Каков кеј бре! фуј!!
таму се снобовите моментално, се префрлија од внатрешната страна на гтц сеа се надвор демек таму е сеа шема. Сега тетки-спонзоруши можеш да видиш во 11 сабајле станале се дотерале ко` за на бал и ајде на кафе на кеј
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
катастрофа.. го расипаа местото. Не можеш ни да поминеш да прошеташ.. знаете дека во еден од кафичите и преку ден има вратари кои не те пуштаат на кафе? смешки еј!!! смрдливо скопје тоа ти е...
Еве да ви предложам нешто, јас често на пауза од факултет одам во Еспресо. Еспресо е место нели во Буњаковец и интересно е што на ова место ќе видите секакви луѓе, ама секакви баш секакви. Од студентарија, дотерани и по трењерки и бермуди, убави девојки, лоши типки, добри дечки, лоши дечки, бизнисмени во сакоа, пензионери и баби, македонци и албанци подеднакво стари млади, ама без претерување буквално секаква раја.. максимално опуштено и со нај кул газди на светот..
Друго место.. ктк беше супер али отиде курбан.
..после ден и ноќ ама тој кафичот што е горе со поглед накај Александар Палас.. супер место одете таму додека не станало шема и тоа после губи шмек..
И најубавото место бар за мене во Волково се наоѓа коњички клуб е, Чери мислам дека се вика, чудно секој втор ден сум таму а не сум сигурен како се вика
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
кој не бил многу пропуштил.. по-опуштено место не сте виделе..
има и други места што поштуем али доста е...