Најнови македонски филмови

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
За да не отвараме посебни теми за новите македонски филмови кои се снимаат, мислам дека барем оние околу кои не се дига голема прашина треба да ги опфатиме во една тема. Ако за ништо друго да е има прегледност. Еве ќе почнам со: „Деца на сонцето“, нов филм на Митрикески

„Деца на сонцето“, нов филм на Митрикески

На 20 мај ќе почне снимањето долгометражниот македонски игран филм „Децата на сонцето" според сценарио на Гордан Михиќ и режија на Антонио Митрикески.




Ова ќе биде третиот игран филм на Митрикески, по „Преку езерото“ во 1997 година и „Како лош сон“ во 2003 година.

Продуцент на филмот е Дејан Милошевски, а директор на фотографија е Јарек Шода од Полска. Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот ќе глуми и епизодна улога. Главната машка улога му е доделена на младиот македонски актер Кире Ѓоревски, кој живее и работи како драмски актер, пантомимичар и балетан по современ танц во Бугарија. За женската главна улога, филмскиот тим е во преговори за млада актерка од Македонија или од странство.

Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Словенија и Србија. Сепак, најголемиот дел од средства се обезбедени од Филмскиот Фонд на Република Македонија, а другите држави влегуваат во овој проект како малцински. Речиси сите локации за снимање се наоѓаат покрај Преспанското Езеро, каде што ќе бидат изградени и адаптирани објекти.

Филмот „Деца на сонцето" е љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко. Дејствието се случува на периферијата на едно мало гратче крај Преспанското Езеро.

„Имам одлични соработници, кои несебично работат. Задоволство ми е да работам со млада екипа, на кои желбата и љубовта за креативна работа им е навистина силна. Случувањата во филмот се проткаени со еден лесен, не наметлив хумор. Да, навистина има доста здрав хумор, верба и надеж за опстанок на едно семејство“, вели режисерот Митрикески.


Кире Ѓоревски

http://www.skopjeinfo.mk/kultura/1001378609/zapocnuva-snimanjeto-na-noviot-makedonski-ljuboven-film-decata-na-sonceto
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
„Балканот...“ доцни поради непрофесионалниот тон

На премиерата на „Балканот не е мртов“ на фестивалот „Браќа Манаки“ публиката го гледаше филмот во работна верзија поради непрофесионално сработениот тон, па поради тоа тој сѐ уште постпродукциски се доработува во Чешка. Филмот имаше технички проблеми, кои се надминати, и во моментов се склопува завршниот формат за емитување, вели продуцентот Роберт Насков



Целиот проект помина неверојатно долг пат од 2001 година, кога се роди идејата за филмот

ФИЛМОТ НА ПОПОВСКИ ЌЕ ГО ВИДИМЕ ВО МАЈ

Непрофесионално снимениот тон е причината што долгоочекуваниот филм „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски публиката ќе може да го види во кино дури во почетокот на мај, или половина година по официјалната премиера на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

- „Балканот...“ е во завршна фаза на доработка на тонот во чешките студија „Барандов“ и треба да биде готов до крајот на месецов. Скопската премиера е закажана кон крајот на април или во почетокот на мај. Филмот имаше технички проблеми, кои се надминати, и во моментов се склопува завршниот формат за емитување - вели Роберт Насков, продуцентот на филмот.

Причина за доцнењето со македонската дистрибуција и натамошниот фестивалски живот на филмот е тоа што филмот морал тонски да се дообработува.

- Наместо на три, тонот бил снимен на еден канал, па поради тоа филмот мора целосно тонски да се доработува во студијата „Барандов“ во Чешка - вели Дарко Башески, директорот на Филмскиот фонд.
На премиерата на филмот на фестивалот „Браќа Манаки“ публиката го гледаше „Балканот..“ во работна верзија и иако најавен за кинорепертоарите за крајот на минатата година, филмот сѐ уште не е целосно завршен.


- Фондот не го следи процесот на правење на филмовите што не се финансирани директно од него. „Балканот не е мртов“ финансиски е поддржан директно од Министерството за култура уште во 2003 година од тогашниот министер Благоја Стефановски-Баге и поради тоа ние немаме комплетен увид во целиот проект - подвлекува Башевски.

Уште по премиерата на „Браќа Манаки“ режисерот Поповски за „Нова Македонија“ најави дека дистрибуцијата во Македонија ќе биде во декември, за кога беше најавена и скопската премиера. Како што рече, филмот само врз база на трејлерот добил покани за фестивалот „Санденс“, како и во Кјото, Јапонија, и на фестивалот во Карлови Вари.

Иако работната верзија на филмот беше прикажана и на маркетот на ланскиот Берлински филмски фестивал, филмот генерално го следеа лоша среќа и многу одолжувања, како во процесот на подготовка, кој траеше повеќе од една деценија, така и во процесот на снимањето и постпродукцијата.

Целиот проект помина неверојатно долг пат од 2001 година, кога се роди идејата дека драмскиот текст на Дуковски би можел да биде преточен во филм. Следуваа проблеми со затворањето на буџетот, кои траеја цели шест години, пред конечно да биде финализирана финансиската конструкција од 1.250.000 евра, од кои 775.000 евра се од Министерството за култура, а преостанатиот дел од спонзори.

Иако станува збор за мошне специфичен студиски филм во стилот на „Догвил“ од Ларс фон Трир или делата на Гринавеј, на битолската премиера филмот беше проследен со овации и со бурен аплауз и најавен како филм што публиката ќе сака да го гледа.

