-7 милиони во втората светска војна, Но имај во предвид дека големото мнозинствво од жртвите се дело на оние Украинци чија што идеологија сега ја следат Азов, Ајдар, Прави Сектор, С14 и останата нацистичка гамад. И не, не се најголемиот број на жртвите оние кои се бореле против Нацистите, туку најголемиот дел од жртвите во Украина во втора светска војна се невооружено население, која ја имало таа несреќа да бидат родени Русофони, Пољаци или Евреи.
Прво и основно, на структурите во САД кои ги спомнуваш и кои имаат полза од воената интервенција на Русија, не и одговара ослабена Русија... Баш напротив, нив им треба ултимејт негативец кој ќе го храни воениот буџет и ќе им ја зголеми моќта внатре во САД но ќе им даде причина повеќе на посраните импотентни Европјани да го отворат ќесето за Америчкиот рекет и Америчкото вооружување. Дури не би ме зачудило, во таа игра, а за да хистеријата биде поголема, САД да им замижи на Русите да си го присвојат нужникот на Европа, Бугарија и Романија. И така им се само трошок. Па дури и да го жртвуваат Косово.Види вака, ова е моето најдлабоко убедување за војната во Украина. Јас сметам дека оваа војна е испланирана и спроведена од страна на оние структури во САД кои ја креираат надворешната политика на државата во спрега со военоиндустрискиот комплекс. САД не ја водат аматери од типот на Бајден, Камала и Пелоси. Ја водат сериозни луѓе со длабоко познавање на геполитиката. Апсолутно е невозможно тие луѓе да ги превидоа предвидувањата на експерти од калибарот на Маершајмер или сегашниот директор на ЦИА кои беа убедени дека оваа политика на САД ќе ја донесе Русија пред свршен чин, да мора да ја нападне Украина. Не ги превидоа, туку свесно ги игнорираа, затоа што војната беше нивна цел.
Значи сметам дека оваа војна е дел од политиката стратегија на САД. Што тие добиваат од војната? Добиваат многу ослабена Русија која забрзано одеше напред и стануваше сериозна конкуренција на САД, војна на два братски словенски народи на кои ќе им треба многу време да го преболат ова, и осиромашена Европа уште позависна од САД. Добиваат џек пот.
Каде се сега нацистите во Украина во приказната? Тие се само симтом, не се никаква дијагноза. Тие се јаготка на шлагот во обидот да се испровоцира Русија и Путин да ја нападне Украина. Не дека немаше да ги нападнат и без нив, но послужија како катализатор. Затоа велам дека приказната за нацистите во Украина е сосем споредна и неважна во однос на играта која се игра моментално.
Прво и основно, на структурите во САД кои ги спомнуваш и кои имаат полза од воената интервенција на Русија, не и одговара ослабена Русија... Баш напротив, нив им треба ултимејт негативец кој ќе го храни воениот буџет и ќе им ја зголеми моќта внатре во САД но ќе им даде причина повеќе на посраните импотентни Европјани да го отворат ќесето за Америчкиот рекет и Америчкото вооружување. Дури не би ме зачудило, во таа игра, а за да хистеријата биде поголема, САД да им замижи на Русите да си го присвојат нужникот на Европа, Бугарија и Романија. И така им се само трошок. Па дури и да го жртвуваат Косово.
Украинците многу брзо ќе се свестат во каква улога ги ставиле западните „браќа“, слично како што и мнозинството Чеченци се освестија. Така да немој да те зачуди ако гледаме марширање на Украинци и Чеченци рамо до рамо, спремни да гинат за Русија во некоја си следна авантура...
Русија нема да излезе осиромашена од оваа војна, туку знатно појака и поединствена. Како што ќе растат апетитите за оружје Made in USA во западните земји, така ќе растат апетитите на остатокот на светот за воените играчки Сделано в России. Очекувај дека огромната воена индустрија што ја имаат, да доживее рестарт и вистински да процвета.
А Нацистите во Украина се нешто на што треба да се гледа сосема одвоено од цела оваа приказна. Можеби за САД нацистите во Украина биле многу добра прилика за да дојде до ова до коешто дојде. Но фактот дека тие постојат и се раширени во толкава мера во Украина, само по себе е доста загрижувачки, а уште повеќе и ја покажува контролата врз западните медиуми што ја има САД, а што е во најмала рака еднаква на Гебелсовата пропаганда.
Кина неможе сама по себе да е негативец имајќи ја предвид нивната воено-техничка инфериорност. Ниедна друга држава неможе да и парира на САД освен Русија.Ќе имаат за бргу тие структури ултимејт негативец во Кина, не им треба Русија за тоа. Како што рече Проф. Маершајмер, ако мислите дека Русите се тешки to deal with, почекајте на ред да дојдат Кинезите, тогаш ќе видите што значат проблеми.
И на цел ентузијазам, нема ТЕОРЕТСКА шанса Русија да излезе посилна економски од оваа војна. Можеби ќе излезе посилна на психолошки план, но санкциите кои и се наметнати не се играчка, и ќе нанесат сериозна штета на руската економија. Воената индустрија, исто како и енергетската, не можат да покријат се. Не сум некој експерт за економија, но здравиот разум ми вели дека Русија нема да излезе од ова неоштетена.
Кина неможе сама по себе да е негативец имајќи ја предвид нивната воено-техничка инфериорност. Ниедна друга држава неможе да и парира на САД освен Русија.
И те гледам многу пробуваш да ги гледаш работите пд западна призма. Русија нема да излезе економски појака во споредба со западот. Меѓутоа внатре, луѓето нема да осетат никаква разлика. Тоа што си отиде мекдоналдс и што ја остави цела логистика позади, не значи дека автоматски сите тие луѓе ќе останат без работа. Тоа ќе продолжи да си работи како што си работело до сега. Руските богаташи ќе си бидат еднакво богати, а Руската сиромаштија ќе си биде еднакво сиромашна. Тоа што доларот во однос на рубљата ќе расте, никого нема набргу да го засега. Животот ќе си продолжи во нормала. за разлика од Европа и САД, кајшто има тектонски промени веќе. Тоа све е веќе пресметано и испланирано. Воената индустрија ќе почне да расте.
Истиот муабет што го правиш го правеа и после Грузија 2008 и после Крим 2014... Така да ете ќе збориме следната година ова време, вака можеме да се надмудруваме бесцелно до утре сабајле.
Кина е доволно јака за да може пропагандата на запад да ја направи негативец. Не ги гледам работите низ никаква призма, се обидувам да размислувам објективно и без емоции. Санкциите после Грузија и Крим беа ништо во однос на овие санкции. Значи јас сметам дека на светот му е потребна јака Русија, но мислам дека се насанкани во оваа војна. Сега се што сакам е војната што поскоро да заврши, со што помалку жртви и уништена инфраструктура.
За тоа да се случи треба под итно да бидат завземени Киев, Харков и Мариупол. Ичигледно е дека САД ќе играат до крај на картата Зеленски за кого веќе немам ни грам сомнеж дека до крај ќе ги повикува Украинците да гинат, се со цел војната да потрае колку што може повеќе.
Штом е така веднаш пиши во Брисел(Лондон+Берлин+Париз) и Вашингтон!
Зошто мислиш дека писмо до силите кои стојат зад ова е бламажа?Зошто мора со секој пост да се избламираш со некоја глупост? Толку ли е тешко да се сконцентрираш и да напишеше реченица која има било каква смисла? Дали мислиш дека сум должен да ги читам и трпам твоите баснословни глупости?