Здраво, знам дека ова не е за на форум али ја стварно више не знам што да кажам.. имам само неколку другари (машки, ја сум женско) и они се ок фини се али не ми се доволни. Голем екстроверт сум и сакам често да искачам, да речеме секој втор ден на кафе/ресторан и секој втор викенд кафана и дискотека. Знам некој ќе рече скапо ама јас би частела верувајте само да имам више со кој.. Како да најдам уште пријатели? Иначе имам над 18 години, завршено факултет, од работа не сакам да мешам приватен и пословен живот. Се мислев на тиндер да пробам, да ставам во био дека сакам да запознаам нови пријатели ама cringy е и тиндер реално има секакви манијаци, така иам слушнато. Имате ли некој предлог?
Прво и основно, измеша неколку брзини..
А можеби и затоа ти трокира социјалниот живот!?
1.Другар(ка) си е другар(ка)!
-го имаш од основно, средно, од маало. Заедно сте пораснале буквално! 24/7 заедно како деца/тинејџери…
Е овие да си ги чуваш!
Како што другар знае да помогне и да ти се најде… никој друг!
Се сомневам дека можеш да добиеш другари после средно, а после факс па ич!
2.Пријатели.
-Ова ти се луѓето што влегле во твојот живот, или малку покасно, или случајно, или овој бил другар на другарка ми па сме заживеале, и така неш..
Може и колега од факс, од работа, од некое хоби да ти стане пријател. Ете ви оди муабетот, интересите ви се поклопуваат и сл.
Пријателите се исто злато вредни, но и покрај тоа, никогаш нема да ти бидат другари!
Ако некогаш поминиваш повеќе време, искачање и сл. со пријатели… и поради икс причини(живот), си се оддалечила од другарите… немој ни случајно да си помислила дека ова ти се новите другари!
На муке се јунаци познају! А така е и со другарите!
3.Познаници, колеги и сл.
-ова е третата група, и без многу да должам, очигледно е кои се овие луѓе!
Да можеш да пиеш иафе, да излезеш, да се зезаш, ама блискоста и искреноста никогаш нема да биде присутна!
4. Непријатели!
-ма се зезам..
Е сега, добро размисли, што имаш? Што ти фали? Какви ти се пријателите? Каква си ти спрема нив?
Ако си ги изгубила..? Зошто?! (Донт ворри, може и не било твоја вина), ама прашај се и размисли..!
Кога ќе си анализираш све ова… можеби и прашањето ќе го формулираш поинаку!