Главните улоги во „Балканот...“ ги толкуваат: Никола Ристановски (Осман), Драгана Костадиновска (Анѓа), Наташа Тапушковиќ-Шолак (Елени Каринте). Играат и Раде Шербеџија, Благој Веселинов, Никола Ацески, Ертан Шабан, Сузан Акбелге, Сашка Димитровска. Директор на фотографија е Дејан Димески, дизајнер на продукција Свен Јонке, композитор на музиката Кирил Џајковски.

Автор: Мимоза Петревска Георгиева

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3151392075&id=16&prilog=0&setIzdanie=22830
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Шербеџија: Ми дадовте влезница да играм Македонец

Познати актери вчера сретнавме во скопски хотел каде што деновиве престојува големиот хрватски глумец со холивудска кариера Раде Шербеџија, кој работеше на кастингот за филмот кој ќе го режира „Ослободувањето на Скопје", поддржан од Македонскиот филмски фонд со 500 илјади евра, и од Хрватскиот аудиовизуелен центар со 120 илјади евра.

Овде беше и продуцентот од Хрватска, кој ни најави засилена меѓународна работа околу затворањето на буџетот на новиот македонски филм.
Расположен и високопрофесионален, Шербеџија ни рече дека работи на првата рака на кастингот, и оти за еден месец ќе дојде повторно, да се сретне со одбраните актери и да ги стави пред камера. "Знам многу македонски глумци, некои и не знам, затоа работам прв круг, зашто филмот има богати и изискувачки улоги. Нема сомнение дека сите македонски актери се многу талентирани, но филмот бара да се погоди и поделата, да се погоди соодветниот партнер на секоја од улогите. Има околу 40 ликови, и главни ќе бидат македонски актери. Има еден Германец, кој ќе биде автентичен. Работам со Данило, син ми, филмски режисер, и со него одлучивме да се откажеме од идејата да вклучиме некои холивудски актери, зашто сфативме дека приказната е уметничка, да не речам документарна, и оти се потреби автентични ликови. Јас мислам дека по Александар што го играв во 'Пред дождот' на Манчевски, ја добив влезницата од македонските граѓани да играм Македонец, значи една улога ќе играм и јас", насмеано вели Шербеџија.
Покрај кастингот, Шербеџија со македонските и со хрватските продуценти деновиве одбира и локации. Така што, велат, архитектурата на Битола најмногу одговара, но ќе се снима и во Скопје, можно е и во Велес. Денес Шербеџија ќе се сретне со министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, за која вели дека е голем поддржувач на филмот."Таа н запозна и со премиерот Груевски. Тој го прочита сценариото, и задоволни сме од поддршката што Македонија ја дава за овој проект.
Се работи за многу важна тема од периодот на Втората светска војна, но тема која се занимава со внатрешноста, со семејството, со неговото пропаѓање. Тешка психолошка драма. Театарскиот текст на Душан Јовановиќ, кој е роден скопјанец, во '80-тите имаше чуден успех во сите свои поставки, и скопската, и белградската и нашата во Загреб, и во Љубљана, и во Сараево. Јас добивав престижни награди во Австралија, на оф Бродвеј, сфатив колку многу луѓе низ светот ги допира оваа приказна. Заљубен сум во текстот, во богатиот македонски менталитет, во вистинската македонска душа и емоција", ни рече Раде Шербеџија, кој вети нов, добар македонски филм.
Од бројните соработници, на почетокот само знае дека Влатко Стефановски ќе биде автор на музиката. (М. За.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=14E354F49C921A49964895A6A8B215A7
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Очекував барем од овој да нема пцовки, некако по насловот детски си го замислував....

 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Прилеп: Македонска премиера на филмот"Три во едно"
Вечерва од 21 часот во киното "Мис Стон",при ЦК "Марко Цепенков" во Прилеп, македонска премиера ќе има филмската комедија "Три во едно" по сценарио и во режија на мајсторот на комедиите Коле Ангеловски


Ова е прва филмска комедија снимена со актерите од прилепскиот театар, каде веќе една година се игра комедијата "Три варијации на една тема", исто во режија на Коле Ангеловски.

Продукцијата е на 3 Д, директор на фотографија е Антонио Божиноски, монтажата е на Боби Стојменоски, сцената и костимите на Илина Ангеловска, додека автор на музиката е Томче Темелкоски.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=35316
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400


Официјалниот „трејлер“ на македонскиот филм „Златна петорка“ е објавен а истиот е во режија на Горан Тренчовски кој ја раскажува приказната за петмината струмички студенти убиени во 1951 година.
Струмичката премиера е планирана за 13 август, денот на убиството на петмината студенти.

Грозоморниот настан кога се убиени петте струмички студенти се случил на 13 август 1951.

- Беа убиени со вразни раце, со по еден куршум во глава, а само Белев имаше три куршуми. Убиството било планирано, бидејќи на семејствата уште утрото им кажале да ги подготвуваат ковчезите, а тие биле застрелани попладнето, во вечерните часови, пред да бидат набрзина погребани... Ова е вистинското место на македонските дејци кои во Македонија се бореле, се борат, можебии во иднина ќе се борат... Таа вистина за петте струмички студенти подобро е да ја кажат институциите, а ние како политички следбеници на таа идеологија доволно ја познаваме имаме факти и аргументи сето тоа да го потврдиме, зборуваше во својата пригодна реч Никола Андонов, претседател на Здружението на политичките затвореници во 2011-та година по повод денот на убиството на студентите.

Младинците, чија кауза била самостојна и слободна Македонија, биле стрелани кај селото Орманли на планината Беласица, дваесетина километри од Струмица. Образложението на тогашната локална власт било дека студентите работеле против комунистичкиот режим и дека илегално се обиделе да ја преминат границата и да пребегаат во Грција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom