Најкорумпирано првенство и клуб?

Статус
Затворена за нови мислења.

skorpija^m

seven & seven
Член од
5 мај 2006
Мислења
492
Поени од реакции
4
Баш ме интересира дали се сло[FONT=M_Times][/FONT]вате со мене (мислам оние што се разбираат и пратат фудбал) дека најкорумпирано првенство го редам во Италија Серија А, а како клуб Јувентус. И дали мислите дека следнава сезона Јувентус ке се пресели во Серија Б како казна.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
skorpija^m напиша:
Баш ме интересира дали се сло[FONT=M_Times][/FONT]вате со мене (мислам оние што се разбираат и пратат фудбал) дека најкорумпирано првенство го редам во Италија Серија А, а како клуб Јувентус. И дали мислите дека следнава сезона Јувентус ке се пресели во Серија Б како казна.
Не сум баш сугурен дека Јуве ќе иде у втора лига ама тогаш целата фама околу местењето ке падне во вода.

Ако приметувате и Светското првеснтво за разлика од Европското претежно излегуваат резлутатите, можеби се уплашени од казни а можеби е само коинциденција
 
Член од
15 јуни 2006
Мислења
433
Поени од реакции
3
inter sampioni a za juve KOZA NOSTRA ne mu e ravna definitivno najkorumpiran klub
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Сегде има местење,ама мислам дека највеќе во Италија.
А за екипа неможам да издвојам
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
најкорумпирано е нашето првенство оти од 12 те тима 10 местеа утакмици преку цела сезона а да не зборам последните 7-8 кола во кои на прсти може да се избројат натпреварите кои не беа наместени.

п.с. а одлуката дали јуве, милан, лацио и фиорентина ќе бидат казнети или не ќе ја донесат најдоцна до крајот на светското првенство за да може навреме да се пријават екипите за учество во европските купови догодина.
 

Crazy

PaRtY aNiMaL
Член од
16 февруари 2006
Мислења
684
Поени од реакции
4
Јас мислам дека Јуве треба да иде во Ц2, а не во серија Б. Ама тешко тоа да се случи. Фамилија Ањели нема да падне толку лесно.
Weak Agnelli family, weak Italian economy. Get it?
 
Член од
19 јуни 2006
Мислења
152
Поени од реакции
1
маркетар напиша:
најкорумпирано е нашето првенство оти од 12 те тима 10 местеа утакмици преку цела сезона а да не зборам последните 7-8 кола во кои на прсти може да се избројат натпреварите кои не беа наместени.

п.с. а одлуката дали јуве, милан, лацио и фиорентина ќе бидат казнети или не ќе ја донесат најдоцна до крајот на светското првенство за да може навреме да се пријават екипите за учество во европските купови догодина.
Tocno taka;) mak fudbalot e najkorumpiraniot od site vo evropa:nerv: edinstvena ekipa koja ne mesti utakmici e Rabotnici kometal bidejkji parite sto gi "frlaat" po rado im gi davaat kako premii na igracite odkolku da kupat sudija ili da podplatat protivnicka ekipa:wink: epa zatoa nema fudbal kaj nas bidejkji samo edna ekipa raboti profesionalno:icon_evil

A juventus navistina zasluzi da gi preselat rang podolu:zlo:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Македонското првенство е најкорумпирано, само што моделот не е само во парите, туку и во договарањето меѓу повеке екипи за резултати, со цел отпаѓање на трета екипа или помрсување на сметките на трета екипа. Сведоци бевме на наместено првенство, аминувано од самиот врв на ФФМ, каде пола лига беше договорена околу резултатите почнувајки уште од почетокот на првенството, а и остатокот од лигата без Работнички и отпишаната Беласица, на крајот местеа. Некаде со пари, некаде по заслуги. Вардар не беше во тие игри. Да има ред во фудбалот, не би требало да постојат Прва и Втора МФЛ.

А шо се однесува до Италија, се согласувам дека има корупција и местење, дека Јуве треба во Серија Ц да го преместат, треба, ама шо да се каже за руско, Украинско, Полско првенство....
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Струмикс напиша:
Македонското првенство е најкорумпирано, само што моделот не е само во парите, туку и во договарањето меѓу повеке екипи за резултати, со цел отпаѓање на трета екипа или помрсување на сметките на трета екипа. Сведоци бевме на наместено првенство, аминувано од самиот врв на ФФМ, каде пола лига беше договорена околу резултатите почнувајки уште од почетокот на првенството, а и остатокот од лигата без Работнички и отпишаната Беласица, на крајот местеа. Некаде со пари, некаде по заслуги. Вардар не беше во тие игри. Да има ред во фудбалот, не би требало да постојат Прва и Втора МФЛ.

А шо се однесува до Италија, се согласувам дека има корупција и местење, дека Јуве треба во Серија Ц да го преместат, треба, ама шо да се каже за руско, Украинско, Полско првенство....
А особено Македноска Трета Лига Исток, ако немаш пари на гости нема бодови, најдобар играч на првенството беше прогласен “ТАШЊАРЕВИЧ“
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Е за Третата МФЛ исток е одговорен ОФС Струмица, поточно потрчковците на ФК Турново. Нивните судии мислам дека неколку пати беа тепани, поради глупирањето наложено од оние погоренаведените.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
DZVERISTE напиша:
Juve , Milan,Fiorentina i Lazio vo B.
како прво од каде таква информација или ти само навиваш за таа опција?

иначе денес фудбалската федерацоја издаде соопштение дека овие 4 клуба се обвинети и дека ќе има судење против нив кое ќе почне наредната недела а исходот од тоа судење се ошекува во периодот од 7 до 9 јули и дури тогаш ќе се знаат казните на погоре споменатите тимови.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Објавени имињата на лицата на кои ќе им се суди

Скандалот во Серија "А" влегува во самата завршница. Јувентус, Милан, Лацио и Фиорентина се клубовите на кои ќе им се суди за местење натпревари во "калчото". Вчера беше објавен список од 26 луѓе на кои ќе им суди за спортска измама.

Од Јувентус тоа се поранешните функционери: генералнот менаџер Лучијано Моџи, претседателот Антонио Џираудо и потпретседателот Роберто Бетега кои беа дел од "црно -беите" 12 години, а минатиот месец се повлекоа од таборот на "старата дама". Откриени се разговорите на Моџи со официјалните лица на Италијанската фудбалска федерација околу рангирање на судиите во сезоната 2004/2005. Џираудо е обвинет околу трансферите на фудбалери во таборот на Јувентус.

Од Милан ќе му се суди на Адриано Галијани кој е обвинет поради конфликт на интереси. Неговиот соработник Леандро Меани бил откриен како разговара со еден од помошниците кој подоцна бил делегиран на мечот Милан - Сиена.

Во Фиорентина обвинети се сопствениците Дела Вале. Претседателот Диего Дела Вале и неговито брат Андреа кој се откриени како разговараат со неколку судии во 2004/2005 кога на Фиорентина му се закануваше испаѓање од лигата.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито бил прислушкуван како зборува со директорот на Фиорентина Диего Дела Вале за местење на меѓусебната средба во сезоната 2004/2005. Исто така Лотито е под истрага за сомнителни трансфери во римскиот гигант.

Најмногу обвинети има од италијанската федерација. Италијанскиот суд ќе покрене обвиненија за пораншениот претседател Франко Караро поради тоа што бил запознает со манипулациите околу судењето но не направил ништо да го запре случајот.

Во најголемата истрага на италијанскиот фудбал, е поднесено обвинение и за комесарот за делегирање судии во калчото Перлуици Пиарето кој беше и член на судискиот одбор во УЕФА. Тој во сезоната 2004/2005 на Моџи и му го соопштил името на судијата за мечот помеѓу Јувентус и Ајакс во ЛШ. УЕФА го објави името на делителот на правдата 48 часа по повикот на Пиарето. Поради соработка со Пиарето, обвинет е и Паоло Бергамо. Подигнато е обвинение и за Тулио Ланесе кој учевствувал во наименувањето на судии на некои средби.

Исто така на "мета" на овој скандал се и делители на правдата: Де Сантис, Бертини, Ромодонти, Месина, Папареста, Роки, Ромодонти, Тагливенто, Бабини и Пулиси.
 
N

n/a

Гостин
Pred 20-tina godini,sednicite na parlamentot vo Italija se prekinuvani koga igra Juventus.Juventus e vo posed na familijata Anieli,koja poseduva osven gamata Fiat i pogolem del od teskata industrija vo Italija.Imase eden interesen podatok deka 60% od Italijanskiot bruto dohod,e vo racete na taa familija.
Da se vratime na fudbalot...I bebinjata znaat deka unazad 15-tina godini mestat barem 3-4 klucni utakmici vo sezonata.Deka sudiite im se nakloni,sto crveni kartoni bez vrska sum se nagledal,pa i penali....
Sega,jas kako fan na Milan so srce ocekuvam ne da gi prefrlat vo serija B,no po mogucnost da gi rasformiraat i da im zabranat da imaat fudbalski tim vo nivni posed.Da ne smee da ima Juventus veke.
Ama,realnosta e bolna i za zal izgleda razlicna od moite zelbi...Moja prognoza e deka ke cekaat da zavrsi svetskoto prvenstvo,rajata da go svrti vnimanieto kon nekoja druga rabota,i ke go kaznat Modji so dozivotna zabrana da ima bilo kakva vrska so fudbalot,ke go `izedat` i nekoi pomali ribi od igracite,sigurno nekoj sudija,ali nikako Juventus nema da odi u druga liga...
Ej ke vidite,dal gospod da gresam....:tv: ,:zlo:
 
Член од
15 ноември 2005
Мислења
355
Поени од реакции
1
Митака напиша:
Сметам за едно от наjкорумпирани првенства бугарското,кадето се знаj уште в самото начало коj ке биде првенец коj ке оди у втора група.Претседателот на ЦСКА -Васил Божков(Черепа) е наjбогатиj блгарин и собственик на единствената букмеjкарска кукjа -Еврофудбал и си гледа парите.Тази година подари(продади) титлата на Левски,а за следнава сезона-според залогите:lud:
Hmmm,mai si prav,ama po taq logika i Litex trqbva da e prvenec, 6oto Gri6ata ne e po-malko bogat ot 4erepa,pone az kolkoto znaq...Az sam si za Litex taka ili ina4e ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom