Популарното списание Hollywood News на своите страници објави десет секс фрази кои биле кажани од популарни личности. Иако ѕвездите најчесто тресат глупости, случајот со овие мисли не е таков.
1.Родни Денџарфилд
Бисексуалноста двојно ти ги зголемува шансите да имаш секс во сабота на вечер.
2.Елмо Филипс
Кога си мало дете кое оди на школо, не знаеш да ги цениш убавите нешта, се додека не остариш. Тоа се мали нешта, како шлакањето по газето од страна на некоја млада учителка. Покасно плаќаме пари за млади учителки да не шлакат по газето.
3.Роберт Де Ниро
Според новата анкета жените повеќе сакаат да прават стриптиз пред мажи, одколку пред други жени, бидејки девојките се многу критични, а мажите се многу благодарни.
4.Стив Мартин
Сексот е едно од најубавите, најдобрите и најприродните нешта , кои можат да се купат со пари.
5.Џек Николсон
Мајка ми не наоѓаше иронија во зборовите, кога ме викаше „кучкин син”.
6.Робин Вилијамс
А, да, разводот. Во превод од латински, тој збор значи да му ги извадиш гениталиите на еден маж преку неговиот паричник.
7.Били Кристал
Жените бараат причина за да имаат секс, а мажите бараат тајно место за да имаат секс.
8. Шерон Стоун
Жените можат да симулираат оргазам, а мажите да ја симулираат целата врска.
9.Вуду Ален
Да правиш секс е исто како да играш бриџ. Ако немаш добар партнер треба да се ослониш на твојата добра рака.
10.Џорџ Брнс
Не можеме да обвиниме некој дека имал секс пред брак, посебно ако тој човек немал план да влегува во брак.