Бев видел банирани членови, но не и банирана тема
Јас да го споделам моето искуство со Gree Hansol -20, што го имам веќе 20 дена. Model HANSOL -20 GWH12TB-S3DNA2D, со цена од 40к.
Еnergenie ставив на 13.11.2017.
Oд 13.11.2017 до 01.12.2017:
-потрошени се 222KWh.
-климата е работена 302h
-во просек климата трошела 735W/h.
Првата недела беше многу топло (5-15 степени), сетпоинт беше 23 степени. Просекот изнесуваше 435W/h.
Втората недела заладе, температурата падна 10тина степени, но пак имаше доста топли денови. Просекот рипна на 670W/h. Сетпоинт беше 25 степени.
Третата недела беше повеќе ладна отколку што беше топла. Просекот дојде до 735W/h. Сетпоинт беше 25 степени.
Собата е 16м2, опишана е во некоја од моите претходни постови.
Се гаси навечер, но штом ќе залади прописно ќе работи 24 часа.
Позитивно изненаден од инвертерот, може да намалува или зголемува потрошувачка за 2W, многу прецизно.
Немам видено баг досега.
Поприлично тивка надворешна и внатрешна единица.
Ме изненади негативно што минатиов понеделник и вторник (27.11.2017 и 28.11.2017) климата често одеше во дефрост. Времето беше околу 0 степени и влажно. Забележани се 6 дефроста, што значи најверојатно биле околу 8 во целиот ден. Климава треба да има 2 греачи? Зошто се уклучува дефрост толку често и на овие не толку ниски температури?
Во досегашната работа не сум видел климава на издув да дава многу жежок воздух, дури и кога на усис е 23, а сетпоинт 30. Порачав сензори за температура со жица па во иднина ќе правам и такви мерења. Мое субјективно мислење е дека на издув најмногу дaваше 45 степени при усис 23 и надворешна 0. Ова е засега шпекулација, вистинскиот резултат ќе биде документиран со инструменти.
Колку за споредба, другaта инвертер Vivax која работи само делумно по неколку часа во ладна соба (Vivax
ACP-18CH50GEI со Sanyo C-6RVN93H0V компресор.) во истите денови не влезе во дефрост( a нема ни греачи), дува потопло, побрзо загрева и повеќе троши. Оваа клима ја тера својата 10та зима и надворешната единица никогаш не е чистена.
Друг чуден момент ми е логикава на климата. Работеше на 27 степени сетпоинт, и трошеше во моментот 1800W. Ја зголемив на 30 степени сетпоинт, аутофанот ја зголеми брзината но потрошувачката падна на 1700, што значи климата не се ни потруди да повлечи повеќе енергија за да даде повеќе топлина. Лично очекував да повлечи 2400W или колку и да и е максимумот.
Според она што го разбирам за климиве во овој момент, мислам дека може сите клими да се споредат на едноставен начин и да се избегне моментот со околината (топлински загуби). Треба да се направи тест при што се запишуваат параметрите:
1. надворешна температура. (климава го има тој податок)
2. температура на усис (климава го има тој податок)
3. температура на издув. (порачан мерач за температура)
4. моментална потрошувачка. (energenie)
Значи ќе видиме колку се загрева воздухот (delta Т) и колку струја (delta W) се троши за тоа да се направи. И притоа, најважно, на која надворешна температура се прави истото.