Кенгурчо, одговорите лично за тебе си ги одговорил, што значи никако да престанеш да се истакнуваш како интелигентна личност, но не ми беше тоа поентата. Еве јас да ти одговорам, како што очекував и од тебе ... добро, вториот дел го погоди ...
-останува без работа
Интелигентен човек неможе да е среќен во тие моменти кога е без работа. Не дека ќе западне во депресија и нема да се насмее, но нема да е потполно задоволен и среќен. Ќе размислува што понатаму, ќе се труди да направи нешто со и од себе, ќе биде напнат ...
Другиот, како што кажа ќе си каже имам кеш за денес, а за утре ќе му ја мислам и ќе си продолжи нормално да живее.
-ја малтретира физички дечкото или сопругот(тука морав женски род да пишам, дека посекојдневно е мажот да може физички да малтретира)
Во овој случај, една интелигентна жена би била загрижена и би мислела како да ја среди ситуацијата, а таа другата би била среќна дека има некој, па макар и што ја малтретира ... башка, може и така би го сфаќала бракот или врската, дека мажот е главата и таа му служи само да му ги задоволува потребите, па ако згреши нешто, треба да биде казнета. Значи, ништо лошо, живот тече даље.
-неговиот пријател страшно го изневерил
Интелигентен човек би бил повреден, би размислувал околу се` пред и после тоа, би наоѓал кривец за ситуацијата, би се чувствувал лошо некое време и покрај другите среќни работи околу него.
Тој другиот не би ни забележал, најверојатно, а и ако забележи, логично е да си помисли како што кажа и ти ... нема да му се повтори ваљда, најдобар другар ми е бла бла бла ...
-паднал година на факултет
Интелигентен и човек со чувства не би го поднесол тоа лесно ... би се загрижил за луѓето кои најмногу би ги погодила ситуацијата (родителите), би се почувствувал лошо дека не успеал, би размислувал како да се поправи итн.
Тој другиот би си рекол дека е нормална работа и дека е тоа тоа ... ништо посебно, претпоставувам.
-некој му го убива кучето
Интелигентен и чувствителен човек би бил погоден од ситуацијава, би тагувал некое време, би бил огорчен на злобата во луѓето итн итн ...
Тој другиот може и би се насмеал и би го прифатил тоа како нормална и секојдневна работа, па пак би продолжил по старо.
Е сега, многу лош доаѓа постов, но тоа е така. Некои од примериве ми се цврсто докажани од луѓето околу мене, некои ги претпоставив, но иако не сакам да генерализирам, тврдам дека во повеќето случаеви тоа така функционира.
И да, да не ве цитирам сите кои сте со спротивни мислења од мене, иако се обраќав на Кенгур, постов ми е општ.:smir: