Прав крстоносец, туѓ срам да те фаќа.
Интересно, започнав со една глупава теза да видиме до кај ќе стасам, и не само што не ми дадоа сериозен одговор, туку го покажаа своето право лице
Што е по интересно баткава е правник, а во турско време селаните имале можност да се жалат кај кадијата, а во некој случај и да добијат селаните
Ја најдов приказнава. Урнебесна е и има интересни историски детали.
(Од книгата „Жива историја – раскажувања за историјата на Пелагонија и Мариово (1856 – 1950) со преданија за населени места“
www.pelagon.mk
По склучувањето на мирот марулската комора се вратила во селото, повеќето учесници во неа биле разболени од настинка, а со нив во селото дошол и бончанецот Трајко Танески кој со себе понесол и шест пушки од најновиот модел на „берданка“. Пет од пушките Трајко Танески му ги подарил на Толе Паша, а една задржал за себе.
Следното лето насилниот бег од селото Бонче, по име Чачано, силум ја грабнал убавата мома, бончанката Неда Маркоска и ја однел во неговата кула за да му биде слугинка. По ова гнасно дело на бегот Чачано дошло до силна реакција, како од страна на семејството Марковци, така и од целото село Бонче. Бончани се организирале и решиле во секој случај да ја извадат младата мома Неда Маркоска од ропството кај бегот. Бончани знаеле дека Трајко Танески има прецизна пушка и е еден од најхрабрите меѓу нив и го повикале на помош. Во тоа време Трајко бил разболен од пролив (дијареа) и имал висока температура. Бончани го молеле за помош и тој, иако болен, не можејќи да го поднесе плачењето и молењето, решил да им помогне на своите соселани. Поради високата температура и проливот Трајко се соблекол гол, облекол една волнена сакма, ја зел својата пушка – берданка и отишол кај кулата на бегот Чачано. Поставиле скала на задните прозорци од Чачановата кула. присутните селани ја држеле скалата, а Трајко иако болен, храбро се качил по неа. Качувајќи се по скалата Трајко не можел да се воздржи од проливот, а тие долу, наметнати и завиткани во своите сакми, го храбреле во подвигот: „Трајко, ти само качувај се, ти што пушташ на нас ќе се испере и нее гнасно како тоа што го стори тој во кулата, тоа е гнасно и ние само да ја спасиме Неда и селото од понижување.“ Трајко се качил по скалата до прозорците и ја видел Неда кај плаче во кулата, а бегот Чачано поднапиен ѝ покажувал на Неда една низа со златници. Трајко ја зел пушката и преку прозорецот нанишанил на бегот Чачано, тргнал и го погодил право во челото. Бегот паднал мртов на самото место. Откако го слушнале истрелот од пушката стражарите во кулата се разбегале. Истото го направиле и придружниците на Трајко кои ја држеле скалата. Тие, исто така, се исплашиле и го оставиле Трајко сам. Трајко се подналутил и рекол: „Ах, и за вас требаше по едеи куршум.“